Излезни анкети на Косово: Водат радикалните националисти , Тачи со многу слаб резултат

Централната изборна комисија на Косово ги објави прелиминарните податоци за зилезноста од околу 44 проценти , додека првите излезни анкети му даваат тесна предност на Албин Курти од самоопределување со 28 до 30 проценти од гласовите.

По него следува Демократскиот сојуз на Косово на Иса Мустафа со 27 до 30 проценти , а по неа Демократската партија на Косово на Хашим Тачи и Кадри Вејсели со 22 проценти. По нив е Алијансата за иднина на Косово и Социјалдемократската партија на Рамуш Харадинај и Агим Чеку со 10 до 12 проценти.

Околу 1,9 милиони избирачи во сите 38 косовски општини имаа право на глас, а 1.067 кандидати од 25 партии и коалиции се натпреваруваа за 120 места во парламентот. Изборите во Косово беа набудувани од ЕУ со околу 100 официјални претставници и претставници на повеќе од 40 невладини организации и здруженија.

Ветевендосја (Самоопределување) е радикална националистичка партија која, според резултатите , има и добри шанси за победа  , а  ова е опција која не е фаворизирана од Европската унија.

Најголем одзив е забележан во Обилиќ - околу 60 проценти, Зубин Поток во северно Косово - 57 проценти, а во Приштина - 56 проценти.

притисни ентер