Изборно Скопје видено од друг агол – Руфат четка чевли на плоштад, Соња продава книги - Канал 5

Изборно Скопје видено од друг агол – Руфат четка чевли на плоштад, Соња продава книги

Рутина која трае буквално со децении, па дури и на изборниот ден. Веќе 40 години Соња Иванова продава книги на едно од најфреквентните места во главниот град – улица Македонија. 

Изборно Скопје видено од друг агол – Руфат четка чевли на плоштад, Соња продава книги

Таа вели дека прометноста на нејзиниот штанд за книги е вообичаен, а своето гласачко право ќе го оствари во текот на денот, откако ќе заврши нејзиниот работен ден.

-Ќе излезете на гласање? –Па, нормално. А зошто не одмарате денеска, еве локалите се затворени? –Зошто таква е природата на мојата работа. До кога планирате да останете на работа? –Па, докај 3 часот веројатно.-Соња Иванова.

Сепак, Соња не е единствената која не отстапува од нејзиниот штанд. 61-годишниот Руфат Илијаз повеќе од 20 години четка чевли на плоштадот Македонија. Тој вели дека заедно со неговата сопруга ќе оди на гласање откако ќе заврши со својата смена. Според него, овој занает е веќе во изумирање, но многумина, особено странците гледаат со голема симпатија.

-Има и наши, ама не е како што беше порано, пред неколку години. Нашиот занает више изумира ова за чистење на кондури. А странците доаѓаат некои затоа што интересно им е оваа работа ние што ја работиме затоа што кај нив нема ова чистење на кондури, чистачи.Избори си е избори, тоа е само пет минути работа. Ќе одиш, ќе гласаш, ќе заокружиш и ќе си гледаш пак твоите обврски. Не мора да значи сега како државен празник што не мора да се работи.-- Руфат Илијаз.

Дел од граѓаните велат дека ќе го поминат денот токму како празник, во опуштена атмосфера со нивните семејства и со пријателите.

Како планирате да го поминете остатокот од денот? –Па, добро, ете, шеткараме натака навака.

-На гости. На гости кај сестрите, кај браќата, кај кумовите, кај сватовите. –Значи како празник? –Да, како празник.

Си ја завршивме таа работа и сега си шетаме. Ние сме пензионери. –Планирате цел ден да продолжите да се шетате? –Па да. Си шетаме.

До 19 часот можност за гласање имаат сите полнолетни граѓани во земјава кои својот глас за прв човек на градот ќе го дадат во 3474 избирачки места.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Слаѓана Тасева

Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Слаѓана Тасева

„На кавга со Иван“ - Слаѓана Тасева

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кога обврските ја потиснуваат романтиката

 – Како повторно да внесете блискост во односот

Кога обврските ја потиснуваат романтиката

Стресот поради работата, семејните обврски и секојдневните проблеми не влијаат само на сонот и расположението, туку може да ја ослабат и желбата за блискост.

Кога сме исцрпени и постојано размислуваме на обврските, тешко ни е да се опуштиме и да уживаме во времето што го минуваме со партнерот.

Зошто стресот влијае на желбата за интимност?

Кога сме под притисок, организмот се подготвува да се соочи со предизвиците, па тешко се опуштаме. Повишеното ниво на кортизол и адреналин влијае на сонот, расположението и енергијата, што се одразува на партнерскиот живот.

Долготрајната напнатост често носи умор и раздразливост, и чувство дека немаме доволно време за себе. Кога сме исполнети со грижи, често немаме енергија за нежност, романтика и заеднички моменти.

Хормонaлните промени, особено симптомите на перименопауза и менопауза, промените во нивото на естроген, како и физичките тегоби за време на односот, кои не треба да се занемаруваат, влијаат на желбата, Сепак, намалената желба не значи автоматски дека привлечноста исчезнала или да врската е во криза. На неа влијаат и здравствената состојба, квалитетот на сонот, одредени лекови и емоционални проблеми поради што важно е да се согледа целокупната ситуација.

Како повторно да се разбуди блискоста?

Првиот чекор е да најдете начин да ја намалите секојдневната напнатост. Прошетка, вежби со дишење, јога или активност која ви причинува задоволство, сето тоа може да ви помогне да се опуштите и да се одвоите од проблемите што ве преокупираат.

Важно е да разговарате со партнерот без обвинување и создавање дополнителен притисок. Објаснете како се чувствувате, сослушајте ја неговата перспектива и заедно размислете што би можеле да промените за да имате повеќе време еден за друг.

Не мора веднаш да планирате големи романтични гестови. Заедничката прошетка, вечера, прегратка или разговор без телефони може да ви помогне повторно да се поврзете. Нежноста не мора секој пат да води кон интимен однос, а токму отсуството на очекување може да помогне во опуштањето.

Обидете се да го подобрите квалитетот на сонот и да најдете рамнотежа помеѓу обврските и одморот. Редовното движење, сонот и времето посветено на себе може да придонесат за подобро расположение и поголема енергија, што позитивно се одразува на односот со партнерот.

Ако намалената желба трае, предизвикува незадоволство и влијае на вашиот однос, разговарајте со лекар за можните причини. Особено е важно да побарате помош ако се јавува болка и изразена непријатност во текот на интимниот однос.

Блискоста не се мери со честите интимни односи, туку со чувството на сигурност, разбирање и поврзаност. Кога ќе си дадете доволно време себеси и на партнерот, ќе разговарате отворено без да создавате дополнителен притисок, полесно ќе најдете начин повторно да уживате во заедничките моменти, пренесува Ordinacija.hr

Извор: srecne.republika.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заборавете на изгледот и мускулите – Еве какви мажи посакуваат жените

Маж со овие особини кај жената буди најголема страст.

Заборавете на изгледот и мускулите – Еве какви мажи посакуваат жените

На сексуалното задоволство кај жената не влијаат само физичкиот изглед на партнерот или неговите сексуални вештини; туку за успешно сексуално задоволство заслужни се и други особини...

Според истражувањата на оваа тема, важна улога играат личните квалитети на мажот, начинот на кој се однесува кон својата партнерка, како и чувството на блискост и сигурност што тој ги создава.

Издвојуваме неколку карактеристики кои често се поврзуваат со поголемо сексуално задоволство кај жените.

Хуморот е привлечен

Честопати на жените им се привлечни мажите кои знаат да ги насмеат. Добрата смисла за хумор може да биде знак дека е друштвен, самоуверен и способен да ѝ посвети внимание на партнерката во конкретна ситуација.

Исто така, важно е да се знае кога да се пошегува, а кога да биде сериозен. Токму ваквата комбинација создава поопуштена атмосфера меѓу партнерите.

Креативност и спонтаност

Монотонијата може негативно да влијае на врската, додека креативноста и подготвеноста за прифаќање промени можат да донесат повеќе возбуда.

Не е неопходно мажот да биде физички совршен за да биде привлечен. Жените можат особено да ја ценат неговата креативност, спонтаност и подготвеност заедно со партнерката да истражуваат што најдобро им одговара. Креативноста често се поврзува и со одредена доза на мистериозност, што за некои жени може да биде особено привлечно.

Топлината создава чувство на сигурност

Љубезноста, вниманието, чувството на блискост можат да бидат многу важни за сексуалното задоволство.

Кога жената се чувствува сигурно и прифатено од својот партнер, полесно може да се опушти и препушти на моментот. На тој начин, довербата игра значајна улога во сексуалниот однос. Сигурната и опуштена атмосфера, исто така, им овозможува на партнерите поотворено да разговараат за своите желби, граници и за она што им причинува задоволство.

Верноста гради блискост

Довербата и чувството на посветеност можат дополнително да ја зајакнат врската меѓу партнерите.

Кога жената знае дека нејзиниот партнер е верен и ја цени, таа може да се чувствува посакувана и сакана. Таквата емоционална поврзаност може да биде клучна за сексуалното задоволство. За некои жени, ова чувство на блискост и доверба игра поголема улога од физичкиот изглед на партнерот.

Мирисот исто така може да игра улога

Мирисот може да влијае на привлечноста и да предизвика разни емоционални реакции. Затоа природниот мирис на партнерот може да игра важна улога во создавањето привлечност.

Кога постои привлечност, доверба и емоционална блискост меѓу партнерите, поверојатно е сексуалната интимност да биде попријатна и поисполнета.

На крајот, не постои еден единствен тип на маж кој гарантира најдобро сексуално задоволство. Привлечноста и сексуалното задоволство зависат од бројни фактори, вклучувајќи емоции, доверба, комуникација и меѓусебна поврзаност.

Извор: una.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер