Серафимовски и Муја: Посилни институционални врски за поголема размена на земјоделски и прехранбени производи меѓу Македонија и Косово
2Серафимовски и Муја: Посилни институционални врски за поголема размена на земјоделски и прехранбени производи меѓу Македонија и Косово
РакометИзбраниците на Лазаров ги стартуваа подготовките за Светскиот шампионатНајдобрата машка ракометна репрезентација на Македонија денеска денеска во Стара Пазова ги започнува со подготовките за Светското шампионат кој на почетокот на 2025 година ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка.Селекторот Кире Лазаров на подготовките во Стара Пазаов повика 20 ракометари , меѓу кои ги наме досега стндардните Филип Талевски и голманот Мартин Томовски. Инаку црвено жолтите своите натпреварии на Мундијалот ќе ги игра во Вараждин, Хрватска. Наш прв противник на 15 јануари ќе биде фаворитот Унгарија, два дена подоцна играме против Гвинеја, а групната зафа ја завршуваме на 19 јануари против незгодната Холандија. Првите три селекции од нашата група обебзедуваат пласман во следната рунда на Шампионатот. Подготовките селекторот Лазаров ги започнува со 20 ракометари: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУтрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08
ТехнологијаФинска го стопира проектот за дата центар на „Google“ поради влијанието врз животната срединаФинска нареди прекин на работите на две локации за центри за податоци на „Google“, додека се чекаат задолжителните проценки за влијанието врз животната средина.Во септември, американскиот технолошки гигант најави инвестиција од 13 милијарди евра во дигиталната инфраструктура во Финска, наменета за развој на вештачка интелигенција. Компанијата го опиша проектот како своја најголема поединечна инвестиција во Европа. Истрага за сеча на шуми Финската надзорна агенција (LVV) во вторникот објави дека побарала од „Tuike Finland“ – компанијата што го застапува „Google“ – „веднаш, а најдоцна до 23 октомври 2026 година, да ги прекине сите подготвителни активности што значително би ја измениле животната средина“. Барањето се однесува на планираните проекти за центри за податоци во Мухос и Кајани. Агенцијата истражува дали „Tuike Finland“ исекла стотици хектари шума на овие локации без претходно да спроведе проценка на влијанието врз животната средина. Хана Халменпа, претседателка на Финското здружение за зачувување на природата, минатата недела изјави за „AFP“ дека во рамките на исчистената површина, која надминува 300 хектари, биле исечени „природни предели што требало да бидат зачувани“. „Tuike Finland“ мора да достави изјава и детален план за понатамошните чекори до 14 октомври. Доколку компанијата не го стори тоа, агенцијата најави можност за поведување постапка за присилно спроведување. Томи Муилу, раководител на одделот за животна средина во агенцијата „LVV“, изјави дека од локацијата веќе биле отстранети дрвја, бил отстранет површинскиот слој на почвата, биле изградени пристапни патишта и простори за складирање, а биле изменети и каналите за одводнување. „Google“ признава пропусти Портпаролот на „Google“, Сондре Ронандер, ги призна пропустите на компанијата. „Ги разбираме загриженостите и во овој случај не ги исполнивме нашите сопствени високи стандарди“, рече тој во изјавата за „AFP“. „Ќе ги разгледаме наодите на агенцијата „LVV“ и ќе постапиме во согласност со нивните упатства.“ Ронандер додаде дека компанијата „постапувала со добра намера“ и спровела еколошки студии и мерки. „Ја продолжуваме нашата долгорочна работа во регионот и развиваме планови за уредување на просторот и зачувување на биодиверзитетот, што вклучува садење дрвја на површина од 130 хектари во Мухос“, изјави тој. Финската министерка за животна средина и клима, Сари Мултала, смета дека проектите на „Google“ веројатно ќе се соочат со одложувања поради прашања поврзани со проценките на влијанието врз животната средина. „Ова е сериозна работа: сите компании што работат во Финска мора да го почитуваат законот. Во овој случај, тоа не се случи“, изјави Мултала за весникот „Helsingin Sanomat“ во вторникот. Извор: Индекс.хрТагови: Финска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУтрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08
МакедонијаЛишени од слобода 14 возачи и со еден е извршен службен разговор за „безобѕирно управување возило“10 возеле без положен возачки испит.Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 13 возачи и со еден извршија службен разговор поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, 10 управувале возило без положен возачки испит и тоа: И.М.(25) од Скопје, 17-годишен малолетник од с.Студеничани, скопско, Ј.Б.(28) од населба Драчево, скопско, З.Н.(50) од с.Уларци, општина Чешиново Облешево, К.С.(56) од Битола, К.Р.(52) од с.Велебордо, општина Маврово-Ростуше, Д.Д.(43) од Гевгелија, Р.С.(62) од с.Врапчиште, гостиварско, 16-годишник од Кочани и Б.П.(56) од с.Дулица, Македонска Каменица, кој возел без дозвола и под дејство на алкохол. Под дејство на алкохол возеле и И.А.(47) од Куманово, како и А.К.(45) од с.Трубарево, скопско, кој имал и активна забрана за управување. Со активна мерка забрана за управување на возило возеле А.Ш.(39) од с.Обедник, демирхисарско и А.А.(32) од с.Поум, струшко. Додека, романскиот државјанин Г.М.(43) на автопатот Гевгелија - Демир Капија управувал возило со брзина од 178 километри на час на место каде максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУтрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08
МакедонијаСерафимовски и Муја: Посилни институционални врски за поголема размена на земјоделски и прехранбени производи меѓу Македонија и КосовоДвајцата министри го нагласија значењето на редовната комуникација и координација меѓу надлежните институции за унапредување на билатералната соработка.Унапредувањето на соработката во земјоделството и трговијата со земјоделски и прехранбени производи беше тема на денешната официјална средба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, со министерот за земјоделство, шумарство и рурален развој на Република Косово, Арменд Муја. Двајцата министри го нагласија значењето на редовната комуникација и координација меѓу надлежните институции за унапредување на билатералната соработка, усогласување со стандардите на Европската Унија и размена на искуства во процесот на европската интеграција. Министерот Серафимовски истакна дека близината на пазарите и потенцијалот на земјоделството создаваат основа за продлабочување на економските односи меѓу двете држави преку посилна институционална соработка, поголема трговска размена и долгорочни партнерства меѓу производителите и компаниите од прехранбениот сектор. „За нашите земјоделци и компании, предвидливите услови за трговија се важни за сигурен пласман и планирање на производството. Со редовна институционална координација и почитување на стандардите за квалитет создаваме услови за развој на трговската размена. Во таквата соработка гледаме заеднички интерес за производителите, компаниите и потрошувачите во двете земји“, истакна министерот Серафимовски. Министерот Муја ја нагласи важноста на систематски пристап во билатералната соработка, со кој заедничките приоритети ќе се преточат во континуирана работа на надлежните служби и стручна размена меѓу двете министерства. „Наш приоритет е да ја зајакнеме и структурираме соработката меѓу двете министерства, со редовни институционални контакти и јасни канали на комуникација, истовремено унапредувајќи ја соработката во областа на безбедноста на храната, усогласувањето на сертификатите и стандардите и европската интеграција“, рече министерот за земјоделство, шумарство и рурален развој на Република Косово, Арменд Муја. Заменик-министерот Албрим Хоџа ја нагласи важноста на непосредната соработка меѓу надлежните органи, со посебен осврт на трговијата со млеко и млечни производи. „Соработката меѓу нашите институции треба да биде директна, брза и заснована на меѓусебна доверба. Кога станува збор за безбедноста на храната, особено за млекото и млечните производи со кои се тргува меѓу двете земји, важно е секое прашање да се разгледува врз основа на целосната документација, лабораториските резултати и континуираната комуникација меѓу надлежните органи. Нашата заедничка цел е јасна, заштита на потрошувачите и истовремено создавање услови за безбедна и непречена трговија меѓу Северна Македонија и Косово “, рече заменик-министерот Албрим Хоџа. На средбата присуствуваа и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Ивица Ангеловски.Тагови: Борче Серафимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter