Изградба на нова детска градинка во населбата Стопански двор - Канал 5

Изградба на нова детска градинка во населбата Стопански двор

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, денес изврши увид во градежните активности на новата детска градинка која се гради во населбата Стопански Двор.

Изградба на нова детска градинка во населбата Стопански двор

Изградбата на објектот се одвива со одлична динамика, по отстранување на неколку административни пречки, со што се обезбеди забрзано продолжување на реализацијата на овој капитален проект од областа на предучилишното образование.

Новата градинка ќе има капацитет за над 100 деца, од кои околу 30 дечиња на возраст од 0 до 2 години ќе бидат сместени во јаслени групи на приземјето, а останатите ќе бидат распределени во четири занимални на првиот кат. Објектот се простира на вкупна површина од 898 м², распоредени на приземје и кат, со современи услови за згрижување, игра и развој на најмладите жители на општината.

„Со изградбата на оваа градинка во Стопански Двор правиме значителен чекор кон решавање на долгогодишниот проблем со недостиг на капацитети за згрижување деца во Ѓорче Петров. Посветени сме кон целосна елиминација на листите на чекање и обезбедување сигурно и квалитетно предучилишно образование за секое дете. Продолжуваме да инвестираме таму каде што е најважно – во иднината на нашите деца“, истакна градоначалникот Александар Стојкоски.

Општина Ѓорче Петров останува посветена на континуирано унапредување на инфраструктурата за најмладите, како еден од стратешките приоритети во делот на образованието и грижата за семејствата.

Давиде Анчелоти на клупата на Ботафого

Бразилскиот фудбалски клуб Ботафого го назначи за нов тренер Давиде Анчелоти, кој е син на селекторот на бразилската репрезентација Карло Анчелоти.

Давиде Анчелоти на клупата на Ботафого

Триесет и петгодишниот Анчелоти досега му беше помошник на својот татко во Баерн, Наполи, Евертон и неодамна во Реал Мадрид, од каде двајцата заминаа на крајот од минатата сезона.

Давиде Анчелоти потпиша едногодишен договор со Ботафого и седнува на клупата на местото на Ренато Паива, кој доби отказ минатата недела откако беше елиминиран од Светското клупско првенство на ФИФА, иако неговиот тим претходно го победи европскиот шампион ПСЖ.

Во осминафиналето, Ботафого беше елиминиран од бразилскиот ривал Палмеирас со 1-0 по продолженијата, со што заврши тренерскиот ангажман што Паива го почна пред четири месеци.

Голема акција против нарко-дилери во Турција – уапсени 65 лица

Турската полиција уапси 65 лица во голема акција против трговијата со дрога во градот Текирдаг, соопшти министерот за внатрешни работи Али Јерликаја на социјалната мрежа Икс.

Голема акција против нарко-дилери во Турција – уапсени 65 лица

Од уапсените, 35 останале во притвор, а 30 лица се ослободени со мерки на претпазливост.

Операцијата, која била подготвувана три месеци, вклучувала следење на улични дилери, како и лица кои нуделе дрога преку социјални мрежи и апликации за пораки.

– Во текот на тие три месеци спроведовме интензивна теренска работа и анализи. Ги следевме осомничените со технички средства и преку физичко присуство. Собравме докази за сите обвинувања, изјави Јерликаја.

Во акцијата учествувале 320 припадници на жандармеријата, вклучително и 13 моторизирани тимови, седум командоски единици и две специјално обучени полициски кучиња.

Ангелов: Човечкиот фактор е причина за дел од пожарите

 Тоа апсолутно зборува за намерни палежи затоа што ако ние дојдовме таму по два часа, немаше да ги најдеме палетите, ниту остатоците. 

Ангелов: Човечкиот фактор е причина за дел од пожарите

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов во контекст на сомневањата дека дел од пожарите се подметнати изјави дека пожарникарите кои учествувале во гаснењето на пожарот во Чучер Сандево на повеќе места нашле запалени палети и им мирисало на бензин.

- Тоа апсолутно зборува за намерни палежи затоа што ако ние дојдовме таму по два часа, немаше да ги најдеме палетите, ниту остатоците. Ќе имаше само пепел, рече Ангелов синоќа во гостување на телевизија Телма.

За пренамената на возилата на интервентната пожарна, Ангелов рече дека се правени со поддршка на општествено-одговорни компании, без средства од Владата.

- Во овој момент во државата постојат Републички сили за заштита и спасување или тим за заштита и спасување кои што се составени од тим за брз одговор. Во овој момент, најслично име што ќе го носи оваа единица е специјален тим за брз одговор. Сега работиме на прилагодување на одредбите, но и тоа бара време. Не заборавајте дека еден и пол месец сум директор. Направив 100 промени за овој месец и пол, истакна Ангелов.

Негова цел, како што кажа, е да се формира специјална единица за заштита и спасување за која, како што рече, е цврсто решен да ја направи.

- Ние имаме резервен состав на противпожарни сили, ако можам да кажам, тоа се доброволните противпожарни друштва кои што имаат извонредни припадници, но тие не се професионални пожарникари. Се ангажираат претежно летно време за гаснење на исклучиво шумски пожари и пожари на отворен простор, но, не гледам причина овие луѓе да бидат ангажирани за гаснење на урбани пожари, со мала дообука, иако, според мене, не им е потребна, рече Ангелов.

притисни ентер