Изјава на смртно болна девојка која шокира: Би сакала да имав рак на градите! - Канал 5

Изјава на смртно болна девојка која шокира: Би сакала да имав рак на градите!

Изјавата влегува во рамките на кампањата на британската Асоцијацијата на заболени од рак на панкреасот, кои на овој начин сакаат да ја подигнат свесноста за ова смртоносно заболување.

Изјава на смртно болна девојка која шокира: Би сакала да имав рак на градите!
25 годишната Кери Харви ја поддржа оваа кампања изјавувајќи: Би сакала да имам рак на дојка, и со тоа шокираше многумина, и предизвика бројни негативни коментари од болните од рак на дојка и нивните семејства.

Но таа останува на својата изјава - вели, во тој случај би имала повеќе шанси да преживеам!

Кери прв пат добила силни болки во стомакот во ноември 2012, но докторите дури во февруари 2013 и дијагностицирале рак на панкреасот. Сега и превидуваат уште смо 4 или 5 месеци живот.

- Знам дка вознемирив многу луѓе со тоа што го реков, но точно е. Ако имав рак на дојката наместо на панкреасот, речиси сум сигурна дека немаше сега да умирам. Наместо тоа, ми предвидуваат 4 до 5 месеци живот. Не се каам што го реков тоа јавно. Не велам дека е лесно да се борите со ракот на дојка, но ќе имав шанса да се борам и да преживеам. Во последно време се појавија грутки на мојата глава и во градите и знам дека за мене нема враќање - вели 25 годишната девојка.

Лавина негативни коментари предизвика нејзината изјава, со која таа ја поддржа кампањата на Асоцијацијата „Pancreatic Cancer Action“. На социјалните мрежи дури имаше коментари во кои на Кери не и посакуваат да биде меѓу 3% од пациентите со нејзината болест кои преживуваат неколку години наместо неколку месеци.

- Тоа е болно - вели свршеникот на Кери, Мет Бигин(30).

Kerry Harvey, with Matt who has become her full time carer



- Но ние ги игнорираме и тоа нема да не натера да ја повлечеме поддршката за кампањата. Кери е прерасна, како се соочи со својата болест е ивонредно! - вели Мат.

Кери и Мат во ова малку време што им остана планираат да се венчаат.

Али Стант која ја основа „Pancreatic Cancer Action“ откако успеала да го победи ракот на простатата, вели дека знаела дека нивната кампања ќе ги шокира луѓето и им се извини на оние кои ги повредила.

- Зборовите кои ги употребивме покажуваат како болните од рак на панкреас навистина се чувствуваат. Треба да ја покачиме свесноста за болеста која добива малку внимание. Се бориме за подобра шанса болните да се изборат со болеста./извор: Дејли меил

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европа повторно на улица: Протести во Франција и Португалија против растечките трошоци за живот

Илјадници луѓе повторно излегоа на улиците во Франција и Португалија, со барања за повисоки плати и пензии и подостапен дом, односно против растечките трошоци за живот.

Европа повторно на улица: Протести во Франција и Португалија против растечките трошоци за живот

Во Франција ова беше шеста последователна сабота на демонстрации. Според министерството за внатрешни работи, низ земјата протестирале над 80 илјади луѓе од кои над 20 илјади излегле на улиците во Париз. Иако бројот на демонстранти во Франција се намалува, организаторите велат дека протестите ќе продолжат.

Во Португалија, пак, домувањето веќе не е споредна социјална тема, туку едно од главните прашања на куповната моќ.

Илјадници луѓе протестираа на улиците во центарот на Лисабон. Според синдикатите, во протестот учествувале илјадници луѓе кои поминале на два од главните булевари во Лисабон со чадори и мантили поради обилните дождови. Полицијата не објави проценка за нивниот број.

Португалија се соочува и со една од најлошите кризи со домувањето во Европа. Цените на куќите се зголемија повеќе од двојно од 2017 година, а наемите според новите договори речиси двојно се зголемија, при што главно се засегнати младите луѓе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Во најтешка состојба се СДС со показатели кои покажуваат дека пензиите и платите растат, инфлацијата е под контрола..

Во најтешка состојба се СДС со показатели кои покажуваат дека пензиите и платите растат, инфлацијата е под контрола и цени на енергенсите најниски во регионот

ВМРО-ДПМНЕ: Во најтешка состојба се СДС со показатели кои покажуваат дека пензиите и платите растат, инфлацијата е под контрола..

СООПШТЕНИЕ, РЕАКЦИЈА НА СДС

Тешко е да се биде СДС во опозиција изминатиов период.

До толку се дојдени во исклучително тешка состојба, што веќе ниту знаат каде тераат, ниту умеат да ги читаат официјалните податоци, па преминуваат на она што најдобро знаат, со лаги и манипулации да ги заплашуваат граѓаните дека недостигаат пари.

ПИОМ е во стабилна состојба, пари има и пензиите редовно се исплаќаат, ниту еден денар на граѓаните не е загрозен. Напротив, над 300 илјади пензионери за две и пол години добија покачување на пензиите за седум илјади денари.

Тоа им смета на СДС кои, очигледно, сакаат пензионерите да бидат како во нивно време, понижени, непочитувани и без соодветни примања за достоинствен живот.

СДС имаат замерки и за платите кои не знаат или не сакаат, да ги читаат официјалните податоци и показатели, или пак не им одговара што платите во сите сектори, согласно и со колективни договори, се зголемуваат. Пред некој ден Државниот завод за статистика излезе со официјални податоци за месец септември, според кои реалната нето-плата споредено со септември 2025 година е зголемена на 5,2%.

Од друга страна зборуваат за поскапувања, а не гледаат дека инфлацијата во Македонија е најниска од земјите во регионот и далеку под европскиот просек, а економски раст десетти квартал по ред, откако ВМРО-ДПМНЕ ја предводи владата, е над 3%.

А во ек на светска енергетска криза Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со преземените конкретни мерки и активности успева цените на нафтените деривати да ги задржи на најниско ниво од земјите во регионот.

Сумирано, пензиите се стабилни, покачени и тие редовно се исплаќаат, платите се зголемуваат, економијата се стабилизира и заживува, инфлацијата е под контрола и далеку под европскиот просек, а цените на енергенсите се најниски во регионот.

Исто така, сметаме дека и оваа не е доволно, затоа што граѓаните заслужуваат уште повеќе и подобри услови и животен стандард и за тоа ќе се бориме и ќе работиме секој изминат ден.

Така што, со вакви показатели во најтешка состојба се токму СДС. Нека им е со лесно, ние нема да се откажеме од подобар живот за македонските граѓани, за на нив да им биде полесно.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи посветено и макотрпно да работи за повеќе инвестиции, повеќе капитални проекти, повеќе работни места и поголем економски раст.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Мајли Сајрус на тајна венчавка стапи во брак

Светската музичка ѕвезда, Мајли Сајрус се омажи. Се запознале на состанок на слепо, а сега тајно го кажале судбоносното „да“.

Фото: Мајли Сајрус на тајна венчавка стапи во брак

Мајли Сајрус и Макс Морандо се венчаа на интимна церемонија на 21 ноември.

Мајли Сајрус и Макс Морандо официјално го кажаа судбоносното „да“. Како што пренесува порталот „Entertainment Tonight“, парот стапи во брак на 21 ноември во Палм Спрингс.

Во јавноста протекоа многу малку детали за самата церемонија, што не е изненадувачки со оглед на тоа што подготовките ги чуваа подалеку од очите на медиумите.

Извор близок до парот уште во март 2026 година за списанието „People“ откри дека тие не сакаат голема прослава, туку сонуваат за „помала и поинтимна“ свеченост.

„Мајли имаше свои замисли за тоа како сака сè да изгледа, но не планираше некаков огромен, традиционален настан. Макс е исклучително повлечен и едноставно не е таков тип на човек.

Нивната венчавка беше замислена како нешто помало, што ќе има посебно значење за нив двајцата, а не како голема холивудска продукција“, изјави тогаш изворот.

Пејачката ја потврди свршувачката во декември 2025 година, кога на премиерата на филмот „Avatar: Fire and Ash“, позирајќи со Морандо, за првпат го покажа својот свршенички прстен со дијамант. Во јули оваа година, Морандо за списанието „Wonderland“ откри како се запознале во 2021 година.

„Сем од мојот бенд ’Liily‘ – односно пријател на неговата сестра – ја познаваше Мајли. Тие едноставно ни организираа ’состанок на слепо‘. Од перспектива на Мајли, тоа веројатно не е ни возможно во вистинската смисла на зборот, бидејќи таа е постојано под будното око на јавноста. Но, ако постоеше некаков начин таа да отиде на состанок на слепо, тогаш ова беше најблиску до тоа“, рече тој.

Тие веднаш почувствуваа силна поврзаност уште при таа прва средба и оттогаш, како што вели тој, „едноставно не се разделија“.

На Морандо му требаше одредено време за да се навикне на огромното внимание што Сајрус го привлекува каде и да се појави. „Кога првпат ја запознав, тој дел ми беше прилично чуден. Никогаш претходно немав доживеано луѓе да те чекаат пред локали или во слични ситуации. Но, како што минуваше времето, сега е некако обратно. Дури кога ќе отидеме на некој јавен настан, се сеќавам која е таа всушност. Сепак, сакам да одам со неа на одредени настани за да ја поддржам во сè што прави“, призна Макс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер