Излегла со новиот дечко, кога дошла дома, го побарала на Инстаграм - Канал 5

Излегла со новиот дечко, кога дошла дома, го побарала на Инстаграм

Не ни сонувала кој се крие зад профилот.

Излегла со новиот дечко, кога дошла дома, го побарала на Инстаграм

Тиктокерката Меди цело време го поминала одговарајќи на прашања за кои се чинело дека човекот што ја следи на Тикток ги знаел однапред.

Меди е корисничка на Тикток која се занимава со модна фотографија. Таа неодамна на оваа социјална мрежа сподели видео кое за краток период е прегледано околу половина милион пати. Оваа девојка апелираше до сите да внимаваат со кого излегуваат и пред да се сретнат со личноста што ја запознале, добро да ја „истражат“на социјалните мрежи.

@immadeleine it’s the dishonesty for me 🚩 #dating #datinghorrorstory #nyc ♬ original sound - madi

- Бев излезена со една пријателка кога ми пријде едно супер слатко момче и ме праша дали сакам да излеземе на вечера. Се согласив и наскоро излеговме. Вечерата помина доста добро, ме праша што работам и беше многу изненаден кога му објаснив дека се занимавам со модна фотографија. Ме замоли да му покажам дел од мојата работа, ми делуваше дека е во ред и му покажав. Сепак, сметам дека требаше барем да го разгледам неговиот Инстаграм профил пред да излезам со него. Бидејќи тоа не го направив пред да излеземе, му го разгледав профлот отпосле и имаше што да видам – објаснила оваа девојка на Тикток, а пренесе британски Сан.

Меди дошла дома, го нашла профилот на Инстаграм на момчето со коешто излегла.

-Неговото корисничко име ми изгледаше познато, а потоа сфатив зошто. Иако се преправаше дека ме гледа втор пат во животот, тој всушност ме следел на Инстаграм веќе пет години. Во тие пет години ми испратил најмалку 45 пораки. Ги коментирал моите фотографии, моите пријатели, моите излегувања, семејството, сè. Сè ќе беше во ред доколку ми го кажеше тоа кога излеговме на вечера. Меѓутоа, тој „се правеше будала“ и цела вечер ме испитуваше нешто за кое однапред го знаел одговорот. Сега, кога ќе помислам на тоа, ми делува прилично морничаво. Затоа пред да излезете со некого, проверете го барем на социјалните мрежи – објаснила оваа корисничка на Тикток.

Нејзината објава е прегледана 411.000 пати, добила стотици коментари и им се допаднала на 10.000 лица.

- Тоа е доволно никогаш повеќе да не излезете со тој тип и да го блокирате на сите мрежи.

- Ова звучи како момчето да е психопат, мислам дека сигурно те демне.

- Мислам дека не е психопат, но можеби бил заљубен и несигурен, па не сакал да ѝ раскаже сè истата вечер.

-Што и да сакал да постигне, погрешил, бидејќи постигна ефект дека е психопат и треба да го избегнува.

Извро: srecna.republika.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Јасно е зошто Фатмир Бесими ја поднел точката за деловни односи со Алта банка, сватот на Али акционер, а СДС денес спотер

​Кредитот од 5 милиони евра од Алта банка Белград за компанија на сватот на Али Ахмети, ја потврдува заинтересираноста за влезот на Алта банка во Македонија од страна на поранешната власт на СДС и ДУИ.

Манасиевски: Јасно е зошто Фатмир Бесими ја поднел точката за деловни односи со Алта банка, сватот на Али акционер, а СДС денес спотер

Сега е јасно зошто токму Фатмир Бесими, министерот за финансии во Владата на СДС и ДУИ, на владината седница од 24 октомври 2023 година ја отворил темата за Алта банка.

Имено, фирмата “АС Сењак” во сопственост на сватот на Ахмети, е фирмата која добива 5 милиони евра кредит од Алта банка Србија, а инаку оваа фирма е исто така позната во Македонија по тоа што е партнерска фирма на Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, во купувањето на Соравија. Во целиот овој процес СДС делува како спотер.

Филипче и СДС јасно да кажат, дали тогаш кога ја отворале точката на седница на Влада, Давор Мацура бил криминалец? Дали тогаш Алта банка имала сомнителен капитал? Зошто молчеле за соработката на ДУИ со Мацура и Алта банка? Нам ни е јасно, само за ден повеќе власт, СДС се спремни на се!

Сега е јасно на јавноста зошто СДС и Филипче беа толку гласни за Алта банка. Се потврди дека работи Фројд, и дека одработуваат за свои интереси.

YouTube video

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рубио: „Ќе беше полесно ако Трамп ги игнорираше Иранците“

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, денес изјави дека понатамошните воени дејствија на Соединетите Американски Држави (САД) против Иран не се неопходни, бидејќи економските последици што Вашингтон ги нанесе на земјата се веќе доволно сериозни.

Рубио: „Ќе беше полесно ако Трамп ги игнорираше Иранците“

Во говорот пред Федералистичкото друштво, Рубио ја поддржа претходната проценка на американскиот претседател Доналд Трамп дека војната е ефикасно завршена во воена смисла, објави АП.

„Искрено, економската болка што му ја нанесуваме на тој режим во моментов е толку голема што нема потреба од воена акција, бидејќи веќе толку многу ги ослабнавме. Но, мислам дека вистинската победа е да се осигураме дека никогаш нема да добијат нуклеарно оружје“, рече Рубио.

Државниот секретар на САД призна дека граѓаните на САД, исто така, ги почувствувале економските последици од овој конфликт, што доведе до зголемување на цените на горивата и ја погоди глобалната економија.

Тој оцени дека за Трамп ќе беше полесно да ја игнорира заканата што ја претставува нуклеарната програма на Иран, да избегне непопуларна војна и „да му го остави тој проблем на следниот претседател“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По неколку часа укината забраната за летови во САД: „хаосот ќе продолжи“

Федералната администрација за воздухопловство на САД (FAA) соопшти дека авиокомпаниите можат да ги продолжат летовите по прекинот на системот за контрола на летот низ целата земја што траеше неколку часа.

По неколку часа укината забраната за летови во САД: „хаосот ќе продолжи“

Сепак, предупреди дека доцнењата и откажувањата ќе продолжат.

Забраната за летови, која влијаеше на милиони Американци, беше укината во 20:15 часот по локално време, изјави американскиот министер за транспорт Шон Дафи.

Сепак, Дафи им рече на новинарите дека прекинот имал влијание и дека проблемите ќе траат со денови.

„FAA“ соопшти дека „темелно ги тестирала“ своите системи за да потврди дека се стабилни и дека операциите остануваат сигурни пред да одобри продолжување на летовите.

Сепак, околу 2.000 полетувања закажани за денес беа откажани, објави „CNN“.

Повеќе од 7.700 летови во Соединетите Држави беа откажани вчера, додека повеќе од 8.000 беа одложени.

Преетставници од администрацијата ја обвинија застарената технологија за прекинот и предупредија дека слични инциденти ќе се случат повторно додека системот не се модернизира.

Домашните летови во Соединетите Американски Држави повторно добија дозвола за полетување откако федералните власти вчера воведоа неколкучасовна забрана за безбедност, предизвикана од прекин на телекомуникациите.

На прес-конференција рано утрово, министерот за транспорт Шон Дафи предупреди дека се можни понатамошни прекини доколку системот не се надгради итно.

Тој апелираше до Конгресот да го одобри потребното финансирање за модернизацијата и додаде дека враќањето во нормален сообраќај ќе биде бавно.

Дафи рече дека ќе биде потребно време за да се смири хаосот во патувањето, бидејќи многу патници остануваат заглавени на аеродромите.

Проблемот е застарен систем

Министерот за внатрешна безбедност Марквејн Малин претходно прецизираше дека прекинот е предизвикан од ажурирања на застарените системи извршени од „FAA“ и дека проблемот е предизвикан од „прекин на телекомуникациите“ и дека нема докази дека станува збор за кибернапад.

Тој нагласи дека прекинот на летовите не е резултат на безбедносна закана за Соединетите Американски Држави.

Некои патници седеле во авиони и чекале со часови на пистата бидејќи аеродромите немаат простор на портите за да им дозволат да се симнат.

Ова е втор пат таква забрана за летови да се воведе во Соединетите Американски Држави, првата беше прогласена по терористичките напади од 11 септември 2001 година.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер