СДСМ: За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш
Трамп потврди дека ФБИ истражува афера поврзана со извршниот директор на технолошкиот гигант „Нвидиа“, Јенсен Хуанг
1СДСМ: За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш
2Трамп потврди дека ФБИ истражува афера поврзана со извршниот директор на технолошкиот гигант „Нвидиа“, Јенсен Хуанг
Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите
2Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите
МакедонијаИзборната кампања влезе во второто полувреме-политичките лидери си разменија нови обвинувањаРесет на системот и длабоки реформи во правосудството по локалните избори, најави на партиските трибини претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој синоќа упати критики на адреса на судството и обвинителство и вети правда и одговорност таму каде што ја нема. Според него процесот на прочистување нема да зависи од нечија политичка волја, туку единствено од законот и Уставот. -Ги слушам лажните храбрења на Филипче, зад кои убеден сум дека стои само стравот од соочување со одговорност. Тоа се изјавите: „Еве, година и пол помина од Владата, а никој не одговара и никој не се плаши.“ Вистината е дека има над 80 пријави кои седат во фиоките на обвинителството, а клучот на тие фиоки седи некаде на „Бихаќка“. Тој клуч ќе се добие и ќе се отвори по овие избори, а јас најавувам ресет на системот и длабоки реформи. Нема да има конечна правда додека законот не ги допре и тие во судството и обвинителството, кажа Мицкоски. Според лидерот на СДСМ Венко Филипче, пак, Мицкоски се однесува како опозиционер, а власта покажала целосна неспособност и чувство за државност, без, како што рече, резултати и визија. Филипче од Прилеп ги одби повиците од лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски за соочување на ТВ дуел. -Слушам Максим Димитриевски, пиунот на Мицкоски, барал дуел со мене. Јас со предавници на социјалдемократската идеја и подизведувачи на ВМРО-ДПМНЕ не дебатирам. Дали Максим се плаши дека е пуштен низ вода откако еднократно го искористија, тоа ли е стравот? Или пак стравот е затоа што е разоткриен од граѓаните. Мицкоски во своите говори нема што да каже. Се однесува како опозиционер после година и пол власт. Немаат проекти, немаат план, немаат идеја. И затоа измислуваат предавници, непријатели, куферчиња и приказни за мали деца, рече Филипче. Филипче нема никакви социјадемократски вредности, бидејќи времето го поминува во луксуз, раскош на јахти и во скапи автомобили, му возврати денеска Димитриевски на лидерот на СДСМ. Тој повторно го повика Филипче на ТВ дуел, за како што кажа, пред јавноста да ги соочат аргументите и фактите. – Во континуитет поддржан од неговиот политички гуру – Зоран Заев, не може да биде човек што ќе ја претствува социјалдемократијата. Истиот ниту знае со колкав имот располага, ниту може самиот становите да си ги преброи, па оставам на јавноста да процени дали тој е вистински социјалдемократ. За жал, една некогаш државотворна партија каква што беше СДСМ денес се сведува под 100.000 гласови и секојдневно ја напуштаат сите нејзини вистински членови и се придружуваат на ЗНАМ, изјави Димитриевски. Изборната кампања е влезена во второто полувреме. На десетина дена пред денот на гласањето во неа преовладуваат жестоки обвинувања и пораки меѓу лидерите од власта и опозицијата. Тагови: Венко Филипче Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднашСега кога Савески преку медиумите доби „зелено светло“ од шефот Мицкоски дека може да почне да работи, нека почне токму од Мицкоски и од гувернерот Трајко Славески.Нека го испита секој можен аспект од влезот на Алта банка во Македонија, сомнителниот капитал, одлуките, кој одобрил и зошто. Нека утврди што разговарале и договарале со Вучиќ. Што договарале со Мацура? Обвинител не смее да чека телефонски повик. Ниту наредба од собраниска говорница или од телевизија. Токму ваквото однесување ја разјадува независноста на правосудството и целосно ја руши довербата кај граѓаните. Потоа следуваат катастрофални оценки во извештајот на Европската комисија. Независно обвинителство не чека, не работи по сигнал од премиерот, не чека туку постапува. Бараме веднаш да се обезбедат и испитаат сметките, трансакциите и целокупната документација на Алта банка. Обвинителството и полицијата да ја известат јавноста за утврдените наоди. Тоа мора да се направи пред какво било преземање. Продажбата којашто ја договара Мицкоски не смее да стане покритие за заташкување на случајот и избегнување одговорност. Савески, отворете истрага за Мицкоски, Славески и за сите инволвирани во носењето на Алта банка, обезбедете ги доказите, испитајте ги трансакциите, повикајте ги инволвираните. Дадовте заклетва на граѓаните, не на оваа мафија. Вистината излегува на виделина. Бандата ќе одговара. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп потврди дека ФБИ истражува афера поврзана со извршниот директор на технолошкиот гигант „Нвидиа“, Јенсен ХуангАмериканскиот претседател Доналд Трамп потврди дека ФБИ истражува афера поврзана со извршниот директор на технолошкиот гигант „Нвидиа“, Јенсен Хуанг, и наводна кинеска шпионка.Трамп откри дека лично разговарал со Хуанг, кој му рекол дека немал сознанија оти жената била шпионка. Американскиот претседател изјави дека му верува.според „Њујорк Тајмс“, американските разузнавачки служби веруваат дека Алис Хуанг, позната и како Хуанг Ле, работела за Пекинг. Весникот објави дека државниот секретар Марко Рубио уште минатата пролет испратил предупредување до високи американски функционери за наводните блиски врски меѓу жената и Хуанг. Алис Хуанг била директорка на сингапурската компанија „Мегаспид“, која имала деловни зделки со „Нвидиа“.Компанијата веќе нарачала независна истрага и тврди дека нема индикации дека се компромитирани нејзините деловни тајни или националната безбедност на САД. Пекинг ги отфрли обвинувањата, оценувајќи ги како неосновани и шпекулативни.аферата се одрази и врз берзата. Акциите на „Нвидиа“ паднаа за повеќе од четири проценти, а пазарната вредност на компанијата се намали за околу 250 милијарди долари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАГолден Стејт убедлив против „Њу Орлеанс, „пеликаните“ декласирани со 138-87„Вориорс“ победија со 51 поен разлика! Кошаркарите на „Голден Стејт Вориорс“ утринава ја продолжија својата импресивна победничка серија, совладувајќи ги „Њу Орлеанс Пеликанс“ со убедливи 138:87 . Тимот од Сан Франциско победи со разлика од дури 51 поен, што претставува и најголема победа на кој било НБА-тим сезонава. Инаку, ова е осма победа во низа за „Вориорс“, кои ја започнаа сезоната со три порази, а сега се во одлична форма. Од друга страна, „Пеликанс“ го доживеаја најубедливиот пораз во историјата на франшизата. Стеф Кари беше еден од најзаслужните за новата победа со постигнати 25 поени, иако на теренот помина нешто повеќе од 20 минути. Тој погоди четири тројки од десет обиди, а во текот на натпреварот го престигна Демар Дерозан и се искачи на 16-тото место на вечната листа на стрелци во НБА, со вкупно 26.803 поени. Брандин Подзиемски постигна ист број поени, додека Џексон-Дејвис забележа 23 поени, седум скока и четири асистенции. Чарлс Беси додаде 12 поени и 10 скока, а Деантони Мелтон го заврши натпреварот со 16 поени. Посебно внимание привлече и Џими Батлер, кој поради повреда не можеше да настапи, но се појави во улога на член на стручниот штаб. Облечен како тренер, тој држеше натпис на кој пишуваше: „Додајте му ја топката на Стеф“. Утрово Голден Стејт ја оствари четвртата најголема победа во историјата на франшизата, а последен пат кога славеа со поголема разлика беше во април 2023 година, кога го совладаа Портланд со разлика од 56 поени. „Вориорси“ сега имаат низа од осум победи по ред – втора најдолга серија во историјата на НБА по почеток на сезоната со скор 0-3 или полош.Тагови: НБА Стеф Кари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook