Изложба „Безвремено“ на Ирена Паскали во „Остен“ - Канал 5

Изложба „Безвремено“ на Ирена Паскали во „Остен“

Во галеријата „Остен“ вечер ќе биде отворена изложба на Ирена Паскали, насловена „Безвремено“ - мултимедијален проект составен од три дела: цртежи, експериментални филмови и акварели.

Изложба „Безвремено“ на Ирена Паскали во „Остен“
Цртежите се изработени со средновековeн јаглен и според форматот се типични хоризонтали, нацртани на хартиени ленти. Стилски, тоа се едноставни, чисти, јасни и елегантни цртежи, каде јагленот говори сам за себе. На изложбата ќе бидат претставени и два експериментални филмови, „Врати“ и „Безвремено“ (2015/2016).
Уметницата Паскали ги има направено уметничките дела користејќи ја сопствената крв како материјал за акварел. Направени се околу 25 акварели со различна големина со теми пејзажи, портрети, мртва природа, од кои во галеријата „Остен“ ќе бидат изложени девет.

Идејата за овие дела е почната во рамки на проектот „Хибридна течност - сила на уметноста“ во музејот Казино Луксембург во 2003, а завршена со делата во рамки на изложбата во Хал Ин Тирол, Австрија во 2004. Пораката на уметницата е дека крвта е највредната течност во светот.

Ирена Паскали е современа македонска уметница. Родена е во 1969 година во Охрид, израснала во Скопје, а живее во Келн, Германија. Студирала на Фалултетот за природни науки и дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, пред да се запише на постдипломските студии на Академијата за медијални уметности во Келн, каде дипломирала во 2007 година.

Од 2001 година има учествувано на бројни изложби, фестивали и програми за престој на уметници, во Македонија и во странство, Германија, Австрија, САД, Србија, Бугарија, Англија. На почетокот на 2007 се има претставено со самостојна изложба „Урбани пејзажи“ во Cité International des Arts во Париз.

Ирена Паскали работи во повеќе медиуми: фотографија, принт, цртеж, видео и различни материјали, чии композиции водат кон инсталации. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се урна мост во Романија; Сообраќајот веднаш прекинат

Мост над реката Тротуш во романскиот округ Бакау претрпе сериозни оштетувања во средата наутро, откако преку него помина тешко возило.

Се урна мост во Романија; Сообраќајот веднаш прекинат

Сообраќајот на државниот пат што ги поврзува Бакау и Меркуреа Чук е прекинат, а возачите се пренасочуваат кон алтернативни правци.

Инцидентот се случи во селото Чобануш, во општина Асау. Според информациите од надлежните служби, мостот над реката Тротуш попуштил откако преку него поминало тешко возило кое немало дозвола за движење на таа делница, пренесува „Телеграф“. „Пожарникари од Бакау беа повикани да интервенираат во селото Чобануш, во општина Асау, по инцидент во кој беше оштетен железен мост.

Немаше повредени лица“, соопштија во средата наутро од Инспекторатот за вонредни ситуации (ISU) на округот Бакау. Сообраќајот е запрен, а возачите се пренасочуваат кон алтернативни правци.

„За справување со ситуацијата, одредена е заобиколница за возилата. Во моментов, сообраќајот во областа го регулираат полициски службеници. Тимот за техничка поддршка ќе излезе на терен за да ја процени состојбата и да ги утврди потребните мерки“, соопштија од ISU Бакау.

Како што е наведено, состојбата ќе биде разгледана од Окружниот комитет за вонредни ситуации, кој е свикан за да се утврдат мерките потребни за воспоставување на сообраќајот и нормализирање на работата. Во погодената област е упатено возило на брза помош. Надлежните органи исто така презедоа мерки за да се осигури дека нема да дојде до доцнење на медицинските интервенции во областите погодени од прекините во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Државен завод за ревизија: Недоволно пари и луѓе, како и слабата дигитализација кај Државниот пазарен инспекторат

Низа неправилности и слабости во работењето на Државниот пазарен инспекторат утврдил Државниот завод за ревизија.

Државен завод за ревизија: Недоволно пари и луѓе, како и слабата дигитализација кај Државниот пазарен инспекторат

Недоволен број инспектори, нецелосна дигитализација и неизвесност околу контролите на безбедноста на производите се дел од забелешките.државниот пазарен инспекторат во 2024 година спровел 28.263 инспекциски надзори.од нив, 21.108 биле редовни, 5.106 вонредни, а 2.049 контролни надзори.надзорите ги спроведувале 148 инспектори, од вкупно 313 систематизирани работни места..

Изразено е неповолно мислење за финансиските извештаи за 2024 година. Утврдено е дека апликацијата „е-инспектор“ не е целосно ставена во употреба.

Не е воспоставена ниту единствена електронска база со методологија за проценка на ризик. Во периодот од 2022 до 2025 година, од пазарот биле повлечени 40 производи по лабораториски испитувања.

Ревизорите предупредуваат дека неизвесно е продолжувањето на овие контроли по завршувањето на проектното финансирање. Констатирани се и недостатоци во финансиската и материјалната евиденција.Ревизијата препорачува зајакнување на човечките ресурси, дигитализација и подобрување на инспекцискиот надзор.

Се препорачува и обезбедување услови за безбедно чување на одземените предмети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нова порака до Иран од Брисел: „Престанете со нападите, отворете го Ормуз“

 Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во средата изјави дека го повикал Иран да ја обнови соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Нова порака до Иран од Брисел: „Престанете со нападите, отворете го Ормуз“

Кошта изјави дека разговарал со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан и притоа го повикал Техеран да ја обнови соработката со ИАЕА. Претседателот на Европскиот совет исто така го повика Иран да ги запре нападите врз соседните земји и целосно да ја воспостави слободата на пловидба низ Ормускиот Теснец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер