Изложба и доделување на наградата ДЕНЕС 2026 во Сули ан - Канал 5

Изложба и доделување на наградата ДЕНЕС 2026 во Сули ан

Во рамки на фестивалот АКТО, денеска, 2 октомври, во Сули-ан (галерија Драгутин Аврамовски – Гуте на Факултетот за ликовни уметности во Скопје), се доделува XX Награда ДЕНЕС 2026.

Изложба и доделување на наградата ДЕНЕС 2026 во Сули ан

Во рамки на фестивалот АКТО, денеска, 2 октомври, во Сули-ан (галерија Драгутин Аврамовски – Гуте на Факултетот за ликовни уметности во Скопје), се доделува XX Награда ДЕНЕС 2026, најзначајната и најстара независна награда во земјава за млад/а визуелен/а уметник/чка до 35 години.

Изложбата на финалистите: Јован Јосифовски, Сергеј Каленикoв и Ана Трајковска и свеченото доделување започнуваат во 20 часот, по што следи DJ сет на Мартина Пенева.

Наградата ДЕНЕС, во нов колаборативен формат, годинава носи двомесечен престој во Residency Unlimited (Њујорк) за добитникот/чката, и по едномесечен престој во Галерија „Простор" (Хартефакт, Сплит) и самостојни изложби во Скопје и Сплит (2027) за другите двајца финалисти.

Жирито го сочинуваат Натали Онгле (Residency Unlimited, Њујорк), Јелена Мијиќ (мултимедијална уметничка, Белград, добитничка на наградата „Димитрије Башичевиќ Мангелос") и Илија Прокопиев (визуелен уметник, добитник на ДЕНЕС 2011, уметнички директор на галеријата Шкуц, Љубљана). Во првиот круг на жирирање членка беше и Хиба Абид, кураторка во Њујоршката јавна библиотека и членка на комитетот за уметност и култура на градоначалникот на Њујорк.

Наградата ДЕНЕС е основана во 2002 од Центарот за современи уметности - Скопје, а од 2015 година ја организира Фaкултет за работи што не се учат во рамки на АКТО, во соработка со мрежата YVAA, Residency Unlimited и Trust for Mutual Understanding (Њујорк).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: 24 лични асистенти во училиштата во Центар, платата покачена од 15.000 на 18.000 денари

Општина Центар ангажира 24 лични асистенти за ученици со посебни образовни потреби во рамки на проектот „Образование за сите“. Од оваа година, месечниот надоместок за нивниот ангажман  се зголемува од 15.000 на 18.000 денари.

Герасимовски: 24 лични асистенти во училиштата во Центар, платата покачена од 15.000 на 18.000 денари

Личните асистенти работат 20 часа неделно и им помагаат на учениците полесно да се приспособат на училишната средина и да учествуваат во образовниот процес.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, посочи дека инклузивното образование не смее да остане само на декларативни заложби, туку мора да се поткрепи со конкретна поддршка за децата на кои им е потребна. Тој нагласи дека, додека Министерството за образование се соочува со проблемот со недостигот од образовни асистенти, Центар продолжува самостојно, од сопствен буџет да вложува средства и обезбедува поддршка за учениците.

„Не е доволно власта да зборува за инклузивно образование ако на терен сè уште има недостиг од стручни лица во оваа област Поддршката мора да биде реална, достапна и континуирана. Ние сме единствена општина што самостојно, од сопствениот буџет, го спроведува проектот „Образование за сите“. Не чекаме проблемите да се решат сами, туку преземаме конкретни чекори за учениците да ја добијат потребната поддршка. Годинава го зголемуваме и надоместокот за личните асистенти затоа што го цениме нивниот ангажман и значењето што го имаат за децата, родителите и наставниците“, порача Герасимовски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руските бродови пристигнаа: Велика Британија во шок

Руски рибарски бродови поминале повеќе од 500 пати преку или долж трасите на подводните комуникациски кабли што ја поврзуваат Велика Британија со Европа и САД, што би можело да укажува на обиди за мапирање на нивната точна локација, пишува „Телеграф.

Руските бродови пристигнаа:  Велика Британија во шок

Британскиот весник наведе дека, врз основа на анализа на податоци собрани во текот на четири и пол години, биле идентификувани 17 бродови кои подолго време пловеле со мала брзина во близина на планираните траси за поставување кабли.

Според весникот, некои од бродовите повторувале маневри над важни телекомуникациски врски во Северниот Атлантик. Извор од НАТО за „Телеграф“ потврди дека Алијансата е свесна за движењата на руските цивилни рибарски бродови, додека поморски експерти истакнаа дека пловилата што се движат со мала брзина можат да користат сонар за мапирање на морското дно, како и подводни возила за испитување на инфраструктурата.

Британските власти предупредуваат на ризикот од напади врз подводните кабли, од кои зависат комуникациите и значителен дел од економската активност на земјата.

Командантот на Кралската морнарица, Гвин Џенкинс, предупреди дека Русија би можела да ги нападне британските подводни комуникациски кабли уште првиот ден од евентуален судир со НАТО. Британската влада најави предлози за заострување на законот што се однесува на намерно оштетување на подводната инфраструктура, вклучително и зголемување на максималната затворска казна од пет на 14 години, при што се разгледува и можноста за воведување доживотен затвор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес

Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес, посветен на европската интеграција на Западен Балкан, објави на совјот профил на фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски. 

Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес

Во фокусот се европската перспектива на регионот, реформите и заедничките предизвици на патот кон Европската Унија, со очекување за конкретни резултати и силна поддршка за европската иднина на Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер