Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
1Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
КултураИзбрани учесниците на овогодинешниот фестивал Литературни Искри 2016 По оценувањето на пристигнатите ракописи на конкурсот на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни Искри“, кој годинава се одржува по трет пат, жири комисијата ги објави авторите што влегуваат во конкуренција за награди и учество на фестивалот. Од организаторот на оваа манифестација НУЦК „АСНОМ“ - Гостивар, информираа дека жирито во состав Бранко Цветкоски, претседател, Габриела Петроска, член и Адем Абдулаху, член, ги оценило 125-те пристигнати ракописи во предвидениот рок на конкурсот. - Жирито констатира дека одѕивот оваа година е масовен и со поетскиот квалитет на очекуваното рамниште. При тоа го направи потесниот избор од конкурентите со вистинска поетска зрелост, естетска уверливост, поетичка инвентивност и свежина на поетската постапка која ќе претставува значаен влог во развојот на македонската и балканската поезија, се наведува во соопштението на организациониот одбор, кое вчера беше испратено. Во конкуренцијата за наградите: ГРАН ПРИ, Прва Награда, Втора Награда, Трета награда, Најдобра млада искра, Најдобар странски автор на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни Искри“ и автори кои ќе се претстават на свеченото отворање на фестивалот се: Исток Улчар од Скопје, Наташа Василевска Трајчевска од Струмица, Митре Мангоски Радождански од Охрид, Катја Вангелова од бугарскиот град Варна, Невриј Адеми од Гостивар, Надица Тренчева од Кавадарци, Слаѓана Ставрева од Скопје, Вања Савова од Бургас, Константин Карев од Гевгелија, Ивана Китаноска од Гостивар, Валентина Трајковска од Охрид, Маријана Давиткова од Кочани, Митко Гогов од Струмица и Пламен Димитров од бугарскиот град Пазарџик. Свеченото отворање на Фестивалот е во сабота 21-ти мај. Наградите ќе бидат соопштени и доделени на 22-ти мај во просториите на НУЦК „АСНОМ“ во Гостивар. Останатите, од селекцијата на жирито ќе бидат застапени во алманахот „Литературни искри“ 2016. Фестивалот се одржува трета година по ред. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРепубликанците го блокираа импичментот на Пит Хегсет, демократите најавуваат нов Републиканците во Претставничкиот дом на САД го блокираа обидот за импичмент на министерот за Одбрана Пит Хегсет.Со 211 гласа „за“ и 204 „против“ беше усвоен предлогот за упатување на осумте точки за импичмент до правосудниот комитет.Иницијативата ја поднесе републиканскиот конгресмен Томас Маси, но не доби поддршка од ниту еден друг републиканец. Демократите го обвинуваат Хегсет за злоупотреба на функцијата и незаконско наредување воени операции во Иран и Јемен.Во обвиненијата се споменуваат и американските напади врз бродови на Карибите, како и заробувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Хегсет ги отфрли обвинувањата, оценувајќи дека обидот за негов импичмент е политичка фарса.Тој ја бранеше воената политика на администрацијата на Доналд Трамп и тврдеше дека неговите наредби биле законски. Трамп и потпретседателот Џ.Д. Венс јавно застанаа во одбрана на министерот.Демократите, кои по среднорочните избори ќе ја преземат контролата врз Конгресот, најавуваат дека ќе разговараат за нова иницијатива. Незадоволството од војната во Иран беше и еден од факторите што влијаеја врз изборните резултати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПродолжува судењето за „Државна Лотарија“ каде обвинети се Артан Груби и Перпарим БајрамиДенеска продолжува рочиштето за предметот „Државна Лотарија“. Меѓу обвинетите се поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на Државна Лотарија, Перпарим Бајрами, како и уште шест лица.Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања при набавка на видеолотариски терминали. Според обвинението, со незаконско постапување на државната компанија ѝ била нанесена штета од околу 596 милиони денари, односно 9,7 милиони евра. Сите обвинети досега се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.Бајрами на судењето се појави откако претходно беше во бегство, а притворот му беше заменет со гаранција во недвижен имот вредна над 1,1 милион евра. На Груби кој исто така беше во бегство пред судењето, му беше укинат домашниот притвор, но останува без пасош и со други мерки на претпазливост.Тагови: Државна лотарија Артан Груби Основен кривичен суд Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
МакедонијаСо изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“Со изведување на докази на одбраната, која има најавено 240 сведоци, во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители. Процесот започна на 19 ноември минатата година, осум месеци по катастрофалниот пожар што се случи на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.Тагови: Основен суд Кочани Пулс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter