Излезни анкети: ГЕРБ на Бојко Борисов е убедлив победник на изборите во Бугарија - Канал 5

Излезни анкети: ГЕРБ на Бојко Борисов е убедлив победник на изборите во Бугарија

Партијата ГЕРБ на порнешниот премиер Бојко Борисов е убедлив победник и на изборите за пратеници во Народното собрание на Бугарија и на изборите за пратеници во Европскиот парламент, покажуваат излезните анкети по денешното гласање.

Излезни анкети: ГЕРБ на Бојко Борисов е убедлив победник на изборите во Бугарија

ГЕРБ освил 25,8% од гласовите, коалицијата „Продолжуваме со промените/Демократска Бугарија“ (ПП/ДБ) на Кирил Петков и Христо Иванов - 15,5%, партијата на Турците во Бугарија, Движењето за права и слободи, предводено од Делјан Пеевски (ДПС) - 14,7%, националистичка партија Преродба на Костадин Костадинов - 14,2%, Бугарската социјалистичка партија (БСП) - 8,9%, Има таков народ (ИТН) на Слави Трифонов - 6,5%.

Според освоените гласови, ГЕРБ ќе има 73 пратеници во 240 члениот бугарскиот парламент, ПП/ДБ - 44, ДПС - 42, Преродба - 39, БСП - 24, а ИТН - 18.

Од 17 места што и припаѓаат на Бугарија во Европскиот парламент, пак, ГЕРБ-СДС освоил 5, ПП/ДБ – 3, Преродба – 3, ДПС – 2, БСП – 2 и ИТН – 1.

За двојните денешни избори во Бугарија беа пријавени 6.518 кандидати, 6100 за националниот парламент, а 418 кандидати за пратеници во Европскиот парламент.

На парламентраните избори ќе учествуваа 32 политички формации - 20 партии, еден независен кандидат и 11 коалиции.

Право на глас на изборите за Националното собрание имаа 6.593.275 гласачи, а за пратеници во Европскиот парламент 6.138.050.

Надвор од Бугарија се гласаше во 60 земји, на 769 избирачки места. Бугарите во странство можеа да гласаат на 166 избирачки места во Турција, на 118 во Обединетото Кралство, 103 во Германија, 64 во Шпанија, 55 во САД, 28 во Грција, 27 во Италија, 24 во Холандија, 16 во Канада, 15 во Франција, на шест во Сверна Македонија, на четири во Србија,...

Бојко Борисов пред изборите најави дека веќе нема да се кандидира за премиер, но вети дека ќе се обиде да состави коалиција за да стави крај на политичката нестабилност.

Во случај на неуспех, наесен би можело да се организираат нови избори, што според аналитичарите е многу веројатно сценарио.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Напнато на границата помеѓу Јужна и Северна Кореја: Војската чека сигнал за дејствување

Јужна Кореја денеска соопшти дека ќе преземе одлучни мерки доколку Северна Кореја изврши какви било дополнителни провокации.

Напнато на границата помеѓу Јужна и Северна Кореја: Војската чека сигнал за дејствување

Реакцијата на Сеул доаѓа по заканите од Пјонгјанг за воена ескалација, предизвикани од предупредувачките истрели на јужнокорејските сили долж утврдената граница, пренесува новинската агенција „Јонхап“.

Ким Јо Џонг, влијателната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, се закани со повторно започнување на пропагандни емисии насочени кон Сеул и со распоредување дополнителни офанзивни тактички средства долж Демилитаризираната зона (ДМЗ) што ги раздвојува двете Кореи, истакнувајќи дека ситуацијата на границата станала крајно нестабилна.

„Министерството за национална одбрана изразува сериозна загриженост во врска со критиките на Ким Јо Џонг упатени кон легитимните операции на нашата војска – спроведени во согласност со Договорот за примирје – како и во врска со ескалацијата на тензиите преку воени закани“, се вели во соопштението, во кое се додава дека Јужна Кореја ќе одговори одлучно доколку Северна Кореја продолжи со своите провокации.

Напнатоста се зголеми по 21 септември, кога во Демилитаризираната зона (ДМЗ) експлодираа нагазни мини, при што беа повредени тројца јужнокорејски војници.

Сеул и Командата на Обединетите нации утврдија дека инцидентот бил предизвикан од противпешадиски мини поставени од Северна Кореја, што претставува кршење на Договорот за примирје. Сепак, Пјонгјанг категорично ја негираше каквата било вмешаност во експлозиите.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На улиците во Париз се„војува“, но натпреварот од Лигата на шампионите ПСЖ-Барселона ќе се одигра

Претстојниот дуел на гигантите меѓу брнителот на титулата Пари Сен Жермен и шпанскиот првак Барселона во Лигата на шампионите нема да биде одложен ниту откажан.

На улиците во Париз се„војува“, но натпреварот од Лигата на шампионите ПСЖ-Барселона ќе се одигра

Претстојниот дуел на гигантите меѓу брнителот на титулата Пари Сен Жермен и шпанскиот првак Барселона во Лигата на шампионите нема да биде одложен ниту откажан, и покрај насилните протести што ја потресуваат Франција – потврди францускиот министер за одбрана, Себастијан Лекорни.

Лекорни во синоќа изјави дека побарал од регионалните власти да воведат делумни полициски часови во некои градови, со цел да се заштитат граѓаните и бизнисите по немирите што се случија за време на викендот.

„Решен сум да воспоставам ред“, рече францускиот премиер, додавајќи дека, доколку е потребно, би можела да се воведе вонредна состојба. Сепак, тој оцени дека локалните и делумни забрани за движење во моментов претставуваат посоодветно решение.

Францускиот министер за внатрешни работи, Лоран Нуњез, потврди дека не постојат планови за откажување на натпреварот.

ПСЖ во вторник навечер ќе ја пречека Барселона на стадионот „Парк на принцовите“, а почетокот на натпреварот е закажан за 21:00 часот по средноевропско време.

Сепак, немирите ги погодија и француските фудбалски клубови.

Марсеј пријави значителна штета на својата официјална продавница на познатата авенија „Ла Канебиер“, додека Лил соопшти дека нивната продавница во центарот на градот претрпела големи оштетувања и била ограбена. Двете продавници се привремено затворени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нова функција на Фејсбук: Сами кажете што сакате да гледате

„Фејсбук“ воведува функција која ви овозможува, со свои зборови, да наведете каков вид содржина би сакале да гледате почесто или поретко на вашата почетна страница.

Нова функција на Фејсбук: Сами кажете што сакате да гледате

Новата функција, наречена „Вашиот алгоритам“ (Your Algorithm), им овозможува на корисниците директно да влијаат врз алгоритмот што препорачува содржина, наместо целосно да се потпираат на автоматските препораки на платформата, соопштија од „Мета“.

Корисниците можат да ги опишат своите интереси и преференции користејќи природен јазик, а овие промени се одразуваат врз препорачаната содржина во реално време.

Истовремено, „Мета“ го ажурираше менито што се појавува при кликнување на трите точки до некоја објава, со што на корисниците им се олеснува прилагодувањето на нивните преференции.

Од таму, тие можат да пристапат до функцијата „Вашиот алгоритам“ или да означат дали им се допаѓа одредена содржина.

Платформата може да постави и дополнителни прашања за подобро да разбере што корисникот сака да гледа повеќе, а што сака да гледа поретко.

Воведувањето на оваа нова функција е дел од пошироките напори на „Мета“ да им овозможи на корисниците поголема контрола врз содржината што им се прикажува, наведоа од компанијата со седиште во Менло Парк.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер