Издаден налог за апсење на поранешниот премиер на Непал поради обвиненија за перење пари - Канал 5

Издаден налог за апсење на поранешниот премиер на Непал поради обвиненија за перење пари

Властите во Непал издале налог за апсење на поранешниот премиер Шер Бахадур Деуба поради обвиненија за перење пари, соопштија судски извори.

Издаден налог за апсење на поранешниот премиер на Непал поради обвиненија за перење пари

Налогот за апсење, со кој е опфатена и неговата сопруга, поранешната министерка за надворешни работи Арзу Ране Деуба, бил издаден во вторникот од страна на судот во Катманду на барање на Одделот за борба против финансиски криминал.

Локалните медиуми јавуваат дека властите побарале помош од Интерпол за спроведување на потерницата бидејќи брачната двојка во моментот се наоѓа во Сингапур.

Шер Бахадур Деуба (79) беше премиер на Непал петпати од 1995 година и долгогодишен лидер на Непалската конгресна партија пред да биде сменет во јануари годинава.

Во објава на социјалните мрежи поранешниот премиер негира каква било вмешаност и го оцени случајот како „лажна пропаганда“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Кисела Вода субвенционира набавка на пелети и печки на пелети

Општина Кисела Вода објави два јавни повика за субвенции при набавка на пелети и печки на пелети, наменети за домаќинствата од општината. 

Општина Кисела Вода субвенционира набавка на пелети и печки на пелети

Средствата од Буџетот за 2026 година ќе се доделуваат преку Архивата, по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Со првиот јавен повик се нуди субвенционирање за набавка на пелети, за што е обезбеден буџет од вкупно 2.000.000,00 денари. Општината ќе кофинансира 50% од вредноста на набавените пелети, но не повеќе од 10.000,00 денари со вклучен персонален данок. Рокот за аплицирање трае до исцрпување на средствата, а најдоцна до 31.10.2026 година. Дополнителни информации можат да се добијат на електронската адреса [email protected].

Вториот повик се однесува на поддршка за купување на печки на пелети, намена за која се одвоени 300.000,00 денари. Преку оваа мерка ќе се покријат 50% од трошоците на домаќинствата за купување на печката, до максимален износ од 20.000,00 денари со вклучен данок. Услов е барателите претходно да немаат искористено субвенции за печка на пелети или инвертер од кој било извор во државата. Овој повик ќе биде отворен најдоцна до 30.11.2026 година, односно до исцрпување на предвидените финансии, додека за прашања е достапна адресата [email protected].

И за двата повика право на учество имаат домаќинствата кои не се поврзани на градското парно греење. Ќе се рефундираат средства за купувања извршени почнувајќи од 1 јануари 2026 година па сè до завршувањето на повиците. Како доказ е задолжително приложување на фискална сметка или фактура, како и извод од банка за извршена уплата во оригинална форма. Барањата можат да се подигнат од Архивата или од општинската веб-страница (www.kiselavoda.gov.mk), по што заедно со целосната документација се доставуваат исклучиво во затворен плик преку Архивата на Општина Кисела Вода до Комисијата за спроведување на постапката. Пријавите со непотполна документација или оние пристигнати по рокот нема да се земат предвид. Сите дополнителни информации се достапни на следните линкови:

https://opstinakiselavoda.gov.mk/wp-content/uploads/2026/07/peleti2026.pdf

https://opstinakiselavoda.gov.mk/wp-content/uploads/2026/07/pecki2026.pdf

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку 50 луѓе повредени во големиот земјотрес во јужна Јапонија

Големиот земјотрес што ја погоди префектурата Кумамото во јужна Јапонија предизвика уривање на голем број објекти, пожари, а најмалку 50 луѓе побарале лекарска помош.

Најмалку 50 луѓе повредени во големиот земјотрес во јужна Јапонија

По земјотресот во трговски центар во Кумамото се слушнала експлозија, се претпоставува дека има повеќе жртви. Повеќе луѓе се заглавени во трговскиот центар, а сè уште е непозната причината за експлозијата.

На снимките на НХК се гледаат оштетени мостови, товарен воз излетан од шини и испукани патишта на островот Кјушу и најмалку 12 урнати куќи.

Регионалната електроенергетска компанија „Кјушу Електрик Пауер“ соопшти дека не открила никакви неправилности во работењето на нуклеарните централи сендај и генкај, но земјотресот предизвикал прекин во електроснабдувањето поради што околу 45.000 домаќинства се без струја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Влада: Обезбедени се над 10 милиони евра за откуп на оризова арпа и грозје вранец

Владата донесе Одлуката со која се менуваат и дополнуваат условите за користење на средствата од компензационите фондови. 

Влада: Обезбедени се над 10 милиони евра за откуп на оризова арпа и грозје вранец

Постојната кредитна линија што се реализира преку Развојната банка добива конкретна намена за финансирање на откупот на оризова арпа и винско грозје од сортата вранец.

Одлуката ја носиме пред главниот период на откуп, кога на компаниите им се потребни значителни средства за преземање на производите, а приходите од нивната продажба или преработка се остваруваат подоцна.

Со овој инструмент создаваме финансиска основа откупот да се одвива навремено, а предадениот род да биде исплатен во утврден рок.

Се активираат расположливи средства од постојната кредитна линија и слободни средства со кои управува Развојната банка. Вкупниот расположлив износ, изнесува 793.481.723 денари или околу 10,1 милиони евра. Од нив, 240 милиони денари се наменети за откуп на оризова арпа, а 553.481.723 денари за откуп на винско грозје од сортата вранец.

Барањата во рамките на секој од двата износи ќе се разгледуваат според редоследот на пристигнување. Максималниот износ на кредитот за откуп на вранец ќе изнесува до 130 милиони денари, а за оризова арпа до 30 милиони денари.

За оризовата арпа е предвиден рок на отплата до шест месеци, а за грозјето до девет месеци. За двете намени се предвидени грејс-период до три месеци и квартална отплата. Каматната стапка ќе биде фиксна и ќе изнесува еден процент годишно, без еднократна провизија за управување со кредитот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер