Излезе од печат првата книга за локалитетот „Цареви Кули" во Струмица - Канал 5

Излезе од печат првата книга за локалитетот „Цареви Кули" во Струмица

Автор на монографијата е м-р Зоран Рујак, археолог, долгогодишен истражувач на овој локалитет.

Излезе од печат првата книга за локалитетот „Цареви Кули" во Струмица

Излезе од печат публикацијата „Цареви Кули-Струмица (Од праисторијата до Римското Царство)-Книга прва", која е плод на истражувањата во последните петнаесет години на еден од најпрепознатливите белези на Струмица, арехеолошкиот локалитет Цареви Кули.

Автор на монографијата е м-р Зоран Рујак, археолог, долгогодишен истражувач на овој локалитет.

– Еднодецениските истражувања на локалитетот Цареви Кули-Струмица дадоа непроценливи податоци кои се однесуваат на обидите на нашите предци низ вековите да го потчинат и приспособат овој простор во согласност со своите потреби. Почнувајќи од времето кога на сцената се појавуваат првите праисториски жители на Цареви Кули, па се до крајот на Втората светска војна, овој локалитет имал важна стратешка позиција која била ползувана на различни начини. И покрај тоа што иницијалните истражувања се однесуваа на неговата средновековна природа, овој локалитет се покажа многу покомплексен, односно составен од различни содржини создавани низ период кој се протега на безмалку седум милениуми, истакнува Рујак.

Монографијата е напишана во научно-популарен стил и нуди мноштво нови и поттикнувачи сознанија за материјалната и духовната култура во различни временски епохи. Таа претставува сведоштво за градот Струмица и обид да се расветли неговото богато културно-историско минато.

– Првата книга „Цареви Кули-Струмица", со поднаслов (Од праисторијата до Римското Царство), ги обработува најстарите хоризонти на населувањето на локалитетот Цареви Кули. Почнувајќи од првата населба која изникнала во времето на халколитот (4850-4550 година п.н.е), преку населбата од бронзеното (2100-1550 годинап.н.е) и железното време (1100-1000 година пр.н.е), па се до слоевите од раната антика и хеленистичкиот период (од 4 век п.н.е до 1 век п.н.е). Во книгата се прикажани градежните активности, остатоците на архитектура и богатата материјална и духовна култура која произлезе од истражувањата на овие епохи, посочува авторот Зоран Рујак.

Издавач е НУ „Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј, Струмица", а публикувањето на монографијата е поддржано од страна на Министерството за култура. Изданието е во тврд повез, во А4 формат. На нешто повеќе од 300 страници се прикажани резултатите од еднодецениските истражувања, почнувајќи од 2004 до 2014 година. Напишана е на македонски и англиски јазик и е богато илустрирана со над 550 колор фотографии, цртежи и планови, а на крајот е поместен и каталог каде се прикажани највпечатливите наоди.

Во тек е подготовка и на втората книга „Цареви Кули-Струмица (Од Римското Царство до доцен среден век)" во која ќе бидат обработени материјалните остатоци и духовната култура на локалитетот, почнувајќи од I век, па се до XX век./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русокосата Дилета повторно предизвика вистински хаос на интернет сега од своето работно место

Една од најубавите спортски новинарки на светот, италијанската новинарка Дилета Леота повторно привлече внимание со својот изглед на социјалните мрежи, откако се јави од студиото за време на еден натпревар минатиот викенд. 

Русокосата Дилета повторно предизвика вистински хаос на интернет сега од своето работно место

Таа објави фотографии од своето работно место, а како и обично, беше во провокативна модна комбинација.

За известување од една средба атрактивната Дилета одбрала црна, проѕирна комбинација, под која јасно се гледаше црн градник, истакнувајќи го нејзиниот буен биста.

Со ова издание, таа уште еднаш ги израдува своите повеќе од 9 милиони следбеници, па така не недостигаа коментари и комплименти.

https://www.instagram.com/reel/DepXu-Usoih/?utm_source=ig_embed

Многумина се фалеа дека „направиле зум на фотографијата“, а други ѝ велеа: „Стануваш сè поубава и поубава...“, „Какво чудо...“ и слично.

Дилета Леота во последните години е заштитно лице на британската компанија DAZN во Италија, а откако во мај годинава се породи по вторпат, нејзиниот изглед е постојано под лупа на јавноста и во центарот на медиумското внимание, бидејќи неверојатно брзо ја врати својата совршена линија.

Дилета и нејзиниот сопруг, германскиот голман Лорис Кариус, имаат две деца. Првото дете, ќерката Арија, го добија на 16 август 2023 година, а интересно е тоа што Арија се роди на истиот ден кога е роденден на Дилета. Второто дете, синот Леонард, го роди на 9 мај 2026 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ајкулата Буканги тврдоглаво одбива да си замине: Повторно се врати во каналот

Ајкула по име Буканги, која вчера беше насочена кон излезот откако помина повеќе од еден месец во канал во јужнокорејскиот град Бусан, се вратила во каналот, објави новинската агенција Јонхап.

Ајкулата Буканги тврдоглаво одбива да си замине: Повторно се врати во каналот

Утринава, на 22 октомври, ајкулата била забележана како плива во тесен простор помеѓу пловечка платформа – поставена близу излезот од каналот – и заштитна мрежа.

Според набљудувачите, можно е ајкулата да се вратила пливајќи под платформата. Буканги првпат била забележана во каналот на 18 септември. Оттогаш, блискиот парк стана голема атракција, привлекувајќи повеќе од 1,6 милиони посетители заклучно со неделата, пренесува Танјуг.

По два неуспешни обиди ајкулата да се насочи кон отворено море, градските власти и крајбрежната стража вчера успеаја да ја упатат кон излезот користејќи мрежа прикачена на понтон.

Околу 18:00 часот, ајкулата била забележана близу пристаниште надвор од каналот, иако сè уште не била на отворено море. Некои посетители пријавиле дека ја виделе ајкулата како се враќа во каналот синоќа, околу 23:00 часот.

Властите претходно изразија загриженост дека животното би можело да угине доколку температурата на водата дополнително опадне.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП Водовод и канализација – Скопје-Известувањето за неработен ден 23.10.2026 година

ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известува корисниците на своите услуги дека на ден 23.10.2026 година (петок) шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на претпријатието нема да работат.

ЈП Водовод и канализација – Скопје-Известувањето за неработен ден 23.10.2026 година

ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известува корисниците на своите услуги дека на ден 23.10.2026 година (петок), по повод државниот празник Ден на македонската револуционерна борба, шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на претпријатието нема да работат.

Со редовно работно време ќе се продолжи од 24.10.2026 година (сабота).

Воедно, ги повикуваме корисниците да ги користат електронските сервиси на ЈП Водовод и канализација – Скопје, кои овозможуваат брз и едноставен пристап до услугите.

Повеќе информации се достапни на www.vodovod-skopje.com.mk и пристап до електронските сервиси е овозможен преку e.vodovod-skopje.com.mk

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер