Изложба „Циркус на соништата“ од Даниеле Катали - Канал 5

Изложба „Циркус на соништата“ од Даниеле Катали

„Циркус на соништата“ (Dream Circus Project) е насловот на патувачката изложба на авторот Даниеле Катали од Италија што денеска ќе биде отворена во Скопје во Мобилната/Монтажна галерија на Центарот за современа уметност (ЦАЦ).

Изложба „Циркус на соништата“ од Даниеле Катали
Оваа изложба, која е со гостувачки карактер, ја сочинуваат дела од релационата уметност и се стреми да ја истражи визуелната сликовност на соништата. Таа се претставува во форма на инсталација направена од стотици мали цртежи на хартија на кои се претставени соништа.

Посетителот, во рамки на овој проект, е поканет да напише/нацрта некој свој некој сон или кошмар кој оставил особен впечаток врз него/неа. За секој собран сон се продуцани еден или повеќе цртежи а во замена за секој сон, посетителите можат да изберат меѓу понудените цртежи на соништа кои се креирани за некој друг сон.

- Како што се одбираат цртежите, инсталацијата се менува овозможувајќи простор за нови слики. Оваа размена ја прави инсталацијата со менувачки и недефиниран карактер, која е секогаш во прогрес: понекогаш се прикажани стотици цртежи, понекогаш се само неколку дузини. Оваа изложба го испитува човековото несвесно и го става на површина, вадејќи ги највнатрешните чувства на посетителот и притоа предејќи невидливи нишки кои заедно поврзуваат непознати луѓе, места и градови, се вели за изложбата.

Овој проект започнал во 2010 во Торино, Италија а негов автор е Даниеле Катали, заедно со еден голем тим. Тие велат дека изложбените простори, галериите и современите уметнички центри каде гостува проектот се избрани не само на географска основа туку и заради потребата за менување на она што се смета за мејнтсрим кон попериферна реалност во современиот уметнички свет.

Целта е да се креираат и поддржат нови комуникациски мрежи, како и пресретнување на широка палета на публики, секој пат со различен пристап кон посетата.

- Учеството во овој проект овозможува продукција надвор од чиста употреба на објектот и/или на уметничкиот настан. Всушност, имплицитниот дијалог во актот на заменување соништа толку далеку, но сепак толку блиску, несомнено ги негува инхерентно релационите и партиципативни квалитети на проектот. Што е тоа што ги одвојува? Време? Место? Физички граници? Или наместо тоа, што имаат заедничко? Несвесното? Патувањето? Или непогрешивата техника на Катали?, се вели за изложбата.

Во рамките на проектот ќе се претстави и специјално создадената книга за негова промоција, наречена стриптиз книга од ремек делата „Сон на летната ноќ“ на Вилијам Шекспир.

Овој проект патувал низ целиот свет собирајќи повеќе од 600 соништа и кошмари. Гостувањето во Скопје е во рамки на неговата балканска, односно „Медитеранска турнеја“ претставувајќи се во Трст, Белград, Скопје и Истанбул. После турнејата ќе биде организирана изложба на собраниот материјал во Торино во декември, оваа година.

Следната турнеја на изложбата е во 2015 година и ќе патува од Лисабон до Шангај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Премиерот Мицкоски ќе изврши увид во градежни активности во Општина Кисела Вода

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе изврши увид во градежните активности на проектот „Подобрување на системот за водоснабдување во руралната населба Каменик, Општина Кисела Вода“.

Премиерот Мицкоски ќе изврши увид во градежни активности во Општина Кисела Вода

Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одбележан 13 Ноември – Денот на ослободување на Скопје

Град Скопје со свечена манифестација вчеравечер го одбележа „13 Ноември - Денот на ослободувањето на Скопје“.

Одбележан 13 Ноември – Денот на ослободување на Скопје

По тој повод Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски свечено им ги додели признанијата на годинешните добитници на наградата „13 Ноември“, луѓе кои со своето знаење, творештво, труд и човечност го збогатуваат Скопје и го издигнуваат неговиот углед.

- Денот што ја носи гордоста на нашиот град и споменот на хероите на кои вечно ќе им бидеме благодарни. Пред 82 години, на улиците на Скопје се решавало дали идните генерации ќе живеат со наведнати глави или ќе чекорат слободно. Нашите ослободители го дале својот одговор. Со храброст. Со непоколеблива решителност. Со сопствените животи. Затоа денес стоиме исправени. Затоа денес живееме слободни. Затоа нивното дело има вечно место во срцето на Скопје. Слободата што ја живееме била платена со најскапоценото. Со млади животи, со неостварени соништа, со празни места во домовите во кои некој никогаш не се вратил. Нашата благодарност кон нив е вечна обврска да паметиме, да ја чуваме вистината за нивната борба и да создаваме град достоен за нивната жртва. Ви благодарам што му давате толку многу на нашиот град и што со вашиот пример ги охрабрувате младите да веруваат во сопствените можности. Носете го ова признание со гордост – рече Ѓорѓиевски во своето обраќање.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека нашата борба денес е различна, но суштината е иста, да им оставиме подобра иднина на генерациите што доаѓаат, како и дека негова главна заложба како градоначалник е да изградиме уредно, зелено, безбедно и современо Скопје, град во кој децата ќе растат со можности, секое населено место ќе добива внимание, а секој човек заслужена почит.

- Секоја генерација има своја одговорност пред Скопје. Затоа ги откочивме проектите што со децении стоеја како неми сведоци на неодговорноста. Ги презедовме најтешките обврски и работиме да го завршиме она што предолго било одложувано. Денес, големите капитални проекти се во завршна фаза. Она што со години било ветување, добива облик пред очите на скопјани. Ова е одговорноста што ја презедов. Ќе ја носам со целосна посветеност, за Скопје да оди напред, а граѓаните да ја чувствуваат промената во својот живот. На овој голем ден, ја наведнуваме главата пред жртвата на ослободителите, а ја креваме со решителност пред обврските што ни ги носи иднината. Нивната храброст нека нè води. Нивната љубов кон Скопје нека нè обединува. Нашите дела нека покажат дека сме достојни за слободата што ни ја оставија. Нека е честит 13 Ноември. Вечна слава на ослободителите. Да живее слободно Скопје – рече Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес променливо облачно со повремени врнежи

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.

Денес променливо облачно со повремени врнежи

Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и услови за појава на слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Во недела во попладневните часови наместа ќе има повремени врнежи од дожд. Потоа од почетокот на следната работна седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, освен во средината на седмицата кога ќе има пообилни врнежи од дожд особено во западните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер