Изборната седница на Собранието на Здружението на пациенти со механичка циркулаторна потпора на работата на срцето „Храбро Срце" - Канал 5

Изборната седница на Собранието на Здружението на пациенти со механичка циркулаторна потпора на работата на срцето „Храбро Срце"

Изборната седница на Собранието на Националното здружение на пациентите со механичка циркулаторна потпора на работата на срцето и нивните поддржувачи

Изборната седница на Собранието на Здружението на пациенти со механичка циркулаторна потпора на работата на срцето „Храбро Срце"

„Храбро Срце" ќе се одржи денеска во Скопје.

На седницата, освен членовите Здружението, како што е најавено, ќе присуствуваат министерот за здравство Венко Филипче, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев, националниот координатор за трансплантација, Маја Мојсова, директори на универзитетски клиники, на приватни клиники и болници и претседатели на здруженија. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Казната ги стигна и странските возачи: „Сејф сити“ ги регистрира и немакедонските таблички

На граничниот премин Табановце денеска има редици од возачи од странство кои чекаат да ја платат казната за сторен сообраќаен прекршок, регистриран од системот „Сејф сити“, пренесува Експрес.

Казната ги стигна и странските возачи: „Сејф сити“ ги регистрира и немакедонските таблички

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски неодамна изјави дека никој не може да му избега на системот „Сејф сити“ доколку се движи по патиштата во Македонија каде што се поставени камери за мерење на брзината, без разлика дали станува збор за возило со македонски или со странски регистарски таблички. Тој рече дека нема да има исклучоци и дека секој што ќе ги прекрши законите додека се движи низ Македонија ќе биде санкциониран, без оглед од која држава доаѓа.

Кога беше воведен системот „Безбеден град“ на почетокот на годнава беше истакнато дека странските возила кои ќе направат сообраќаен прекршок нема да бидат задржани при излез од државата, но возачите ќе добијат официјално известување дека нема да можат повторно да влезат на македонските граници доколку не ја подмират казната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИДФ конечно признава: „Да, пукавме врз петгодишно девојче“

Израелската војска денес за прв пат призна дека нејзините сили отвориле оган врз автомобил во кој се наоѓала петгодишната Палестинка Хинд Раџаб во Појасот Газа и соопшти дека започнала кривична истрага за нејзината смрт.

ИДФ конечно признава: „Да, пукавме врз петгодишно девојче“

Израелските одбранбени сили (ИДФ) претходно негираа вмешаност во инцидентот од јануари 2024 година, велејќи дека нивните војници не биле во близина на возилото или во домет за да отворат оган, објави Си-Ен-Ен.

Раџаб била една од седумте членови на семејството во автомобил во северна Газа кога бил погоден од огнено оружје. Девојчето го преживеало првичниот напад и поминало часови на телефон молејќи ги палестинските медицински работници да дојдат да ја земат. Брза помош испратена да ја спаси, исто така, била нападната.

Нејзиното тело било пронајдено 12 дена подоцна во автомобил изрешетан со куршуми. Снимката од телефонскиот разговор на Раџаб со палестинските медицински лица привлече меѓународно внимание и предизвика повици за истрага и одговорност за нејзината смрт, како и за страдањето на другите деца во Газа. Случајот беше тема на филмот „Гласот на Хинд Раџаб“, кој беше номиниран за Оскар оваа година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тинејџерите добиваат свој „ChatGPT“

„OpenAI“ објави нова верзија на „ChatGPT“ наменета за корисници на возраст од 13 до 17 години, со посебни безбедносни заштити, родителски контроли и функции за учење.

Тинејџерите добиваат свој „ChatGPT“

Новата верзија е наменета да биде стандардно искуство за тинејџерите, а системот е развиен во соработка со Универзитетот Стенфорд, со функции кои имаат за цел да ги охрабрат учениците сами да решаваат проблеми, наместо „ChatGPT“ едноставно да им дава готови одговори, објавува „Fox Business“.

Меѓу новите функции ќе бидат квизови и потсетници за одговорно користење на „ChatGPT“ при пишување домашни задачи, како и опција што му овозможува на тинејџерот или родителот да постави периоди во кои ќе се активира режимот на учење.

Тинејџерите исто така ќе бидат предмет на построги правила во врска со самоповредување, насилство, нарушувања во исхраната, опасни активности и експлицитна сексуална и графичка содржина.

За време на почетното поставување, тинејџерите исто така ќе добиваат предупредувања да не објавуваат приватни фотографии или фотографии што содржат чувствителна содржина.

Тоа не е сè

„OpenAI“ воведува и заштитни мерки против емоционална зависност од „ChatGPT“, така што моделот со вештачка интелигенција нема да користи јазик што сугерира романтични чувства за корисникот, ниту пак ќе тврди дека има лични чувства или свест.

Дополнително, „ChatGPT“ нема да се претставува како поважен од семејството, пријателите, наставниците, менторите или другите доверливи луѓе во животот на тинејџерот.

Новата верзија ќе има и стандардни поставки што поттикнуваат поздрави модели на користење, вклучително и почести потсетници за пауза.

„OpenAI“ исто така ќе им стави до знаење на тинејџерите дека „ChatGPT“ е алатка, а не личност и не е замена за човечките односи.

Новите мерки доаѓаат по случаите во кои тинејџерите го користеле „ChatGPT“ за време на сериозни емоционални и психолошки кризи.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер