3Австралија соопшти дека вештачката интелигенција на „Опенаи“ извршила упад во владин портал за здравствени податоци
МакедонијаИзбувнувањето на повеќе пожари во истовреме не е случајност, вели АнгеловДиректорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов останува на ставот дека негова перцепција е оти избувнувањето на пожарите не е случајност и оти се работи за хибриден напад на Владата. -Од разговорот со сопствениците на „Ф Групација“ во чиј објект со електронски отпаден материјал во Трубарево вчера избува пожар беше укажано оти настанување на пожар во ваков обем бара сериозен напаор. Самозапалувањето не почнува со толку силен интензитет. Вчера во исто време имавме два пожари. Еве да претпоставиме едниот случајно да избил, но два пожари во исто време веќе не верувам дека се случајност, рече Ангелов на денешната прес-конференција во Владата. Како што рече, се започнало со Вардариште и кога тоа го средиле и престанала да гори дивата депонија, а чадењето било сведено на минимум и безмалку да го немало, се запалила Дрисла. -Пред два три дена се запали и депонијата во Шутка, а вчера се запали овој отпад електронски отпад. Значи премногу случајности. Јас во нив не верувам. Имам право да се сомневам, но, морам да укажам дека е многу тешко да се докаже. Ако отидете на лице место, ако некој подметнал пожар трагите изгореле во него. Тоа е нашиот основен проблем. Тешко се докажува, бидејќи ако и некаде воопшто имало камери и тие изгореле. Затоа велам дека мојата перцепција е оти се работи за хибриден напад. За мотивите може да погодуваме, но во средина на септември да има вакви тешки пожари едноставно е неочекувано или невозможно, рече Ангелов. Додаде дека и при пожарот во Дрисла кога луѓето дошле на лице место по неколку минути линијата на пожарот била подолга од 50 метри, потенцирајќи, оти било невозможно, кога би станувало збор за самозапалување, тој да има таков обем и динамика. Тоа, вели, се случило и вчера. Нагласува дека и многу од пожарите што се случија летово биле подметнати, и оти во одредени случаи нашле запалени гуми или палети кои мирисале на безнин. -За повеќе пожари најдовме докази, иако тешко се обезбедуваат докази кои што би биле издржани на суд затоа што тие горат заедно со пожарот. Во една прилика кога објавив фотографија од 30-тина гуми автомобилски тие не беа ставен на куп да бидат запалени врз тревата, туку на повеќе места. Тоа е еден од методите, се премачкува гумата со бензин, се пали, се пушта да се тркала по удолница. Таа влегува во шумата удура во дрвата и по некое време некаде сопира и продолжува со горење, потенцира директорот на ДЗС. Вчера посочи имало и пожари на отворено во Велес и Пробиштип. Порарот на Пониква, посочи, брзо го изгаснале пред да се прошири во шумата. И за него вели, има основано сомневање дека бил подметнат. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов очекува во текот на денот чадењето од пожарот во Трубарево да биде намалено или пак целосно сопрено. Вели дека повеќе од половината е затрупан со песок, кој според совети од стручни лица, се држи воден, за да престане чадењето. -Има камиони кои носат песок, со кој со механизација се затрупува пожарот. Има доволно механизација и кога би имало повеќе возила не би можело да се работи, затоа што станува збор за локација со потесни улици и потежок е пристапот, рече Ангелов на денешната прес-конференција во Владата. Додаде дека за полесно да пристапат до локацијата бил направен насип на канал за да може да се движат возилата за локализирање и гаснење на пожарот. Смета дека било направено се што е потребно и оти оптимално биле искористени сите ресурси. За гаснење на електронскиот отпад била побарана и помош од ОКТА и ТАВ Македонија, кои, како што рече, обезбедиле пена за гасење и ЦУК. Пожарот го гаснеле скопски пожарникари, БТР возила, армиски и полициски хеликоптер и еден ер-трактор. Сето ова, нагласи Ангелов, овозможи пожарот да не се прошири и да зафати уште дав - три објекти во кои имало пластичен отпад. Ангелов не сподели информации за тоа какви и колку штетни материи има во воздухот, истакнувајќи дека утрово тие секако се помали од вчера и оти „колку сте поблиску до местото на пожарот, толку загадувањето е поголемо“. Најави дека надлежните институции во текот на денот ќе излезат со прецизни информации од извршени мерења. Со оглед оти станува збор за локација која е на граница со населено место, на населението му беше препорачано да се евакуира, особено она што било во круг од околку 100 до 150 метри од локацијата на пожарот. Ангелов нема информација дали и колкав број од населението што е во близина се евакуирало на други локации. На новинарско прашање дали имало камери и обезбедување на опожарениот објект, директорот на ДЗС истакна дека не знае дали имало камери, но и оти ако имало тие изгореле во пожарот. Тагови: стојанче ангелов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00
МакедонијаПетрушевски: Владата носи инвестиции и продлабочување на соработката со ВашингтонВладата носи инвестиции и продлабочување на соработката со Вашингтон, затоа СДС и Филипче подобро да размислат што можат да прават реално за граѓаните, а не само да шетаат во Дубаи и по Егејот . Венко Филипче и талогот од СДС деновиве се обидуваат да покажат наводна загриженост, па предлагаат закони за земјоделците, за минималната плата, а вчера збореа биле загрижени и за пензионерите. Исто така покажуваат загриженост дека бил загрозен македонскиот идентитет, и дека Македонија била изолирана. Но, му верува ли некој на Филипче? Има ли воопшто простор да му се верува? Секако дека не! А зошто? Затоа што по сите криминали од периодот на владата на СДС, како и сите жртви од модуларната болница во Тетово и од короната кои му се багаж на Филипче не може да му се верува. А граѓаните паметат и кој ја распродаваше државата. Од друга страна, граѓаните гледаат каква промена настанува во Македонија. Деновиве премиерот Мицкоски од САД најавува дополнително продлабочување на стратешкото партнерство со Вашингтон, инвестиции во антимон, дата центри, и енергетика. А Филипче со партискиот учител и другар Зоран Заев ќе останат познати само како лица кои додека беа на власт се грижеа само за личните интереси и попатно распродаваа се од Македонија. Во оваа ситуација понудата од талогот на СДС се само лаги и хистерија, затоа овој период е најдобро да се посветат на консолидација и да се преиспитаат што може да направат освен да се шетаат во Дубаи и по Егејот. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Знаењето е сила, инвестираме во обука за финансиски писмени и независни жениОпштина Центар распиша јавен повик за учество во „Обука за финансиска писменост на жените“.На обуката можат да учествуваат жителки на Општина Центар, со најмалку завршено четиригодишно средно образование, кои се невработени и евидентирани во Агенцијата за вработување и се на возраст од 20 до 50 години. „Да се биде финансиски писмен е клучно за секој поединец, без оглед на полот, за да може да донесува добри финансиски одлуки и да изгради сигурна и стабилна финансиска иднина. Оваа обука е чекор кон поголема информираност, самостојност и економско зајакнување на жените. “, порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Целта на обуката е развој на женското претприемништво и финансиската писменост, што ќе придонесе кон поголема економска независност и развој на претприемачкиот потенцијал на жените. Планираниот број на учеснички е 30, по принципот „прв дојден – прв услужен“. Пријавата за учество, заедно со потребната документација, може да се достави во Архивата на Општина Центар или по пошта на адреса: ул. „Михаил Цоков“ бр. 1, 1000 Скопје. Пријавата е достапна и на веб-страницата на Општина Центар ЈАВЕН ПОВИК за пријавување лица за „Обука за финансиска писменост на жените“ | Општина Центар .mk.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Кавадарци продолжува со големи вложувања во енергетска ефикасностКавадарци продолжува со големи вложувања во енергетска ефикасност, објави на својот профил на Фејсбук, првиот човек на градот, Митко Јанчев. Пред четири години бевме прва општина во државата која постави 200 kW фотонапонски панели на општинските објекти. Денес, таа приказна ја продолжуваме уште посилно. Фотоволтаичните системи се веќе поставени на сите 12 предвидени јавни установи, со вкупна инсталирана моќност од 355 kW. Ова значи едно – помали сметки за електрична енергија, поголеми заштеди и повеќе средства за други потреби на граѓаните. Посебно значајно е што фотоволтаичните модули се донација од „Пиксел гроуп“ во вредност од 4,5 милиони денари, инвестиција која директно се претвора во долгорочна корист за јавниот сектор и за целата заедница. Панели се поставени на: [🏛️] Локална самоуправа – 20,125 kWp [🏫] ООУ „Димката Ангелов Габерот“ – 20 kWp [🏫] СОУ „Ќиро Спанџов Брко“ – 15,64 kWp [🏠] Објект „Изворче“ – 25,3 kWp [🏠] Објект „Детелинка“ – 25,83 kWp [🏠] Објект „Гроздоберче“ – 46,5 kWp [🏠] Објект „Снежана“ – 50,02 kWp [🏠] Објект „Сонце“ – 25,3 kWp [🏥] ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – 71 kWp [🎭] Дом на култура „Иван Мазов Климе“ – 15,58 kWp [📚] Библиотека „Феткин“ – 16 kWp [⚖️] Основен суд Кавадарци – 24 kWp Од сончева енергија до помали трошоци. Од помали трошоци до повеќе инвестиции. [☀️] Кавадарци не чека промени. Кавадарци ги создава. Продолжуваме со инвестиции што остануваат и носат корист денес, утре и во годините што доаѓаат, стои во објавата на Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter