351. Марш на ангелите во Кочани: Маршираме за сите невини жртви во трагедиите што ја завија Македонија во црно
Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
1Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
КултураИзбрани членовите на Академијата за убави уметности во ВевчаниПрофесoрките Гордана Силјаноска и Мирјана Алулоска – Мирческа, писателите Бранко Цветкоски и Јован Стрезоски, архитектот Јован Стефановски – Жан, режисерот Дејан Пројковски и естраднот уметник Дарко Гелев – Брејк се дел од членовите на Академијата за убави уметности Вевчани што денеска беа избрани на конститутивното Собрание. Целта на Академијата, според Жан, кој е претседател на иницијативниот одбор, е да го афирмира Вевчани, но и Охридско-струшкиот регион, а со тоа целата држава со својата посебност, историја, карактеристика, обичаи, препознатливост и идентитет. - Академијата треба да придонесе во развојот на општината во секој сегмент на неговото постоење, особено во развојот на туризмот, на културното обележје особено за убавите уметности и воопшто да го збогати културното ниво на настани. Да придонесе во валоризацијата на креативните личности од регионот и пошироко, да поттикнува нови особено млади твроци во сите сегменти на убавите уметности и со своите креативни дела да допринесе во продолжувањето на митот за Вевчани, рече Стефановски – Жан. Градоначалникот на Вевчани Цветомир Угриноски очекува Академијата да претставува исчекор во досегашното организирање на научно-уметничките кадри. - Нашата организациска поставеност ќе придонесува за доградба на сето постојно во нашата држава, а се однесува на планот на унапредувањето на науката, уметноста, културата и вредностите.Нашата Акдемија тесно и долгорочно ќе соработува со сите постојни институции во РМ, а кои се во доменот на интересирањата на темите и уметничките дострели да ги поттикнува младите кадри да ја развиваат и унапредуваат нашата научна мисла, убавата уметност, литературата, историјата, културата, филмот и другите неспомнати компоненти од нашиот живот, истакна Угриноски. Академијата, додаде тој, ќе има седум седум одделенија, меѓу кои за традиција, култура, за историја и литература, за информатика, технологија и медицина,за општествени науки и човекови права, за забава и спорт.... Поетот Бранко Цветкоски изрази надеж дека со својот книжевен опус ќе може да придонесе Вевчани да се прероди одново во едно собиралиште на меѓународен поетски план. - Пред 30-тина години Вевчани стана познато во светот по својата храброст, одважност и отстапка кога ги собра поетите од Струшките вечери да се борат во името на слободата на личноста. Тоа залужува и голем ангажман и мислам дека оваа Академија ќе прерасне во меѓународно собиралиште на писатели, подвлече Цветкоски. За професорката Силјаноска ова е еден извонредна идеја по што Вевчани ќе биде запаметено и препознатливо и е еден од најубавите настани земајќи ја во предвид вековната традиција на Вевчани. – Вевчани е најсоодветно место за создавање ваква Академија, ако се има во предвид вековната традиција во неимарство, извонредни градители, во смисла на убаво, непокор, креативност, духовитост, дух, што е веројатно најважно за опстанокот на Вевчани, но и за опстанокот на Македонскиот народ, истакна Силјаноска, додавајќи дека ќе работи во областа за опшестевни работи, каде ќе функционира одделението за човекови права за што Вевчани честопати го посочува како пример на заеднца нешто што неможе да се укине со закон. Академијата на убави уметности ќе работи на повеќе области почнувајќи од културата, науката, уметноста, човекови права...Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
СветКремљ: Москва нема да поставува услови за европскиот преговарачки тимМосква нема да поставува услови за составот на европскиот преговарачки тим, изјави во саботата портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Не можеме и не сакаме да поставуваме услови за нивниот преговарачки тим. Таквиот пристап е сосема погрешен“, рече Песков. Европската унија веќе некое време дискутира за назначување на специјален пратеник за да се обезбеди директно европско претставување во идните мировни преговори. Песков, за потсетување, на 25 октомври изјави дека Русија ќе го поддржи назначувањето на преговарач на ЕУ, под услов пратеникот искрено да работи на постигнување мирно решение. Неколку имиња Финскиот претседател Александар Стуб и чешкиот претседател Петр Павел се споменуваат како можни кандидати. И покрај ова, Европската унија сè уште нема ниту договорен преговарач, ниту заеднички став за тоа кога треба да започнат директните преговори. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во саботата дека Европа мора да биде на преговарачката маса во следната рунда преговори заедно со САД, Украина и Русија. Тој исто така рече дека Украина очекува одлука од своите европски партнери за тоа кој ќе ја претставува Европа до крајот на ноември. Извор: Индекс.хрТагови: кремљ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
СветИлјадници луѓе излегоа на улиците во Португалија: „Нема да ни ги украдете домовите“Илјадници луѓе денес излегоа на улиците во 32 градови низ Португалија, барајќи итна акција од владата за решавање на влошената криза со домувањето во земјата.Протестите беа организирани од платформата „Каса пара вивер“ (Дом за живеење) под слоганот „Тие нема да ни го украдат правото на дом“. Митинзите се одржаа во Лисабон, Порто, Фаро, Портимао, Коимбра, Брага и други градови. Manifestação Casa para Viver, Lisboa https://t.co/vADIhqO1K9 — Bernardo (@_andrebernardo_) November 14, 2026 Барање за контрола на киријата и поголема заштита на станарите Демонстрантите бараат построга контрола на киријата, поголема заштита на станарите од иселувања и поголеми инвестиции во изградба на достапни јавни станови. Тие исто така бараат повлекување на предложените измени во законот за станови за изнајмување. Рита Силва, портпаролка на платформата „Каса пара вивер“, изјави за новинската агенција Луса дека протестите низ целата земја покажуваат дека кризата со домувањето не ги погодува само големите градови, туку цела Португалија. LIVE: Manifestação Casa para Viver Ponta Delgada, São Miguel Açores Portugal - 14.11.2026 https://t.co/kIaG3IyQjP — Claudio IRL (@claudio_irl) November 14, 2026 Платформата, која обединува околу 100 здруженија за домување и локални организации, исто така бара построги правила за договорите за изнајмување, празните имоти, краткорочните туристички изнајмувања и сузбивање на шпекулациите со имоти. Владата предлага измени во законот за изнајмување Протестите се случија откако парламентот во принцип го одобри предлогот на владата за измена на законот за изнајмување. Предложените измени би овозможиле поголема флексибилност во договорите за изнајмување и би ги забрзале процедурите за иселување. Активистите за правата на домување предупредуваат дека промените би можеле дополнително да ја ослабат заштитата на закупците во време на зголемување на кириите и намалување на достапноста на станови. A plataforma Casa Para Viver reúne apoiantes em Lisboa, Porto e outras localidades contra a lei do arrendamento e pede mais regulação estatal. https://t.co/513NBO2Gkp — The Intelligent Portugal (@TheIntelligPT) November 14, 2026 Активистите го повикуваат премиерот на разговори На националните протести им претходеше состанок меѓу португалскиот претседател Антонио Хозе Сегура и активистите за правата на домување во петокот. Претставниците на платформата „Каса пара вивер“ го поздравија состанокот и го повикаа премиерот Луис Монтенегро лично да се вклучи во разговори со нивното движење.Тагови: Португалија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија51. Марш на ангелите во Кочани: Маршираме за сите невини жртви во трагедиите што ја завија Македонија во црноВечерва во Кочани родителите на жртвите во дискотеката „Пулс“ го одржаа 51-от Марш за ангелите.Во дел од своите обраќања порачаа дека денеска освен за 63-те ангели кои загинаа во дискотеката, маршираат и за сите невини жртви што ја завиле Македонија во црно, како трагедиите во модуларната болница, Ласкарци, автобусот на Беса Транс. Им оддадоа почит и на жените и девојките чии животи како што посочија, насилно биле прекинати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter