3Бугарија на нозе: 20 дена барале маж кој киднапирал 11 годишно девојче- му се заканува најтешка казна (ВИДЕО)
Зошто некои луѓе не успеваат да заштедат: Психологија на сиромаштијата што ги држи луѓето во маѓепсан круг
1 Зошто некои луѓе не успеваат да заштедат: Психологија на сиромаштијата што ги држи луѓето во маѓепсан круг
БалканИзлезни анкети: Сигурна победа на Борисов - ГЕРБ освојува 26,4%, Продолжуваме со промените 15%Партијата на Бојко Борисов, ГЕРБ е убедлив победник на денешните избори во Бугарија, но далеку од можност самостојно да формира влада, покажуваат повеќе излезни анкети.Анкетата на агенцијата „Алфа Рисрч“ покажува дека ГЕРБ освоил 26,4 проценти од гласовите, пред Продолжуваме со промените на Петков со 14,9 проценти.. На третото место е проруската „Преродба“ на Костадин Костадинов со 12,9. Следуваат ДПС - нов почеток на Дељан Пеевски и Алијансата за права и слободи со по близу девет проценти, бугарските социјалисти се на шестото место со 7,8 и Има таков народ со 6,2 проценти.. Останатите партии се под цензусот од четири проценти.. Изразено во мандати, тоа би значело дека ГЕРБ добива 74, партијата на Петков 42, а на Костадинов 36 мандати.. За формирање мнозинство, потребни се 121 пратеник во 250-члениот парламент.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
МакедонијаIn memoriam: Почина актерот Гоце ТодоровскиПознатиот македонски актер Гоце Тодоровски почина синоќа на 75-годишна возраст,објави неговата ќерка Сашенка на социјалните мрежи.„Го изгубивме, се предаде Гоце Тодоровски, почина, фамилијата Тодоровски ја објавува најтажната вест, по голема борба го напушти овој свет, лесна ти земја татко мој, вечен непребол. Душата не умира, а телото е премногу истрошено сега, летај со ангелите…“, објави неговата ќерка. Гоце Тодоровски е роден на 30 април 1951 година во Кичево. По завршувањето на Факултетот за драмски уметности при Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, во класата на професорот Илија Џувалековски, се вработил во Драмскиот театар во Скопје. Подоцна бил гостин и во други театарски куќи, беше дел од бројни театарски престави, телевизиски серии, филмови, хумористични радио емисии. Тој соработувал со голем број на познати наши режисери: Слободан Унковски, Коле Ангеловски, Димитар Станковски, Владимир Милчин, Димитрие Османли…, а играше и во познатите телевизиски серии „Македонски народни приказни”, „Итар Пејо”, „Булки кај шините”, „Ајде да се дружиме”, „Трето доба”, „Хихирику“, „Во светот на бајките”, „Бушава азбука”, „Солунски патридии”, “Трст виа Скопје”, “Чук, чук Стојанче”…Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Бизарно Жена преживеала напад на ајкула – „Ме гризна за раката и почна да ме тресе, ја удирав“.Ајкулата ја каснала за рака и ѝ откинала мускул, а сега таа раскажува како се борела за живот.Хелен Ферламб е една од ретките лица кои преживеале напад од ајкула. Како конзерватор, која се занимава со заштита на природата, пред две години додека нуркала на далечен остров југоисточно од Хаваи, ја нападнала ајкула. Ајкулата ја каснала за рака и ѝ откинала мускул, а сега таа раскажува како се борела за живот. Гостувајќи на британската телевизија ITV, таа детално го опиша моментот кога сфатила дека морскиот предатор се спрема да нападне. „Знаев дека веројатно ќе заврши со каснување“ Иако гребенските ајкули се сметаат за вид што претставува минимален ризик за луѓето, Ферламб изјави дека веднаш забележала промена во однесувањето на животното. „Нуркав и гледав јато риби, бев целосно нурната во околината што ја сакам. Во еден момент, видов движење. Гребенската ајкула одеднаш се сврте, го промени начинот на пливање и се упати право кон мене, како куршум“, раскажа таа. Кога ајкулата ја нападнала, ѝ ги забила забите во надлактицата и почнала да ја тресе, а Ферламб се присети дека реагирала инстинктивно. „Почнав да ја удрам по осетливите делови - очите, носот и жабрите - а потоа ме пушти“, рече таа. Според неа, нападот бил невообичаен бидејќи гребенските ајкули ретко напаѓаат луѓе. Таа верува дека е можно женката што ја повредила да била бремена во тоа време и да се обидувала да ги заштити своите млади. Лекарите мислеле дека ќе ја изгуби раката По нападот, колегите со чамец ја транспортирале на копното додека обилно крварела. Патувањето траело околу еден час и 20 минути, за тоа време таа почнала да губи свест. „Докторот беше неверојатен. Ми даде инфузија и ми го покачи крвниот притисок кој беше опасно низок“, се присети таа. Но, лекарите ја предупредиле дека повредите се толку тешки што ќе мора да ѝ ја ампутираат раката. „Се сеќавам дека рече оти тоа е ситуација каде што животот е поважен од екстремитетот и дека веројатно ќе ја изгубам раката“, раскажа таа. Сепак, среќата дојде во последен момент. Во близина на островот се наоѓал голем авион, кој случајно воспоставил радиоконтакт и ја транспортирал во Регионалната болница Гуам. Таму поминала три недели на интензивна нега, по што го продолжила лекувањето во болницата за трауматологија во Манчестер. Дента пред ампутацијата, лекарите ја промениле одлуката Во британската болница, лекарите прво ѝ кажале дека ќе мора да ѝ ја ампутираат раката. Но, само ден пред закажаната операција, тие предложиле поинаков пристап. „Тие рекоа: „Ако можеш да ја поднесеш болката, да се обидеме да ја задржиме раката уште некое време. Којзнае колку долго телото може само да се излечи“, се присети таа. Ферламб на крајот успеала да ја спаси раката, иако изгубила половина бицепс. „Имав неверојатна среќа“, заклучува таа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија Моника Зајкова вечерва во „Вести Плус“Вечерва во „Вести плус“ гостинка ќе биде Моника ЗајковаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook