ВМРО-ДПМНЕ: Наумоски од Ѓорче по крајот на музичката кариера во локалните меани, полека станува “експерт” за владеење на право и корупција
2ВМРО-ДПМНЕ: Наумоски од Ѓорче по крајот на музичката кариера во локалните меани, полека станува “експерт” за владеење на право и корупција
КултураИзлезе од печат хрватскиот превод на романот „Турнеја“ на Сашо ОгненовскиИзлезе од печат хрватскиот превод на романот „Турнеја“ на Сашо Огненовски, во издание на издавачката куќа „Неолит“ од Копривница, Хрватска. Преводот на хрватски јазик е на Борјана Прошев Оливер. После бугарското издание од страна на издавачката куќа „Изида“ од Софија, ова е втор превод на овој роман. Романот „Турнејата“ од современиот македонски писател Саша Огненовски е напната сатира сместена под рефлекторите на светските театарски сцени, кои се покажуваат како многу опасно место. -Новооснованиот Македонски царски театар оди на светска турнеја. Репертоарот вклучува ново читање на Шекспировиот Хамлет, што всушност е метафора за македонските ситуации и историја. Комбиниран состав од најдобрите македонски актери ќе тргне на турнеја на 1 април, денот кога се прават шеги. Но турнејата не е шега, баш е сериозна работа, замислена повеќе за сопствена промоција отколку за доброто на театарот од амбициозен режисер наречен Булдог, со причина. Лондон, Истанбул, Пекинг, Сиднеј, Њујорк... светските метрополи се редат, а во секоја од нив исчезнува по еден член од театарската трупа. Што се случува? Дали избегале сами или некој ги киднапирал, а можеби и ги убива? Како и во најнеизвесниот криминалистички роман, „Булдог“, заедно со читателите, го бара одговорот на прашањето кој и зошто сака да го уништи најамбициозниот македонски театарски проект во поновата историја, се вели во соопштението на авторот. После бугарското издание од страна на издавачката куќа „Изида“ од Софија, ова е втор превод на овој роман. Македонски издавач на овој роман е издавачката куќа „Бегемот“ од Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалИниеста: Ако Меси победи, завршува секоја дебата за тоа кој е најдобар на сите времињаЛегендарниот шпански фудбалер и играч на Барселона, Андрес Иниеста, се огласи пред спектакуларното финале на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина, споделувајќи крајно емотивен поглед на дуелот што го очекува светот. За Иниеста, овој натпревар – во кој младите ѕвезди на „Ла Роха“, Ламин Јамал и Педри, ќе се соочат со неговиот долгогодишен соиграч Лионел Меси – претставува остварување на сонот за секој љубител на фудбалот. Славниот фудбалер призна дека би бил среќен без оглед на конечниот исход, иако не ја криеше својата мала пристрасност кон татковината, изразувајќи желба да ја види Шпанија како ја освојува светската титула. Иниеста опиша што би значело победата за која било страна за фудбалската историја, нагласувајќи го огромното значење на претстојниот натпревар. „Од една страна, ако Лео повторно победи, тоа целосно ја решава секоја преостаната дебата за тоа кој е најголем на сите времиња (GOAT). А ако Ламин и Шпанија триумфираат? Тоа би изгледало како прекрасно, симболично предавање на факелот на новата генерација. Ќе биде многу емотивно да се гледа како се одвива сè“, рече легендарната шпанска ѕвезда, очекувајќи натпревар исполнет со емоции и историско значење.Тагови: инеста Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураЖелезна Тврдина - проекција, БФФ Охрид (Beach Film Festival ) Во вторник, 21-ви јули, во 20Ч30мин. на плажата “Сараиште”, во Охрид, во склоп на претпрограмата за отварање на осмото издание на БФФ, (Beach Film Festival ), ќе се одржи проекција на новиот филм во продукција на ПирејФилм, “Железна тврдина.Во вторник, 21-ви јули, во 20Ч30мин. на плажата “Сараиште”, во Охрид, во склоп на претпрограмата за отварање на осмото издание на БФФ, (Beach Film Festival ), ќе се одржи проекција на новиот филм во продукција на ПирејФилм, “Железна тврдина”, во режија на Митко Панов. Aктерската екипа е составена од штитениците на Центарот за Рехабилитација на Психијатриската Болница во Демир-Хисар, и гости меѓу кои: Paul Gordon, Синоличка Трпкова, Игор Џамбазов, Васко Тодоров, Благоја Грујовски, Мишел Трајковски, Атиџе Муратова и Боби Додевски-Шлукс. Железна тврдина – филмска работилница, го користи формалниот пристап својствен на документарниот но и играниот филм, и како таков го претставува новиот, хибриден, филмски израз. Базиран на вистински случки, филмот воплотува елементи на фикција и фантазија. “Она што започнува како набљудувачки запис од секојдневниот живот и креативни вежби, полека се трансформира во конструиран филмски свет обликуван од самите учесници. Просторот на болницата станува истовремено реална средина и сцена за фиктивни ситуации, каде што личните приказни, фантазиите и креираните идентитети почнуваат да се преклопуваат. “ ”Железнта тврдина се појавува како слоевит, духовит хибрид во кој реалноста и фикцијата, разумот и лудилото, свесното и несвесното се испреплетуваат, потсетувајќи нè дека ‘видено oдблиску, ништо не е ’нормално’.” Проекцијата ќе се одржи во присуство на авторите. Влезот е СЛОБОДЕН. Во програмата која следи ќе биде прикажан и Самоуништување, на продуцентот-актер Јовица Михајловси, познат како прв Македонски независен филм, 1996. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Наумоски од Ѓорче по крајот на музичката кариера во локалните меани, полека станува “експерт” за владеење на право и корупцијаДругарот на Венко Заев, Александар Наумоски, поранешен градоначалник на општина Ѓорче Петров од СДС, полека станува “експерт” за владеење на право и корупција.СООПШТЕНИЕ, РЕАКЦИЈА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА СДС Другарот на Венко Заев, Александар Наумоски, поранешен градоначалник на општина Ѓорче Петров од СДС, полека станува “експерт” за владеење на право и корупција. Откако му заврши музичката кариера во локалните меани во Ѓорче Петров, сега почнува да говори за борба против корупција. По се изгледа тој мисли дека треба да покаже како тој соработуваше со криминалот и корупцијата во Ѓорче Петров, за што во моментов се води и судски спор против него, а има и 3 кривични пријави по кои надлежните институции треба да постапат. Дополнително, Наумоски бара зголемување на плати на судиите и обвинителите, затоа што и тој уште првиот ден кога стана градоначалник си ја зголеми градоначалничката плата. Затоа се борат за судиите и обвинителите, за да можат уште да ги штитат. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook