Николоски ќе зборува за економските политики и предизвиците на регионот на 23-тиот Виенски економски форум
2Николоски ќе зборува за економските политики и предизвиците на регионот на 23-тиот Виенски економски форум
3ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
1Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
ЖивотИзлажала дека била силувана од својот татко - неговата невиност ја докажала неговата сопруга!Геоф Лонг не можел да си верува на ушите кога пред 5 години во судница од устата на неговата ќерка Тина ги слушал обвинувањата дека ја силувал пред 3 децении, кога била дете. Иако таа немала докази, тој бил сепак осуден на 5 години затвор, под обвинение дека ја силувал својата ќерка цели 8 години - од нејзината 8 годишна возраст, па додека наполнила 16 години. Во понеделникот Тина конечно признала дека лажела, а на тоа ја принудила сопругата на татко и која ангажирала детектив да ги докаже лагите на Тина.Геоф присуствувал на раѓањето на Тина и ја пресекол папочната врвка. Тој уште во 1970-те се развел од нејзината мајка но останал во контакт со својата ќерка Тина, а подоцна и со двата сина од вториот брак кој исто така пропаднал. Во третиот брак со Луис неговиот бизнис се зацврстил и добиле син кој сега има 10 години - само што помислил дека успеал да го среди својот живот, ред 5 години бил обвинет од ќерка си за сексуален напад и ставен во затвор. Бил невин за обвинувањата кои му биле припишани, но почнала да му се создава загриженост дека ќе ја загуби новата сопруга Луис и синот кој го имал со неа - Џејмс, па почнал да размислува за самоубиство - јавува Дејли меил. 67 годишниот човек за Дејли меил ја раскажа својата приказна. - Не можам да опишам како се чувствував кога од сопствената ќерка бев обвинет за педофилија.Мојот адвокатски тим ме советуваше да останам мирен додека таа зборува но во себе силно викав, па тоа беше моја крв! Геоф смета дека Тина сето ова го направила веројатно поради тоа што неговата прва сопруга мислела дека таа не живеела со него убаво како што живее третата сопруга, па сакала да се одмазди. Имено, Геоф и мајката на Тина, Су, стапиле во брак и добиле дете уште како тинејџери -таа имала само 16 години. Тој тогаш почнал да работи како декоратор но немал голем успех. Бизнисот му се зацврстил со години пор азводот од првата сопруга. - Кажав во судницата дека сето тоа го прават за одмазда но не ми поверуваа и ме осудија на затвор - вели Геоф. Следувал пекол за него. Посакал да се убие, неговиот најмал 4 годишен син постојано плачел и го молел татко си да си дојде дома. Геоф ја убедувал својата 18 години помлада сопруга да не го чека и да го остави, но Луис постапила поинаку - ангажирала детективи кои нашле толку недоследности во синхронизираните изјави на Тина и мајка и што за кусо време при полициско испрашување Тина признала дека се излажала. Меѓу другото, со истрагата се потврдило дека во нејзината соба како дете немало „розеба чешма“ за која таа и мајка и зборувале, дека бинго - локалот каде наводно одела мајка и во саботите кога тој наводно ја силувал ќерка си - воопшто не постоел, и т.н. Прашањето кое Геоф и неговите адвокати сто пати си го поставиле и уште немаат одговор е - како е можно обвинителството да ги „превидело“ овие докази за лагите на Тина. Тина е пред судење за лажни обвиненија а татко и засекогаш го прекинал контактот со неа. - Не сакам некој друг да оди во затвор поради слабостите на судството но со неа повеќе немам ништо - вели тој. /извор: Дејли меил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗајкова: Да не ви паднало на памет да ги штитите!„Да не ви паднало на памет да ги штитите!!! Итно да се постапи и да одговара за обид за убиство, а сите што му давале инструкции во неговата паника (согласно сведочењата неговиот татко и мислам беше тетка) да одговараат за помагање….По последниот случај на насилство врз жена, во кој девојка претепана и без свест беше оставена на улица пред маркет во Охрид, а според пишувањата на медиумите, членови на семејството на насилникот се обиделе да ја „заташкаат“ работата, со објава на социјалните мрежи се огласи и претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова. „Да не ви паднало на памет да ги штитите!!! Итно да се постапи и да одговара за обид за убиство, а сите што му давале инструкции во неговата паника (согласно сведочењата неговиот татко и мислам беше тетка) да одговараат за помагање…. Не ме интересира што функции имаат неговите, ниту од која партија се! Девојката можеше да заврши како следна жртва на фемицид! “, пишува Зајкова во својата објава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиМакедонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026Тројца млади спортисти ја претставуваа државата во атлетика, пливање и триатлон. Ева Митевска го освои осмото место на 100 метри, Петар Цеков заврши на 21. место во пливање, а Марио Брезовски на 24. место во триатлон.Со посветеност, борбеност и достоинствено претставување на државата, македонските спортисти го завршија своето учество на Младинските олимписки игри Дакар 2026, оставајќи зад себе спортски достигнувања и искуство што претставуваат важен чекор во нивниот понатамошен развој. Младинските олимписки игри кои се одржаа во Сенегал обединија 2.655 спортисти на возраст од 14 до 18 години од 204 национални олимписки комитети. Натпреварувањата се одржаа во 25 спортови, а за секој спорт беа одредени квалификациски критериуми за учество од страна на соодветните меѓународни федерации и Меѓународниот олимписки комитет. Дакар 2026 беше историски момент за олимпиското движење, бидејќи за првпат еден олимписки настан се одржа на африканскиот континент. Македонија учествуваше со седумчлена делегација составена од тројца спортисти, тројцата нивни тренери и шеф на делегацијата, кои ја претставуваа државата во атлетика, пливање и триатлон. Највисок пласман оствари Ева Митевска во атлетската дисциплина 100 метри, освојувајќи го осмото место во финалната трка и вбројувајќи се меѓу осумте најдобри млади спринтерки на Игрите. Особено значајно е што во финалето Ева истрча 12,28 секунди, подобрувајќи го својот најдобар резултат. Овој настап е потврда за нејзиниот напредок и способноста да го даде најдоброто токму на најважната трка. Во пливање, Петар Цеков настапи во дисциплината 400 метри слободно, со време од 4:10,60 минути, освојувајќи 4. место во својата група и 21. место во генералниот пласман. Неговата главна дисциплина, 800 метри слободно, која претставуваше негов најсилен адут, беше откажана поради високата температура на водата во базенот. Одлуката беше донесена од организаторите во интерес на безбедноста и здравјето на натпреварувачите. Марио Брезовски е првиот македонски триатлонец кој се квалификувал на едни Младински олимписки игри. Тој настапи во спринт триатлон (750 метри пливање, 20 километри велосипедизам и 5 километри трчање) и го заврши натпреварувањето на 24. место со време од 59:06 минути. Особено впечатлив беше неговиот пливачки дел, во кој Марио излезе прв од водата, пред сите останати натпреварувачи. Неговиот настап беше обележан со висока конкурентност и борбеност, потврдувајќи го потенцијалот што го носи. „Младите спортисти навистина ме воодушевија со својата посветеност, дисциплина, одговорност и односот кон обврските во текот на целиот престој. За мене, како шеф на делегацијата, беше особено задоволство да ги следам не само нивните тренинзи и настапи, туку и начинот на кој се претставуваа надвор од спортските терени. Ова беше многу повеќе од натпреварување, беше можност да растат како спортисти и личности. Настапите во Дакар треба да се вреднуваат не само низ призмата на конечните пласмани, туку и преку постигнатите лични резултати, конкурентноста, спортскиот напредок и искуството стекнато во меѓународна конкуренција. Финалето и најдобриот резултат на Ева, настапот на Петар во изменети околности и историското учество на Марио се три различни, но подеднакво важни приказни за младинскиот спорт во Македонија“, истакна Елена Зисовска Апостолска, шефица на македонската делегација. Зад настапите на македонските спортисти стоеше и посветен тренерски тим, составен од Горан Стаменов, тренер по пливање, Данчо Ѓорѓијевски, тренер по триатлон и Божурка Ѓошевска, тренерка по атлетика, чија стручна работа и поддршка беа важен дел од подготовките и настапите на спортистите. Македонскиот олимписки комитет им честита на спортистите, нивните тренери и националните спортски федерации за вложениот труд, посветеноста и достоинственото претставување на државата. Младинските олимписки игри се завршени, но за овие млади спортисти тие се само една важна станица на патот кон нови спортски предизвици. Македонија беше дел од историјата, а иднината на македонскиот спорт продолжува да се гради токму преку ваквите генерации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски ќе зборува за економските политики и предизвиците на регионот на 23-тиот Виенски економски форумЗаменик претседателот на Владата, Александар Николоски e во работа посета на Виена, Австрија, каде учествува на 23-от Виенски економски форум.Оваа година Виенскиот економски форум се реализира под мотото “ Виенски дијалог за иднината 2026- заедничка визија за заедничка иднина, стратешки предизвици “ Во рамки на Форумот предвидено е обраќање на заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, на панел сесијата “Заедничка визија за долгорочна економска соработка” – на кој ќе се осврне на економските политики и соработката со земјите од регионот. Николоски ќе зборува и за стратешките инфраструктурни проекти кои се градат во државава. На Форумот предвидено е учество на членови на Бордот на Виенскиот економски форум, министри од земјите од Западен Балкан, преставници од ЕУ како и високи претставници на меѓународни финансиски институции. Покрај промоцијата на регионалните економски политики и соработка, на Форумот ќе се разговара и за предизвиците и проширирувањето на ЕУ. Виенски економски форум - „Виенски дијалог за иднината 2026“ е официјално признат од Европската Комисија во рамки на глобалниот настан на „Форумот за проширување на ЕУ 2026“. Целта на Виенскиот економски форум е промоција на развојот на регионалната економија од Јадранското до Црното Море и пошироко, како составен дел од европската и глобалната економија и нивно залагање за регионална економска соработка, европска интеграција и остварување на заедничките европски вредности во целиот регион.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook