Изгласан предлог за одземање на мандатот на Груевски, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа

Собраниската комисија за мандатно имунитетни прашња со 5 гласа даде зелено светло за одеземање на мандатот на Никола Груевски.

Но, се уште е неизвесно дали пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, ќе го поддржат ваквиот предлогот на Комисијата на пленарна, откако нивните гласови изостанаа на денешната комисиска седница, и покрај веќе изнесениот партиски став да се гласа согласно Уставот и Законите.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на седницата порачаа дека Груевски не е бегалец туку политички азилант во Унгарија, на кој не му било дозволено изминатите шест месеци да се пријавува за оправдано отсутен од Парламентот.

По денешната седница, од владејачката СДСМ обвинија за лицемерен и лажен став на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, порачувајќи дека нивните пратеници повторно застанале во одбрана на криминалот, уште еднаш повикувајќи ги на пелнарнарта седница да го стиснат зеленто копче.

Предлогот за одземање на мандатот доаѓа по шест месеци неоправдано отсуство на Груевски од собраниските клупи откако во ноември лани е во Будимпешта каде доби политички азил. За предлогот на мандатно имунитетната комисија да биде усвоен на пленарна седница, ќе бидат потребни најмалку 80 пратенички гласа.

Киев очекува испорака на првите авиони Ф-16 во јуни или јули

Неименуван украински воен претставник денеска изјави дека првите борбени авиони Ф-16 во Украина ќе бидат испорачани во јуни или јули.

Но, тој не наведе кои земји ќе испратат авиони Ф-16.

Украина бараше борбени авиони Ф-16 од САД за да се спротивстави на руската воздушна супериорност. /МИА

ДИК: За претседателските избори досега нема приговори, за парламентарните 17 приговори

До Државната изборна комиија поднесени 17 приговори кои се однесуваат на сумирање на гласовите за парламентарните избори.

За престедателските досега нема поднесено приговори, информира за Канал 5 портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска.

Кинескиот извоз на автомобили продолжува да расте

Извозот на автомобили во Кина силно порасна во април, бидејќи производителите бараа решение во странство за слабата домашна продажба, покажаа денеска податоците од Кинеската асоцијација за патнички автомобили (CPCA).

Извозот на автомобили скокна во април за 38 отсто во однос на истиот месец лани, со испорачани 417.000 возила, по речиси истиот процентуален раст во март, објави здружението. /МИА

притисни ентер