Избрана нова Влада на Црна Гора

Пратениците во црногорскиот парламент утрово ја избраа новата влада предводена од премиерот Милојко Спајиќ, по дискусијата која траеше цела ноќ и беше одбележана со остра дебата меѓу поранешниот премиер Дритан Абазовиќ и Спајиќ.

По изборот, Владата денеска ќе се одржи нова седница на која ќе се одложи пописот на граѓаните што требаше да почне утре и кој опозицијата имаше намера да го бојкотира.

Владата е поддржана од коалицијата За иднината на Црна Гора, која се состои од поранешни членови на Демократскиот фронт (ДФ). Претходно за претседател на Собранието беше избран еден од лидерите на таа алијанса Андрија Мандиќ.

За владата гласаа 46 пратеници, 19 беа против, а еден воздржан. Во црногорскиот парламент има 81 пратеник.

Новиот премиер, претседателот на Движењето Европа сега, Милојко Спајиќ изјави дека реформската програма „Европа сега 2“ ќе биде целосно спроведена, како што беше најавено во предизборната кампања и „без ниту една запирка разлика“.

- Едвај чекаме да направиме резултат за нашата земја, рече тој по изгласувањето на новата извршна власт.

Тој посочи дека поддршката на неговиот кабинет од 46 пратеници е највисока што досега ја имала една влада во Црна Гора. - Тоа е позитивна вест, укажува на стабилност и добра основа за носење реформски закони, очекувам дека ќе оди многу побрзо од претходно, вели тој.

- Имавме фанатична, маратонска седница. Беше интересно. Важно е Влада е изгласана и веднаш почнуваме со работа, рече Спајиќ.

Тој најави дека во 8:30 часот утрово ќе има примопредавање, а во 10 ќе се сретне со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која е во официјална посета на Црна Гора.

Кејн: Можеме да извлечеме многу позитивни елементи од ремито со Реал

Напаѓачот на Баерн, Хари Кејн се осврна на синоќешното реми со Реал Мадрид.

Баерн на домашен терен одигра 2:2 со фаворизираниот Реал во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите.

- Ова се големи натпревари. Атмосферата денеска беше неверојатна. Сигурен сум дека и следната недела ќе биде исто. Сакам да бидам дел од овие големи натпревари и нема ништо поубаво од тоа. Можеме да земеме многу позитиви работи од денешниот натпревар. Има неколку мали детали што треба да ги поправиме бидејќи се виде дека лесно можеме да бидеме казнети и за најмали грешки. Позитивниот став мора да го пренесеме и на реваншот, изјави Кејн.

Возвратниот натпревар ќе се игра на 8 мај на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.

Во втората полуфинална пресметка на елитното фудбалско натпреварување ќе се соочат Борусија Дортмунд и Пари Сен-Жермен. Првиот натпревар се игра вечер од 21 часот во Дортмунд. /МИА

Народна банка: Да се провери дизајнот на предната и задната страна на евро монетата

Народна банка на Македонија посочува на разликите меѓу оригиналните и фалсификуваните евра за да се намали ризикот на нашите граѓани, кои патуваат во странство и кои можат да дојдат во контакт со фалсификувани ковани евра.

-Фалсификуваните евро монети можат лесно да се препознаат, доколку внимателно се провери дизајнот на предната и задната страна на монетата и нејзиниот раб: Дизајнот на фалсификуваните монети често изгледа заматен, со доста нерамнини и гребнатини, а формата им е неправилна. Натписите на рабовите на оригиналните евро монети се остри, заради полесно препознавање од лицата со оштетен вид, додека кај фалсификуваните се нејасни и непрепознатливи, а се разликува и растојанието помеѓу поединечните симболи и зборови, се вели во соопштението.

Преку употреба на магнет, наведуваат дека може релативно лесно и едноставно да се утврди фалсификувана кована пара.

- Централниот дел на монетите е изработен од посебен безбедносен материјал кој е поседува слаби магнетни својства, додека надворешниот прстен не поседува магнетни својства. За разлика од оригиналните, фалсификуваните монети имаат изразено силни магнетни својства или пак воопшто ги немаат, стои во соопштението од Народна банка.

Судири во Истанбул меѓу полицијата и демонстрантите кои го одбележуваат 1 Мај

Турската полиција интервенираше за да спречи групи кои сакаат да стигнат до плоштадот Таксим во Истанбул за да учествуваат во демонстрации по повод Меѓународниот ден на трудот, 1 Мај, кои се забранети од властите, објави турскиот весник „Хуриет“.

Дојде до судирите меѓу полицијата и демонстрантите и дел од нив се приведени.

Турските власти претходно оваа недела објавија дека ги забрануваат првомајските демонстрации на централниот плоштад Таксим во Истанбул и предупредија на планирани терористички напади во метрополата за празникот.

Во различни делови на Турција вчера беа приведени 58 осомничени откако беше утврдено дека учествувале во подготовка на провокации по повод Денот на трудот, а денеска следуваа серија нови апсења на 41 лице во акција против Исламската држава.

Во рамки на мерките за 1 мај, од утрото се затворени патиштата кон централниот истанбулски плоштад Таксим. Властите идентификуваа вкупно 40 места во Истанбул за одржување настани по повод Денот на трудот, чие обезбедување ќе го следат над 42.000 полицајци. /МИА

притисни ентер