БалканИзбрана нова Влада на Република СрпскаПратениците на владејачкото мнозинство на посебна седница на Народното собрание на Република Српска избраа нова Влада предводена од Саво Маниќ од Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД).На гласањето присуствуваа 51 пратеник од вкупно 83 пратеници, а за новата Влада гласаа 49, додека опозицијата не гласаше. Во новата Влада на РС има пет нови министри. Вчера пратениците на Народното собрание на РС ја прифатија оставката на Миниќ од функцијата премиер на РС, со што „падна“ целата Влада на РС, а потоа се одржа нова вонредна седница на која беше избрана нова ентитетска влада. Маниќ на 15 јануари поднесе оставка од функцијата премиер на РС, а истиот ден вршителката на должноста претседател на РС, Ана Тришиќ Бабиќ, повторно го предложила за мандатар за состав на новата ентитетска влада. Тоа се случи пред седницата на Уставниот суд на Босна и Херцеговина, закажана за 22 јануари, на која треба да се одлучи по жалбата на група бошњачки пратеници во Парламентот на БиХ, кои тврдат дека изборот на Миниќ за мандатар не бил законски, бидејќи тој бил номиниран од страна на лидерот на СНСД, Милорад Додик, на кого претходно му беше одземен мандатот на претседател на РС од страна на Централната изборна комисија на БиХ (ЦИК), врз основа на пресудата на Судот на БиХ, со која беше осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за вршење јавна функција. Според Уставот на РС, само претседателот на РС може да назначи претставник за составот на Владата на РС. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова на отворањето на 65. Струшки вечери на поезијата: Време е за катарза на човештвото09:11Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00Муцунски: Јас би се извинил, до овој момент немам одговор од бугарската страна11:12Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
Сиљановска-Давкова на отворањето на 65. Струшки вечери на поезијата: Време е за катарза на човештвото09:11
Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00
Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
МакедонијаСДСМ: Реконструкција на влада – тепачка за фотелјиВо тендер коалицијата владее хаос. Партијата ЗНАМ повеќе не постои. Преостанати се само двајца - Максим Димитриевски и Горан Минчев. ВМРО стои зад Минчев, додека Максо си бара подобра позиција за себе. Сите знаат дека им преостануваат уште само неколку месеци за тендери, пред Мицкоски да распише избори. Состојбата во ВМРО не е подобра. Министерот за внатрешни работи е во отворен судир со други министри. Секој сака да остане во својата фотелја. Деновите се бројат до празната државна каса, па сите брзаат со своите тендери. Додека на јавноста ѝ се претставуваат „добри резултати“, зад затворените врати на Белата палата се води тепачка за позиции и лична добивка. Ако резултатите се толку добри на оваа Влада, зошто тогаш реконструкција? Додека граѓаните гледаат во празните паричници и фрижидери, зад ѕидовите на власта се води борба за уште тендери и уште лично богатење. Вака изгледа кога на власт е организирана криминална група. Кога шефот на бандата Мицкоски ја води политиката, настануваат војни меѓу криминалните кланови. Ако не се договорат за позициите, ќе има измислен изговор за избори. Буџетот е празен, а тие брзаат да се задолжат уште повеќе. За само две години натоварија 2,5 милијарди евра нов долг врз грбот на народот. Стотици тендери и стотици милиони завршија во џебовите на овие криминалци со бугарски пасоши и државјанства. Во меѓувреме, обичниот народ чека по 10 часа на граница, младите размислуваат за заминување, земјоделците се борат да преживеат, работниците тешко врзуваат крај со крај, а пензионерите имаат помалку пари од месец во месец. Наскоро ќе дојде време на вистина и правда. Враќање на европскиот пат, кога сите до еден ќе одговараат. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова на отворањето на 65. Струшки вечери на поезијата: Време е за катарза на човештвото09:11Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00Муцунски: Јас би се извинил, до овој момент немам одговор од бугарската страна11:12Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
Сиљановска-Давкова на отворањето на 65. Струшки вечери на поезијата: Време е за катарза на човештвото09:11
Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00
Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
БалканТрамп ја продолжи вонредната состојба за Западен БалканАмериканскиот претседател Доналд Трамп ја продолжи националната вонредна состојба поврзана со Западен Балкан, потег што останува на сила поради, како што се наведува, заканите за националната безбедност и надворешната политика на САД.Според објавата во федералниот регистар, мерката се однесува на лица и групи кои поддржуваат екстремистичко насилство во регионот, како и активности што го попречуваат спроведувањето на мировните договори во Босна и Херцеговина, Косово и Македонија. Вонредната состојба првпат ја прогласи американскиот претседател Џорџ Буш 2001-ва година, со извршна наредба која овозможува замрзнување на средствата на поединци и организации што ја загрозуваат стабилноста на регионот. Во документот се споменува и Охридскиот рамковен договор, кој беше вклучен во дополнителните мерки преку измените на извршната наредба од 2003 година.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоВо изминатите 24 часа најмногу дожд во ГевгелијаДадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР.КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2) 20 Гевгелија, 14 Претор, 4 Тополчани, 3 Скопје Петровец, 1 Охрид, Струмица, Штип, Кавадарци. Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.Тагови: дожд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook