Граѓаните побегнаа од граскиот бетон во природа, опуштени, далеку од дневните обврски, секојдневната итност тука ја нема, па за промена можат да се забележат и среќни лица.
Од растрчани деца по природната убавина на скопско – Кучково, до гласна музика и гласни разговори и смеење, сето тоа проследено со традиционалната скара која од секаде мириса и која е неизоставен дел од ваквите собири.
Доброто расположение е воочливо од далеку, а некои пак ја искористија можноста да се пошегуваат и пред камерите.
Под васер-вага, поради тоа што, мрсното мора точно да капе во жарот и автоматски тоа после се распалува, само од себе, така може да трае повеќе жарот и да правиме повеќе месо.
Велат, Први Мај е ретка можност да се вратат кон природата, за која, поради обврските, жалат што не можат почесто да ја посетуваат.
Бидејќи живееме сега во зграда и е многу таму метеж, вака кога ќе дојдеме е поопуштено, поубаво, да се споиме повторно со природата, бидејќи знаете, цел град е бетониран, нема вака земја, трева, нема природа.
А, и невообичаено за повеќето помлади генерации денеска, затекнаме и кампери. Васко, Маријан и Иринеј синоќа дошле со својот шатор во Кучково, сосема спонтано, на нивното прво кампување во природа...
Дојдовме околу 6 вчера, го почнавме шаторот, ни требаше околу еден час да го составиме и сето тоа, си направивме оган, седнавме, дружба, пиење и уживање искрено баш е убаво./Вчера беше поубаво, вчера беше рај, си имаме тука оганче, кафе, супер беше, денеска се многу луѓе наоколу, ама тоа е, ок е./ Сам си во шума, со оган, уживанција е, денеска првомајска атмосфера, интересно е многу. Еден едно, друг ден друго искуство и кул е.
Покрај излетничките места, голем број Скопјани останаа и во градските кафеани и кафулиња кои денеска работат, а некои пак се решија и за патувања надвор од државата...