МакедонијаИзгореа над 20 дуќани со текстилна роба во пожарот во Шуто Оризари- Наместо мирен сон - страв, паника и борба со огнената стихија за да се спасат повеќе објекти. Ова е она што зад себе го остави синоќешниот пожар во Шуто Оризари.Пеплосани се повеќе дуќани во близина на пазарот во општина Шуто Оризари, а според информациите на Центарот за управување со кризи, пожарот избувнал во раните утрински часови. Повредени и жртви нема, но борбата на пожарникарите со пламените јазици траела неколку часа. -Во периодот од 03:31 до 06:45 часот, со 15 пожарникари и 6 Против пожарни возила, се гаснале запалени трговски дуќани на улица Индира без број во Општина Шуто Оризари. - ЦУК Дел од граѓаните на Општината утрово се разбудиле во страв, а некои од нив се сомневаат и дека пожарот е подметна и бараат реакција од надлежните органи. – Жал ми е што да гледам, ова е трагедија. Сега кој го запалил тоа, треба да се бара да се гледа, има и камери. Да бркаат работа, да видат кој е тој што ризикувал ова да го пали, значи тоа е некој голем мангуп, за него се знае што треба. – Ова гореше околу 4,5 сабајле, ние спиевме, и кога станавме сабајле да одиме на работа, ние гледаме дека гореле овие бутици тука, греота се луѓето, не знам дали ќе познат кои гореле. Страшно беше, ние тоа време спиевме кога запалиле, и станувам одма гледам дека е запалено се. – Сабајле поминав со колата со баџанакот имав нешто работа, кога видов, ова е хаос, срамота е ова, ова вака што е направено е многу срамота. Тие што го направиле се штета за општеството, пример кој и да го направил што направил, значи тоа не е лојален граѓанин. Официјално од Министерството за внатрешни работи засега нема информации за причината за пожарот. И од мвр потврдуваат дека нокеска се опожарени над 20 дуќани со како што се наведува во соопштението , со текстилна и друга роба сопственост на лице со иницијали с.с. кои биле дадени под закуп. -Денеска околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето Шуто Оризари опожарени биле над 20 дуќани со текстилна и друга роба сопственост на С.С. кои ги има дадено под закупнина. -Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје. Повредени лица нема. Ќе биде извршен увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот, наведуваат од МВР. Иако пожарот уште од раните утрински часови целосно е изгаснат, непријатна миризба и натаму се чувствува ширум општината, посебно во непосредна близина на изгорените објекти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаМЗТ Скопје Аеродром во ЕвропаМакедонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром по пауза од повеќе од 25 години се враќа на европската сцена, каде што во вторник (6 октомври) со почеток во 19:00 часот, во спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе го пречека тимот на Ираклис.Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром по пауза од повеќе од 25 години се враќа на европската сцена, каде што во вторник (6 октомври) со почеток во 19:00 часот, во спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе го пречека тимот на Ираклис од Грција. Пресметката на теренот ќе биде кулминација на една вечер за паметење, која ќе започне неколку часа претходно пред спортскиот центар „Јане Сандански“. Почнувајќи од 17:00 часот, посетителите ќе може да уживаат во одлична музика со DJ Alen, вкусна храна, ладно пиво и други пијалоци, додека за најмладите навивачи е обезбедено цртање на лица во боите на клубот. Исклучително возбудлив дел од пред-натпреварувачката програма ќе биде ADMIRAL FREE SHOOT CHALLENGE-натпревар во слободни фрлања со богат награден фонд (iPhone 17, спортска опрема и друго). Ова е одлична можност за присутните да ја покажат својата прецизност и да освојат примамливи награди. Билетите за овој спектакл се веќе пуштени во продажба по цена од 200 денари и истите може да се набават преку продажната мрежа на mktickets.mk. Веруваме дека настанот пред спортскиот центар дополнително ќе ги обедини навивачите, нивните семејства и сите останати љубители на кошарката низ една богата и интересна двочасовна програма. Потоа, дружењето го продолжуваме на трибините, со силна поддршка за МЗТ Скопје во овој голем европски предизвик!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноВејн Руни по двете трансплантации ја осигурал својата коса Европскиот фудбалски великан Вејн Руни одлучил да ја осигура својата коса. Легендата на англискиот фудбал и на „Манчестер Јунајтед“ – кој сега има 40 години – пред повеќе од една деценија се подложи на две постапки за трансплантација на коса за да го реши проблемот со опаѓањето на косата. Тој сега е толку задоволен од својот изглед што одлучи дополнително да ги заштити резултатите од тие зафати. Руни, кој моментално работи како фудбалски аналитичар и ко-коментатор во емисијата *Match of the Day*, откри дека поседува полиса за осигурување на својата коса. Тој го обелодени ова во најновата епизода од документарната серија за неговото семејство, *The Real Rooneys*, која се прикажува на платформата Disney+. Пред да замине на скијање, тој потврди дека ја осигурал својата коса, додавајќи дека тоа е единствениот дел од неговото тело што некогаш го осигурал. Во последните месеци, Руни значително го промени својот изглед, а особено внимание привлече неговата фризура. Поранешниот напаѓач исто така имаше операција на носот, откако двапати го скрши за време на својата играчка кариера. Покрај тоа, тој изгуби значителна тежина откако престана да консумира алкохол, почна да се храни поздраво и редовно вежбаше во теретана. Руни својата трансформација ја припишува на новите животни навики и ги отфрла шпекулациите дека користел инјекции за слабеење. За оваа тема тој зборуваше во емисија во која учествуваа и неговата сопруга Колин (40) и нивните четири сина – Каи (16), Клај (13), Кит (10) и Кас (8). „Се чувствувам одлично. Веќе некое време не пијам алкохол. Едноставно сакав да се чувствувам поздраво и да бидам поздрав“, рече Руни. „Исхраната ми е многу подобра и тренирам. Сите зборуваат дека користам инјекции за слабеење, но тоа не е точно – сакам да го разјаснам тоа. Навистина се трудам да изгледам подобро и да бидам поздрав.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Прес-конференција на претседателката на ЕK, Урсула фон дер Лајен и премиерот Христијан Мицкоски 13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00Фон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49
Прес-конференција на претседателката на ЕK, Урсула фон дер Лајен и премиерот Христијан Мицкоски 13:20
СветТрамп ќе побара од европските земји да ослободат дел од своите резерви на дизелДоналд Трамп изјави дека можеби ќе побара од европските земји да ги ослободат дел од своите резерви на дизел, додека размислува за забрана на извозот на ова гориво од САД пренесува Би-Би-Си.Коментарот на американскиот претседател уследи откако министерот за финансии Скот Бесент ја повика Европа да се подготви за итно ослободување на залихите на дизел, тврдејќи дека американските земјоделци, возачи на камиони и бизниси „Не треба да го носат товарот“ додека цените вртоглаво растат. САД се заканија дека ќе го ограничат извозот на дизел откако војната во Иран предизвика нагло зголемување на цените за американските гласачи пред ноемвриските избори. Вчера Обединетото Кралство одржа разговори со европските партнери за можното ослободување на резервите на дизел како одговор на евентуалната забрана. Забраната за извоз би го преплавила американскиот пазар со дизел и би можела значително да ги намали цените за американските возачи. Сепак, експертите предупредуваат дека таквата забрана би извршила дополнителен притисок врз цените на дизелот во другите земји, освен ако тие не можат да обезбедат дополнителни залихи. Цените на бензинот и дизелот на глобално ниво вртоглаво пораснаа по избувнувањето на конфликтот меѓу САД и Иран во февруари. Затворањето на виталниот Ормутски теснец преку кој вообичаено се транспортира околу една петтина од светската нафта и гас, доведе до поскапување на производите добиени од нафта.Забраната за извоз од Русија, која исто така е голем снабдувач на дизел, дополнително придонесе за притисокот врз цените.Тагови: Дизел Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook