КултураИзбрани финалистите за поетскиот фестивал „Литературни искри 2020"Организаторите на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри 2020" во Гостивар ги објавија имињата на поетите кои влегоа во финалето и ќе конкурираат за фестивалските награди.По конкурсот за годинашното седмо по ред, издание на манифестацијата, во конкуренција влегоа 146 автори во категориијата над 18 години и 29 автори во возрасната категорија до 18 години. – Годинава пристигнатите песни на конкурсот ги оценуваше жири комисија во состав: претседател, Бранко Цветковски (поет, литературен критичар, есеист, преведувач, публицист, издавач) и членовите: Весна Ацевска (поетеса, раскажувач, преведувач) и Габриела Петроска (професорка по македонски јазик, лектор), наведуваат од организацискиот одбор на фестивалот. Финалисти на „Литературни искри 2020" се Надица Тренчева (Кавадарци), Милчо Мисоски (Струга), Славица Урумова Марковска (Скопје), Емељ Туна (Скопје), Антим Атанасоски (Битола), Наталија Георгиева Иванова (Бугарија), Ведрана Петрова (Скопје), Иван Клариќ (Хрватска), Миле Лисица (Република Српска), Аида Ораховац (Црна Гора), Каја Панчиќ Миленковиќ (Србија) и Дилјан Димитров (Бугарија). Овие финалисти конкурираат за наградите: Гран при, Прва, Втора и Трета награда, Награда за најдобар странски автор и Најуспешна млада поетска искра. Наградите се плакети и комплети со книги. Претседателот на жири комисијата Бранко Цветковски за избраните финалисти вели: – Во песните од категоријата над 18 години, се среќаваат остварувања со стилска и јазична уверливост, со инвентини пристапи во ритмичката и семантичката димензија при градбата на поетското писмо, со еридираност достојна за почит, оценува Цветковски. Жирито наведува дека во оваа категорија има песни во кои е видлива разновидноста како во поглед на темите, мотивите и стилските белези на авторите, така и во однос на квалитетот на доставените творби. Оценката на Весна Ацевска за творбите во категоријата до 18 години, напоменува дека се тоа песни со јасни пораки и повик за поддршка на хуманите вредности и за промена на погрешните приоритети. – Има и личноисповедни песни со љубовни чувства или со елегичен тон заради неостварена љубов и разочараност, песни во кои се опеваат мајката, татковината, родниот крај или значајни личности од историјата. Песните се движат во рамките на почетнички поетски обиди, кои се потпираат на дидактичност или користат наративен пристап кон мотивите и темата, потенцира Ацевска. Годинешното издание на фестивалот ќе се одржи „он лајн" заради мерките кои се спроведуваат во земјава во насока на спречување на пандемијата. Организаторите на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри" напоменуваат дека поетското читање и соопштување на наградените ќе се одвива на 24 мај (недела) на фејсбук страницата на фестивалот. Деновиве се очекува да бидат објавени и имињата на авторите од двете категории кои според оценувањето на жирито ќе бидат застапени во заедничката поетска збирка„ ЛИТЕРАТУРНИ ИСКРИ 2020" Поетскиот фестивал се одржува во чест на Денот на сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј. /MИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПетрушевски: СДС, ДУИ и Таравари не бараат одговорност од Валбон Лимани затоа што е нивен кандидатКога Валбон Лимани вели дека не чувствува никаква одговорност за скандалот со водата во Гостивар, СДС, ДУИ и Таравари молчат.Истите оние кои секојдневно зборуваат за отчетност и бараат оставки, денес не бараат ниту извинување, ниту политичка, ниту морална одговорност од својот кандидат Валбон Лимани. Очигледно, за СДС, ДУИ и Таравари одговорност постои само кога се работи за политички противници. Кога се работи за нивните кадри, тогаш следуваат молк, оправдувања и заштита. Дали Валбон Лимани има политичка заштита од СДС, ДУИ и Таравари? Или за нив е поважно да го заштитат својот кандидат отколку да им објаснат на граѓаните како дојде до скандалот со водата? Граѓаните заслужуваат одговорност, а не молк. СДС, ДУИ и Таравари должат одговор дали стојат зад ставот на Валбон Лимани, дека никој не треба да понесе одговорност за она што му се случи на Гостивар. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОливер Спасовски ќе гостува вечерва во Вести Плус Вечерва во Вести Плус ќе гостува Оливер СпасовскиПочитувани, вечерва во Вести Плус ќе гостува Оливер Спасовски Кој ќе понесе одговорност по масовното труење во Гостивар? Зошто институциите повторно потфрлија во заштитата на граѓаните? Успеа ли СДСМ да се консолидира и да фунционира како конструктивна и силна опозиција? Може ли земјава да напредува кон ЕУ без нови условувања, ќе најдат ли власта и опозицијата заеднички јазик? Јана Јосифоска во Вести Плус со Оливер Спасовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26Обвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00Обвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
МакедонијаКонституиран Советот на стопанственици во Општина Кисела ВодаНа првата седница презентирани новите Владини мерки за поддршка на бизнисот и вработување на млади.Денес, во просториите на Општина Кисела Вода се одржа конститутивната седница на новоформираниот Совет на стопанственици на Кисела Вода, на која присуствуваше и заменикот-министер за економија, Марјан Ристески и заменик директорката на Агенцијата за вработување Весна Пешова. Пред претставниците на локалната деловна заедница беа презентирани најновите мерки од Оперативниот план за вработување, креирани од Владата, со особен фокус на поддршката за младите и отворањето нови работни места. Градоначалничката на Општина Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска истакна дека овој Совет претставува значаен мост помеѓу локалната самоуправа, централната власт и деловниот сектор. -Вие сте гласот на бизнис секторот, но и најбрзиот канал преку кој корисните информации ќе стигнат до секој еден стопанственик во Кисела Вода. Изразувам голема благодарност до Владата за континуираните напори и креирањето реални мерки за поддршка на стопанството, како и до заменик-министерот Ристески и до заменик директорката на Агенцијата за вработување Пешова за денешното присуство и исцрпната презентација-порача градоначалничката во своето обраќање. Во конструктивна дебата, пред присутните стопанственици, од страна на заменик министерот за економија Марјан Ристески и од заменик директор на Агенцијата за вработување Весна Пешова, беше детално презентирана подмерката „Вработување и раст на правни субјекти“, која располага со вкупен буџет од околу 5,4 милиони евра. Најголем акцент е ставен на младите луѓе до 29 години, за чие вработување компаниите можат да добијат неповратна финансиска поддршка од 250.000 денари. Дополнително, мерката предвидува грантови од 160.000 до 220.000 денари за вработување на другите категории невработени лица, како и нов стимулативен бонус од 10% дополнителни средства за вработување на лица-повратници. Една компанија може да добие поддршка за вработување на најмногу 5 лица. На средбата своја презентација имаше и извршниот директор на Шведско-македонската стопанска комора, Самуил Наумовски Викиус, кој воедно е и член на Совет на стопанственици на Кисела Вода. Седиштето на оваа Комора од неодамна е лоцирано токму во општина Кисела Вода. Општина Кисела Вода апелира до сите претпријатија да ги искористат овие одлични поволности за финансиска инјекција и развој на своите бизниси. Детални информации работодавачите можат да добијат во работните клубови на Центрите за вработување секој работен ден од 08:00 до 14:00 часот, на телефонскиот број 02/3111-850, како и на веб-страницата на Агенцијата за вработување на Република Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter