Излезе од затвор во Австралија српската турбофолк пејачка , уапсена за грабеж - Канал 5

Излезе од затвор во Австралија српската турбофолк пејачка , уапсена за грабеж

Српската турбофолк пејачка Романа Паниќ, која беше уапсена во Австралија пред околу еден месец за ограбување банкомат, е ослободена од затвор.

Излезе од затвор во Австралија српската турбофолк пејачка , уапсена за грабеж

Таа помина 40 дена во затвор, а беше пуштена на слобода за добро однесување, пренесува Курир. Заедно со нејзиното момче , агент за недвижнини Филип Мркајиќ украла пари во вредност од 14.400 евра. Австралиската полиција ги пронајде од безбедносните камери во банките додека поставиле нелегални уреди на банкоматите.

Момчето е задржано во затвор, а тој ќе треба да ги врати украдените пари или да ја надомести штетата со социјално корисна работа. Во меѓувреме, Романа чека да биде екстрадирана во Србија.

„Романа наскоро ќе се врати во Белград. Нејзиното момче се согласи да ги врати парите што ги украле. Таа сега се чувствува подобро , затоа што конечно се враќа во својата земја“, изјавила пријателка на Романа.

Hello 😊😜🌏

A post shared by Romana (@romana_panic) on

"Таа исто така ми кажа дека вакво нешто никогаш повеќе нема да и се случи, дури и ако мора да моли на улица! Неколку пати повтори дека се чувствува лошо затоа што се посрамотила и себеси и нејзиното семејство. Не знае како да се појави пред нејзината мајка, која е очајна за целата ситуација “, додаде таа.

По ослободувањето од затвор, Романа објави селфи на својот Инстаграм профил.

„Поздрав од имиграцискиот центар во Бризбејн“, напишала таа со фотографијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мито земаат дури и возачите на владата на Мицкоски– затоа ова е Организирана криминална група

Возачот на генералниот секретар на Владата на Мицкоски, Игор Јанушев бил приведен под сомнение дека барал мито.

СДСМ: Мито земаат дури и возачите на владата на Мицкоски– затоа ова е Организирана криминална група

Сите земаат мито, дури и возачите на владата.

Ова е ОКГ – Организирана криминална група.

Да беа полицијата и обвинителството слободни и да работеа по закон и стандарди, цела Влада ќе беше уапсена.

Вака, дел од полицијата си ја врши својата работа, но исто како и за бодигардот на Мицкоски, на крај сите ќе бидат ослободени со повик на телефон.

Овој скандал отвора и прашања за тоа каква била улогата на Јанушев во овој случај со мито?

Дали возачот е само негова продолжена рака и посредник?, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен е возачот на Игор Јанушев, барал мито, полицијата го фатила со обележани пари

Возачот на Игор Јанушев, генералниот секретар на Владата, е во притвор.

Уапсен е возачот на Игор Јанушев, барал мито, полицијата го фатила со обележани пари

Како што информира Плусинфо, возачот на Јанушев барал мито за вработување.

По дознавањето, полицијата го „спакувала“ несудениот митаџија по стандардна постапка, дадени му се обележано пари и потоа е уапсен.

Се очекува официјална потврда и дополнителни детали за настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево и ветровито време со температура до 37 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР. 

Сончево и ветровито време со температура до 37 степени

Ќе дува засилен ветер од северозападен правец, кој наместа, особено долж Повардарието, ќе достигнува брзина од 60 километри на час, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринските минимални температури се движат од 12 до 21 степен, а дневните максимални температури ќе достигнат од 28 до 37 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер