Избрани добитниците на наградите „Крсте Чачански“ и „Јован Котески“ за 2014 година

Марина Мијаковска е добитничка на наградата „Крсте Чачански“ за 2014 година, која четврта година ја доделуваат Здружението за литература „Бран“ и списанието „Бранувања“ од Струга.

Според жирито, во состав: Петре Димовски, Борче Панов и Тоде Илиевски, нејзината збирка раскази „Куќички“ е најдобра меѓу пристигнатите на распишаниот конкурс за куси раскази.

- Книгата „Куќички“ претставува една голема метафора на создавањето, низ која се изразува суштината на дејствувањето во животот. Марина Мијаковска, преку композициската поставеност на градењето куќичка, инвентивно, ненаметливо но уверливо, стилски избалансирано и звучно интонирано го гради книжевното дело во кое се вкрстуваат: световите на старите и новите сфаќања и психологии, книжевно вешто изнијансирани; помешувањето на реалниот со виртуелниот свет во кој ајфонот, лаптопот, таблетот ги преокупираат мислата, времето и животот; статуси на социјалните мрежи и статусот married или single натоварени со дилемите на новиот свет; посветеноста на старите темели да се гради и, синдромот, да се разурнува, пишува во образложението на жирито.

На конкурсот за најдобра необјавена поетска збирка, наградата „Јован Котески“ годинава ја доби поетот Христо Петрески за неговата збирка стихови „Прашалник“.

- „Збирката „Прашалник" се наметнува со својата високо воедначена естетско-тематска конзистентност, зрачи со својот модерен и мудар поетски шмек, како и со длабоката суптилност и повеќеслојност на авторовите поетски согледби и пораки..., стои, меѓу другото, во образложението на жирито за оваа награда, во состав: Витомир Долински, Панде Манојлов и Наташа Зузаровска.

Во изминатите три години, наградата „Крсте Чачански“ ја добија Милован Стефаноски, Христо Петрески и Петре Димовски, а добитници на наградата „Јован Котески“ беа Трајче Кацаров, Санде Стојчески и Витомир Долински.

Наградите на годинашните лауреати ќе им бидат врачени на манифестација на почетокот од јули во Струга. /Извор: МИА/

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер