3Димитриевски од Тетово: Големите се плашат од голем ЗНАМ, затоа што политиката на нови луѓе станува реалност
Волшебен момент од Светското првенство: Англичаните ја прекинаа церемонијата на доделување медали и побараа уште еден бронзен медал
2Волшебен момент од Светското првенство: Англичаните ја прекинаа церемонијата на доделување медали и побараа уште еден бронзен медал
Пановски за Канал 5: Состојбата во Гостивар ги исполнува условите да биде прогласена епидемија на гастроентеритис
1 Пановски за Канал 5: Состојбата во Гостивар ги исполнува условите да биде прогласена епидемија на гастроентеритис
КултураИзложба „50 години традиција" на фестивалот „Илинденски денови" во БитолаРепубличкиот фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови" продолжува со изложба на фотографии со наслов „50 години традиција".Вечер во НУ Центар за култура на јавноста ќе и бидат презентирани 50 ретки фотографии кои се чуваат во документацискиот центар на таа национална установа и ги илустрираат почетоците на фестивалот, развојот и сегашноста, најавуваат организаторите на Републичкиот фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови". – Се е во знакот на бројот 50. Вчера заврши детската онлајн работилница на тема „Народната култура, трајна инспирација во моето творештво" во која се вклучија 50 талентирани ученици и нивните ментори од повеќе македонски градови, а вечер отвораме изложба на фотографии „50 години традиција" на која ќе бидат промовирани 50 ретки и досега необјавени фотографии поврзани со фестивалот, најави м-р Валентин Соклевски, етнолог и координатор на јубилејното фестивалско издание. Во рамки на фестивалот викендов во Битола ќе се одржат саем на книги од областа на народната култура и традиција во организација на издавачката куќа „Матица" од Скопје, а утревечер во културниот центар „Магаза" ќе биде отворена изложба со наслов „1000 години Бигорски манастир"./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалШпанија и Аргентина во големото финале - светот денеска добива нов фудбалски владетел Повеќе од еден месец светот пулсира во ритамот на буба марата. По 103 одиграни средби вечерва планетата ќе го добие освојувачот на 23 мундијалска фудбалска круна и владетелот во светскиот фудбал во следните 4 години. За највредната круна во фудбалот по прв пат во историјата ќе играат актулните континентални шампиони на Јужна Америка и Европа, бранителот на светскиот трон Аргентина и најдобриот тим од Стариот континет Шпанија. Домаќин на првиот судир на двете најдбри екипи на планетата во последните неколлку години е стадионот Метлајф во Њу Џерси. Големото финале е закажано за 15 часот по локално време или 21 часот по македонско. Пресметката во Њу Џерси се најавува и како судир меѓу најдобриот светски фудбалер волшебникот од Аргентина Лео Меси и неговиот легитимен наследник тинејџерската сензација од црвената фурија Ламин Јамал. Кој ќе биде освојувачот на титулата на рекордниот мундијал по многу категории како, најмногу учесници, 48, најголем број на одиграни средби 104 но и најголема добивка шампионот добива 50 милиони долари, ќе дознаеме вечерва околу полноќ по крајот на големата пресметка Шпанија- Аргентина по која ќе биде спуштена завесата на 23 светски фудбалски шампионат чии одлични домачини се САД, Канада и Мексико. Големото финале само по себе е меч за историја но тоа е интересно и поради фактот што ова ќе биде првата пресметка на светски првенства меѓу Шпанија и Аргентина по пауза од 60 години. Лутите ривали имаат одиграни 13 пријателски средби со максимално изедначен биланс по 6 победи и едно реми. Последен и досега единствен пат на Шампионатите „црвената фурија“ и „гаучосите“ играле на Светското првенство во Англија во 1966 година. Тогаш, Аргентина победи со 2:1 сега избраниците на Де Ла Фуенти сигурно посакуваат реваш вреден втора титула за Шпанија во историјата. Аргентина пак атакува на 4 фудбалска круна, меси и другарите се учесници на три финалиња на последните 4 Мундијали. Инаку големото финале кое ќе биде според сите американски стандарди, како Супер болот со настап на светски музички ѕвезди на полувремето поставува нови стандарди во „нефудбалска“ Америка. Madonna. Shakira. BTS. Justin Bieber. And so much more. On July 19, the first-ever FIFA World Cup Final Halftime Show takes the stage in support of the FIFA Global Citizen Education Fund, helping expand access to education for kids around the world.. France, Germany, and Spain:… pic.twitter.com/1OuqZYzGrS — Global Citizen ⭕ (@GlblCtzn) July 13, 2026 На целиот континет владее вистинска треска за фудбалот се бара карта повеќе за стадионот МетЛАЈФ, на црната берза најскапите билети се продаваат за неверојатни 100 илјади долари. Инаку синоќа во мечот на т.н губиници во малото финале меѓу Франција и Англија, по спектакуларна голеада бронзениот медал заврши на градите на фудбалерите од Гордио Албион кои славеа со резулат од 6-4.Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостивар пред прогласување на епидемија – над 300 нови пациенти со стомачни тегоби за еден ден15:00МЗ: За епидемиолошката состојба на подрачјето на Гостивар13:39Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09
Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05
Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18
Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09
Здравје Пановски за Канал 5: Состојбата во Гостивар ги исполнува условите да биде прогласена епидемија на гастроентеритисСостојбата во Гостивар одамна ги исполнуваше условите да биде прогласена епидемија на гастроентеритис – вели во разговор за Канал 5 микробиологот Никола Пановски.Според него, потребна е итна реакција од епидемиолошките институции. Целиот разговор на Дејан Трајковски со микробиологот Никола Пановски погледнете го во видеото. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостивар пред прогласување на епидемија – над 300 нови пациенти со стомачни тегоби за еден ден15:00МЗ: За епидемиолошката состојба на подрачјето на Гостивар13:39Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09
Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05
Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18
Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09
МакедонијаГостивар пред прогласување на епидемија – над 300 нови пациенти со стомачни тегоби за еден денГостивар е пред прогласување на епидемија од гастроентеритис – бранот на заразата и натаму не стивнува, приемните одделенија на инфективна и педијатрија и натаму се полнат. Во изминатово деноноќие со препознатливите симптоми, повраќање и дијареа, помош побарале над 300 пациенти, повеќе од 100 се деца. Хоспитализирани се тројца возрасни, останатите се со полесна клиничка слика. Во меѓувреме во тек е епидемиолошкото анкетирање, но прагот, од Институтот за јавно здравје за прогласување епидемија е надминат, па се очекува во текот на денот да биде прогласена, што за Канал 5 потврди и Центарот за јавно здравје од Тетово, од каде ќе дојде прогласувањето. Таквата состојба треба да донесе до подобра координација на терен, а што се однесува до мерките, уверуваат дека истите се спроведуваат. -Се надевам дека колегите од Центарот за јавно здравје кои согласно закон се надлежни да ја пријават епидемијата, дека во текот на денот ќе го сторат истото. Надминат е прагот на неделно ниво, тоа мора да се потенцира, дека проблемот со бројот на заразени е во текот на оваа недела. Она што е битно кога зборуваме за пријавување за епидемија, согласно законот, е дека тоа е едно невообичаено зголемување и во споредба со истиот период од претходните години. Она што морам да кажам дека треба да се земе предвид, за да се пријави епидемија треба да има и официјални пријави за заразна болест, до овој период се 140,- - Д-р Драган Кочински – Раководител на одделот „Епидемиологија на заразни заболувања. Кочински вели дека засега нема индиција дека гостиварци се заразиле од нешто друго, односно причината е водата, но вели резултатите од мострите од водата и микробиолошките мостри од пациентите ќе бидат готови во текот на утрешниот ден, кога точно ќе бидат соопштени резултатите, но и предадени во обвинителството. Што се однесува до проблемот со земањето на примероци од водата, за кои според надлежните на терен имало проблем да се подигнат оти физички им оневозможиле група на граѓани, од СВР Тетово уверуваат дека такво нешто воопшто не се случило. -Според официјалните евиденции и проверки на ОВР Гостивар, не се регистрирани лица кои ги спречувале или оневозможувале надлежните да земаат мостри од водата за испитување. Во текот на постапката, во просториите на ОВР Гостивар на службен разговор се повикани три лица одговорни во ЈП Водовод и канализација „Комуналец“ Гостивар со цел расчистување на сите околности поврзани со овој случај,- СВР Тетово. Во меѓувреме на сила останува забраната за користење на водата за било каква цел која ја издаде АХВ, а епидемиолозите препорачуваат истата да не се користи ниту по превривање. Тагови: Гостивар труење Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостивар пред прогласување на епидемија – над 300 нови пациенти со стомачни тегоби за еден ден15:00МЗ: За епидемиолошката состојба на подрачјето на Гостивар13:39Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09
Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05
Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18
Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09