Панова: Во Предлог буџетот за 2027 за судската власт средствата се зголемуваат за 15,3 проценти за разлика од годинава
2Панова: Во Предлог буџетот за 2027 за судската власт средствата се зголемуваат за 15,3 проценти за разлика од годинава
3Историски момент за „Војаџер 1“. Сонда е оддалечена еден светлосен ден од Земјата или 25,9 милијарди километри
КултураИзложба 100 години творештво на Трајко Муфтински во Куманово Изложбата „100 години од творештвото на Трајко Муфтински (1919 -2019)" која се одржува по повод 500-тини години Куманово ќе биде отворена вечерва во Уметничката Галерија.На изложбата ќе бидат претставени 70 –тина дела со профана и световна содржина, како и десет колор фото –постери со иконографското творештво на Муфтински, главно од кумановските цркви. Муфтински заедно со Кирил Караџа е еден од основополжнниците на македонската современа уметност и иницијатор за формирање на официјалната група на уметници „Кумановци" во 1956 година. Од 26 јули 1950 година бил член на друштвото за применета уметност на Македонија. Создал над 200 ликовни дела, од кои 100 –тина дела по пат на завештение, во 1967 година, се подарени на НУ Музеј – Куманово во Уметничката галерија – Куманово. Првата меморијална изложба на Муфтински била во Уметничката галерија во Куманово, на 28 март 1968 година, а втората ќе се одржи вечерва -изјави авторката на изложбата, историчар на уметност од кумановскиот музеј, Славица Крстиќ. Трајко Муфтински (1895 – 1963) е првиот академски сликар и зограф од Куманово. Основно и средно образование завршил во родниот град, а се образивал во Белград, Прага и Загреб. Во 1927 година завршил Виша школа за уметност и уметнички занаети на Ликовната академија во Загреб, имал стуиски престои во Прага и Париз. Од својата 23 –годишна возраст професионално се занимавал со иконопис и фреско – сликарство, главно во црквите од кумановската и врањската околина. Првите почетоци се регистрирани во 1919 година во црквата Успение на Света Богородица во село. Секирије, Врањско. Во недостаток на година на изработка, се смета дека кај нас најпрвин ги изработил фреските во Студена Бара (1918/19), кои денес се покриени со нови. Првите регистрирани икони потекнуваат од манастирот Карпино (1920) и иконостасот на Света Петка во Руѓинце (1921). Цели иконостаси во период помеѓу двете светски војни (1934 – 1939), ги изработил за црквите во Табановце, Пелинце, Рамно, Облавце, манастир Орашац, Свети Ѓорѓи во Куманово и во Романовце. Поголеми сликарски зафати со фреско-сликарство имал во манастирот Прохор Пчињски, (1934/35) и во Бељаковскиот манастир Свети Ѓорѓи (1937). За време на неговиот живот, имал една самостојна изложба во Куманово, на 11 октомври 1960 година во салата на КУД Панче Пешев во Куманово. Се инспирирал од класицизмот и средновековната уметност, создавајќи прекрасни дела, пејзажи во импресионистички стил, реалистични ентериери, мртва природа, портрети, автопортрети, актови, цртежи, акварели. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
СветЗеленски бара евакуација на повеќе цивили, предлага десет локации под окупацијаУкраинскиот претседател Володимир Зеленски предложи десет нови операции за хуманитарна евакуација во регионите Херсон и Запорожје.Неодамнешното примирје, кое им овозможи на стотици цивили да го напуштат Олешки – украински град под руска окупација – ќе послужи како модел за овие операции, пренесува „Еуроњуз“. Во вторникот, Зеленски објави дека за предлогот се разговарало на состанок посветен на исходите од неодамнешните трилатерални преговори во Абу Даби. „Украина предложи 10 дополнителни локации на привремено окупираните територии во регионите Херсон и Запорожје, каде што е потребна слична хуманитарна операција“, напиша тој на социјалните мрежи. Тој не прецизираше за кои населени места точно станува збор. Украинската дипломатска делегација ќе разговара за овој предлог со американските посредници. Моделот за евакуација од Олешки Примирјето во Олешки, кое траеше од 27 октомври до 1 ноември, беше воспоставено на иницијатива на првата дама на САД, Меланија Трамп, и им овозможи на жителите да заминат преку безбеден коридор. Меланија Трамп изјави дека вкупно биле евакуирани речиси 800 луѓе. Оние што одбрале да преминат на територијата под украинска контрола биле превезени преку Гомел, Белорусија, до регионот Чернигов. Други, наводно, избрале да бидат евакуирани во Русија. Ниту Украина, ниту Русија не објавија точни бројки за ниту една од групите. Киев подоцна тврдеше дека Русија го искористила примирјето за ротација на своите трупи на левиот брег на Днепар, во регионот Херсон. Паралелни предлози Комесарот за човекови права при Врховната рада, Дмитро Лубинец, изјави дека се договорил со својата руска колешка Јана Лантратова да упатат апел до првата дама на САД, со цел моделот од Олешки да се примени и во други окупирани населени места. Рускиот претседател Владимир Путин изнесе паралелен предлог за време на средбата со Трамп и американскиот пратеник Стив Виткоф во Кремљ, на 12 ноември. Тој предложи слична операција во Константинивка, во регионот Доњецк, тврдејќи дека градот е под руска контрола. Советникот на украинскиот претседател, Дмитро Литвин, изјави дека Русија веројатно предлага примирје од истата причина како и во Олешки – за да изврши ротација на своите војници. Спор околу статусот на Костјантинивка Извештаи од украинската војска и анализи засновани на отворени извори укажуваат на тоа дека руските сили држат само делови од источниот и југозападниот раб на градот. Значителен дел од градот се наоѓа во зоната на конфликтот, додека остатокот е под контрола на украинските вооружени сили. Путин во повеќе наврати тврдеше дека руските сили веќе го зазеле тој град. Извор: Индекс.хрТагови: Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
ТехнологијаИталија сака да ги забрани социјалните мрежи за деца под 13 годиниЗа малолетниците на возраст од 13 до 15 години, користењето ќе биде дозволено само доколку нивните профили се поврзани со профилот на родител.Италија се приклучи на растечката листа на земји кои планираат да го ограничат пристапот на малолетниците до социјалните мрежи – следејќи го примерот на држави како Австралија, Бразил и Грција – при што се очекува парламентот до крајот на годината да одобри владина уредба за ова прашање. На децата помлади од 13 години ќе им биде забрането да имаат профили на социјалните мрежи. За малолетниците на возраст од 13 до 15 години, користењето ќе биде дозволено само доколку нивните профили се поврзани со профилот на родител. Малолетниците ќе можат да имаат самостојни профили дури откако ќе наполнат 16 години. Амандманот има поддршка од владејачката коалиција Овие мерки се дел од амандман на уредба за безбедност, која моментално е предмет на парламентарна расправа и се очекува да биде усвоена до крајот на декември. Амандманот – во кој увид имаше агенцијата „Ројтерс“ – сè уште не е официјално претставен, но ја ужива поддршката на десничарската коалиција на премиерката Џорџа Мелони. Според парламентарни извори, неговото усвојување е речиси сигурно. „Овој амандман би можел да биде пресвртна точка за сите родители кои се соочуваат со дигиталната зависност кај своите деца, како и за самите малолетници“, изјави Фабио Рампели, пратеник од партијата на премиерката Џорџа Мелони, „Браќа на Италија“ (Fratelli d'Italia). Платформите за социјални мрежи ќе мора да ја проверуваат возраста на корисниците Според актуелниот предлог – кој сè уште може да претрпи измени за време на парламентарната расправа – образовните апликации се изземени од забраната. Извори наведуваат дека од компаниите што управуваат со социјалните мрежи ќе се бара да ја проверуваат возраста на своите корисници, во согласност со насоките што ќе ги изготви италијанскиот регулатор за телекомуникации (AGCOM) во рок од девет месеци од стапувањето на прописот во сила. Од компаниите за социјални мрежи ќе се бара да ги променат своите алгоритми, со оглед на растечката глобална загриженост дека нивните платформи придонесуваат за криза во менталното здравје кај децата. Извор: Индекс.хрКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПанова: Во Предлог буџетот за 2027 за судската власт средствата се зголемуваат за 15,3 проценти за разлика од годинаваПратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет во своето излагање се осврна на делот за правосудниот систем.Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет во своето излагање се осврна на делот за правосудниот систем, при што истакна дека за судската власт во 2027 година се планирани 3,352 милијарди денари, а како што кажа тоа е зголемување од 15,3 проценти, додека пак, за јавното обинителство се предвидени 965 милиони денари, или 8,9 проценти повеќе од 2026 година. Според неа, правдата треба да се обезбеди навремено и неселективно, а во таа насока пратеничката се осврна на Академијата за судии и јавни обвинители и Управата за извршување санкции. ,,Кога правосудна институција бара дополнителни средства, да каже колку предмети очекува повеќе да заврши, кои слабости ќе ги отстрани и како јавноста ќе го види напредокот. Не ни треба натпревар кој погласно ветува правда. Ни требаат институции коишто ќе донесат правда. Токму затоа сакам да ја издвојам Академијата за судии и јавни обвинители. За 2027 година за нејзината програма се предвидени приближно 130 милиони денари. Оваа програма сега е прикажана во рамките на Министерството за правда, додека претходно била евидентирана во разделот Судска власт. Таа промена е важна за да не споредуваме несоодветни буџетски ставки и да не извлекуваме погрешни заклучоци “, рече Панова и додаде: ,,Во тие средства се предвидуваат околу 58 милиони денари за плати и надоместоци и околу 65 милиони за стоки и услуги, вклучувајќи ја обуката и договорните услуги. А зошто е ова важно? Затоа што професионален, стручен и независен судија не се создава со партиска изјава. Се создава со квалитетно образование, сериозна селекција, континуирана обука и личен интегритет. Истото важи и за обвинителите. Инвестирањето во Академијата треба да значи вложување во професионалноста, не во нови формални процедури без резултат. Затоа очекуваме резултати. Не помалку важна е Управата за извршување санкции. За неа се планирани 2,020 милијарди денари, 16,7 проценти повеќе од претходната година. Панова посочи дека капиталните расходи растат од 26,8 на 276,3 милиони денари, повеќе од десеткратно ниво, со најголем дел за градежна инфраструктура. ,,Во 2027 се предвидени активности за нови и реконструирани капацитети во КПД Идризово, вклучувајќи притворско и затворено одделение. И тука мојата порака е јасна: законитото извршување на санкциите е дел од владеењето на правото. Безбедност за персоналот, човечки услови, контрола врз установите и програми за ресоцијализација не се спротивставени цели. Тие се делови од еден ист систем. Државата мора да биде доследна во спроведувањето на правосилните одлуки, а истовремено да ги почитува законските и меѓународните стандарди“, вели таа, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook