Излезе од печат „Од еден на друг брег“, книга на македонски и хрватски автори - Канал 5

Излезе од печат „Од еден на друг брег“, книга на македонски и хрватски автори

Во издание на Здружението за литература, култура и уметност „Бран“ од Струга и Хрватското книжено друштво од Риека излезе од печат поетската панорама „Од еден на друг брег“.

Излезе од печат „Од еден на друг брег“, книга на македонски и хрватски автори
Во книгата, како што информира Петко Шипинкароски претставник од Здужението „Бран“, застапени се 28 писатели од Македонија и Хрватска.

Објавувањето на поетската панорама „Од еден друг брег/„Od jedne do druge obale“ е плод на повеќегодишната соработка на „Бран“ од Струга и „Книжевно перо“ од Риека. Во книгата застапени се по 14 автори од Охридско-струшката и Риечката ривиера, изјави Шипинкароски.

Од македонските автори прeведени и препеани на хрватски се Јован Стрезовски, Видое Видически, Мишо Китаноски, Милутин Бебекоски, Јован Негриески, Анастас Ќушкоски, Петко Шипинкаровски, Ранко Бебекоски, Смиле Наумоски-Брсјак, Тоде Илиевски, Миладин Угреновиќ, Витомир Долнски, Зоран Јакимоски и Мерсиха Исмајлоска. А од хрватските автори преведени, односно препеани се: Винко Рибариќ, Срѓан Духовиќ, Бисерка Спајиќ, Васил Тоциновски, Вања Микелаци, Ангелка Корчуланиќ, Емилија Девиќ, Фикрет Цацан, Татјна Једишко Панчелат, Никола Шимиќ Тонин, Дамир Марас, Валерио Орлиќ, Марина Фучиќ и Олег Мирковиќ.

Преводот и препев на хрватските автори го направи Петко Шипинкаровски, а на македонските Слободан Јовичиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности во Ресен и Делчево за безбеден сообраќај и заштита и спречување на телефонските измами

Во непосредни разговори на возачите им беше укажано на правилата кои треба да се почитуваат за безбедно управување со моторно возило.

Превентивни активности во Ресен и Делчево за безбеден сообраќај и заштита и спречување на телефонските измами

Вчера (13.11.) во Ресен и на излезите од градот, полициски службеници од ОВР Ресен на возачите на моторни возила делеа едукативни летоци, изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, со пораки за одговорно управување на возилата во зимски услови и согласно позитивна законска регулатива. Исто така, во непосредни разговори на возачите им беше укажано на правилата кои треба да се почитуваат за безбедно управување со моторно возило, за задолжителното прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Денеска (14.11.), полициски службеници од Полициската станица Делчево на Градскиот пазар и на повеќе локации во централното градско подрачје во Делчево одржаа повеќе средби со повозрасни граѓани, пензионери, со цел подигнување на свеста за препознавање и спречување телефонски измами. На граѓаните им беше укажано да бидат внимателни при повици од непознати лица кои бараат пари со лажно тврдење дека член на нивното семејство доживеал сообраќајна незгода или се наоѓа во болница. Исто така, им беше укажано да не даваат пари на непознати лица, да ги проверуваат добиените информации преку директен контакт со членовите на семејството и секој сомнителен повик да го пријават на 192 или 112.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повеќе од 7.000 луѓе протестираа против самитот за климатски промени „COP31“ во Турција

Повеќе од 7.000 луѓе од цела Турција и други земји протестираа на дожд во центарот на Анталија

Повеќе од 7.000 луѓе протестираа против самитот за климатски промени „COP31“ во Турција

Илјадници луѓе се собраа во Анталија, местото на годишната конференција на ОН за климатските промени COP31, за да протестираат против собирот за кој велат дека ги игнорира барањата на „вистинските жртви на климатската криза“, јавуваат новинарите на АФП.

Свикани од неколку невладини организации за животна средина и човекови права, синдикати и политички партии, повеќе од 7.000 луѓе од цела Турција и други земји протестираа на дожд во центарот на Анталија, според проценките на полицијата.

„Ние ги трпиме последиците од климатската неправда, но нашите гласови никогаш не се слушаат“

„Ние ги трпиме последиците од климатската неправда, но нашите гласови никогаш не се слушаат на COP“, се пожали Халиме Саман од платформата на Народниот климатски самит, која организира алтернативна конференција заедно со COP31, каде што претставници на речиси 200 земји дискутираат за решенија за климатските промени.

„Турција е копретседател на COP31, но сè уште нема план да се откаже од фосилните горива. Се отвораат нови термоцентрали и рудници за јаглен. Тие ја имаат крвта од маслиновите дрвја масакрирани во Акбелен на своите раце“, рече таа, осврнувајќи се на шума во југозападна Турција која стана симбол на борбата против проширувањето на рудниците за јаглен.

„Компаниите што предизвикуваат уништување на животната средина во Турција се меѓу спонзорите на COP31. Сакаме да ги симнеме овие маски“, додаде Саман.

Активист пешачел речиси 600 километри за да учествува во протестот

Активистот Јашар Гокоглу, 78, пешачел речиси 600 километри од Адана, во јужна Турција, за да учествува на алтернативниот самит и протест.

Неговиот роден град стана една од главните дестинации за пластичен отпад увезен од Европската Унија, што придонесува за загадувањето на Средоземното Море и земјоделското земјиште.

„Адана се наоѓа на најплодната земја во светот, но се соочува со безброј опасности: електрани на јаглен и нови петрохемиски проекти. Но, ние сме тука пред сè за да кажеме не на увозот на пластичен отпад“, објасни тој.

„Фарса спонзорирана од монополи“

Ѓокоглу не очекува ништо од конференцијата COP31, која ја нарекува „фарса спонзорирана од монополи“.

„Ние сме вистинските жртви на климатската криза. За разлика од COP31, од кој знаеме дека ништо нема да произлезе, ние ќе издадеме своја завршна декларација“, рече тој.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно со сончеви периоди

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Утре променливо облачно со сончеви периоди

По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.

Во Скопје, променливо облачно, попладне ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од понеделник температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер