Сиљановска Давкова: Со 50 шефови на европски држави и влади, учествував на Самитот на Европската политичка заедница во Даблин
2Сиљановска Давкова: Со 50 шефови на европски држави и влади, учествував на Самитот на Европската политичка заедница во Даблин
3Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
КултураИзбрани петте книги во потесен избор за наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за 2026 годинаФестивалот ќе започне на 24 јуни 2026 година со традиционалното засадување на дрво во Паркот на поезијата од страна на годинашниот добитник на наградата Златен венец на СВП, Анеке Брасинга од Холандија.На годинешниот конкурс за наградата „Браќа Миладиновци“ 2026 година, организиран од страна на НУМ „Струшки вечери на поезијата“ – Струга, се пријавија 35 автори со вкупно 37 поетски книги објавени меѓу две фестивалски изданија, во период од 01.06.2026 до 01.05.2026 година Комисијата, согласно одредбите на истиот, по завршувањето на предвидените фази за својата работа, на состанокот одржан на 10 јуни го утврди поширок избор од 10 автори: 1. „Меко трње“ од Марија Ангеловска, (Скопје: ПНВ Публикации, 2026), (Скопје: Бегемот, 2026) , 2. „Во куќата“ од Николина Андова Шопова (Скопје: Бегемот, 2026); 3. „Сократовиот разговор во еден случаен свет“ од Даниела Андоновска – Трајковска, (Битола: Перун Артис, 2026); 4. „Длабок простор“ од , Зоран Анчевски, (Скопје: Арс Ламина, 2026); 5. „ДАРУМ est“ од Ирена Бабамова Стојчева (Скопје: Макавеј, 2026); 6. „Времето ќе ја истресе тишината“ од Мане Манушев (Скопје, Антолог, 2026); 7. „Со една четка два зајака“ од Владимир Мартиновски (Скопје: Арс Ламина, 2025); 8. „Ми се чини дека некаде слушнав дете“ од Тони Попов (Охрид: ЗПРКДУ – Креативна верига, 2025); 9. „Првата ноќ и вториот рај“ од Сузана В. Спасовска (Скопје: Слово, 2026); 10. „Болна земја“ од Братислав Ташковски (Скопје: Матица македонска, 2026), Жири-комисијата потоа едногласно ја утврди листата со потесниот избор од 5 поетски книги во конкуренција за наградата (наведени по азбучен ред според презимето на авторот): - „Меко трње“ од Марија Ангеловска (Скопје: ПНВ Публикации, 2026), - „Во куќата“ од Николина Андова Шопова (Скопје: Бегемот, 2026), - „Длабок простор“ од Зоран Анчевски (Скопје: Арс Ламина, 2026), - „Првата ноќ и вториот рај“ од Сузана В. Спасовска (Скопје: Слово, 2026), - „Болна земја“ од Братислав Ташковски (Скопје: Матица македонска, 2026). Жири-комисијата, согласно Правилникот за наградата, продолжува да работи во тајност до донесувањето на конечната одлука. Поетите од потесниот избор ќе имаат свое претставување на одделен настан на фестивалот, пред официјалното соопштување на добитникот, кое ќе биде на 26.06.2026 година, во 12:30 часот. Наградената книга покрај паричната награда добива и објавување на книгата во превод на англиски јазик, промоција и портрет на следното издание на Струшки вечери на поезијата. Фестивалот ќе започне на 24 јуни 2026 година со традиционалното засадување на дрво во Паркот на поезијата од страна на годинашниот добитник на наградата Златен венец на СВП, Анеке Брасинга од Холандија. Официјалното отворање ќе биде вечерта во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга со почеток во 20:30 Годинава Фестивалот ќе се одржи под фестивалското мото „Каде што живее поезијата“, кое е сообразено и со целокупниот визуелен концепт изготвен од креативниот тим на СВП, преку кој се посочува на кревкоста на традицијата и културата, но и за нејзината особеност и трајноста на зборот. За јазикот како куќа на поезијата, за внатрешното и светогледите, за идентитетите и разноликоста. Сето ова е одразено и низ целокупната програма на Струшките вечери на поезијата, кои годинава одбележуваат 65 години од своето постоење. Тагови: Струшките вечери на поезијата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаЃорѓиевски: Есенско разубавување на нашето Скопје!И во есенските денови, Скопје го облекуваме во бои што внесуваат свежина и топлина во нашето секојдневие.Денеска, вредните вработени во ЈП „Паркови и зеленило“ засадија есенски цветен расад во цветните леи во Градскиот парк, Парк Македонија, долж булеварите „Партизански одреди“, „Јане Сандански“ и „Александар Македонски“, како и во Реонскиот центар. Нов цветен изглед добија и фигурите „Штрк“ во општина Аеродром и „Торта“ во општина Чаир, кои ги освеживме и украсивме со сезонско цвеќе, миозотис и хризантема. Благодарност до сите вредни раце што секојдневно се грижат нашите паркови и јавни површини да бидат поубави и попријатни за секој скопјанец. Да го чуваме она што го разубавуваме, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСиљановска Давкова: Со 50 шефови на европски држави и влади, учествував на Самитот на Европската политичка заедница во ДаблинДенеска, заедно со 50 шефови на европски држави и влади, учествував на Самитот на Европската политичка заедница во Даблин, чија централна тема е „Европа: силна, безбедна и поврзана“.На панел-дискусијата „Градење на компетитивна Европа – иновација, поврзаност и достапна енергија“, говорев за поврзаноста меѓу европската конкурентност, иновациите, енергетската безбедност и интеграцијата на Западниот Балкан. Европа ја црпи својата сила од способноста различноста да ја претвори во соработка, а соработката во заедничко дејствување. Конкурентноста денес не може да се сведе само на капиталот, големината на пазарите или цената на работната сила, туку сè повеќе зависи од капацитетот да се поврзат знаењето, технологијата, инфраструктурата, енергијата и луѓето и тие врски да се претворат во иновации, продуктивност и одржлив раст. Западен Балкан не е надвор од Европа, туку е дел од нејзината историја, инфраструктура и безбедносна архитектура, при што Европа и Западниот Балкан ги опишав како „систем на поврзани садови“, во којшто случувањата во еден дел неизбежно влијаат врз другиот. Прашањето не е само како Западниот Балкан подобро да се поврзе со Европа, туку дали Европа може да си дозволи да остане недоволно поврзана со регион што се наоѓа на пресекот на нејзините стратешки правци, енергетски коридори, пазари и човечки потенцијал, објави на ФБ претседателката Гордана Сиљановска- Давкова. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
ЗабаваЌерката на Клаудија Шифер има 22 години и неверојатно личи на својата славна мајка (ФОТО)Клементин Вон, 22-годишната ќерка на супермоделот Клаудија Шифер и режисерот Метју Вон, ќе го има својот прв настап на престижниот париски бал Le Bal des Débutantes на крајот од месецот.Настанот, кој ги собира младите жени од некои од највлијателните семејства во светот, ќе се одржи на 28 ноември и се смета за еден од најексклузивните социјални настани во годината. Меѓу дебитантките оваа година ќе биде Олимпија Баез-Херера, внука на познатата модна дизајнерка Каролина Херера, пишува Hello!. Клементин има необична сличност со својата позната мајка, од која ја наследила својата препознатлива руса коса, а е заинтересирана за слични области - студира уметност и мода. Клаудија Шифер претходно откри дека двете нејзини ќерки, Клементин и 15-годишната Космина, обожаваат да ѕиркаат во нејзиниот плакар и да позајмуваат облека. View this post on Instagram A post shared by Clementine Vaughn 🍊 (@clementine) „Уживам гледајќи ги како составуваат модни комбинации. За генерацијата на моите ќерки, споделувањето облека, размената и носењето парчиња од втора рака е нешто сосема природно“, изјави Шифер за „Гардијан“ во 2023 година. Што е „Le Bal des Débutantes“? „Le Bal des Débutantes“ е традиционален париски бал чии почетоци датираат од 1957 година. Првично беше замислен како можност за млади жени од угледни семејства да се претстават во општеството и да се запознаат со потенцијални сопруги. Но, во 1997 година, Офели Ренуар го модернизира концептот и го претвори во гламурозен настан што ги слави младите жени, нивните семејства и нивните достигнувања. Балот е од затворен тип и ги собира членовите на кралските и аристократските семејства и ќерките на влијателни луѓе од светот на бизнисот, уметноста и модата. Посебна карактеристика на настанот се луксузните фустани создадени од познати светски дизајнери за дебитантките, додека на балот ги придружуваат одбрани кавалиери. Настанот има и хуманитарна цел. Семејствата учеснички собираат средства за добротворни организации со донации, а оваа година парите се наменети за истражување на срцеви заболувања и за Детската болница „Марија Фарери“. Овогодинешниот бал ќе се одржи во луксузниот хотел „Шангри-Ла Париз“, поранешната палата на принцот Роланд Бонапарта, од која се нуди поглед на Ајфеловата кула. View this post on Instagram A post shared by Clementine Vaughn 🍊 (@clementine) Кои се другите дебитантки? Заедно со Клементина, посебно внимание привлекува 21-годишната Олимпија Баез-Херера, внука на Каролина Херера, која на балот ќе носи фустан со потписот на нејзината баба. Меѓу гостите се австриската надвојвотка Зита, која ќе носи креација од Франк Сорбие, и Викторија де Ноај де Муши де Пуа, потомок на француски благороднички и кралски семејства, која го избра дизајнерот Гуо Пеи. На листата се наоѓаат и близначките Ешли и Брејси Астон, членка на кувајтското владејачко семејство Шајма Ал Сабах и Џулиет Липман, ќерка на коосновачот на издавачката куќа „Република рекордс“, која ќе носи фустан од Оскар де ла Рента.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20