Најмалку 22 загинаа во судар на автобус со камион во Кенија- на истото место тешка сообраќајка и пред три недели
2Најмалку 22 загинаа во судар на автобус со камион во Кенија- на истото место тешка сообраќајка и пред три недели
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
МакедонијаИзборите во Унгарија – повод за политички кавги во МакедонијаИзборниот резултат во Унгарија повод за директен политички судир и меѓусебни обвинувања на двете најголеми партии во Македонија. Падот на Виктор Орбан и победата на Петер Маѓар во Унгарија ја актуелизираше темата за судбината на екс премиерот Никола Груевски на домашната политичка сцена. Една од првите реакции за изборниот пораз на Орбан беше на лидерот на СДСМ Венко Филипче, по што од владејачката ВМРО-ДПМНЕ го повикаа Филипче да престане да се фокусира на изборни процеси во други држави, да се огради од Заев и како што велат, сомнителни проруски бизнис-партнери и да започне со внатрешно прочистување на партијата. -Приоритет број еден, а и единствен на Филипче, треба да му биде оградувањето од Заев ако сака СДС да застане на свои нозе. Филипче, затоа помалку грижи се за избори и изборни резултати во други држави. Засукај ги ракавите и стави ја својата партија, на здрави нозе, ако може да се дека е твоја, бидејќи ти си таму само чувар на фотелјата. Бидејќи за развој на една држава потребна е здрава опозициска партија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Од опозициската СДСМ со став дека ВМРО-ДПМНЕ останува без својот единствен сојузник во ЕУ. -По 16 години владеење на Виктор Орбан, неговиот недемократски режим падна. Криминалната организација ВМРО останува без својот единствен сојузник во Европската Унија. Нема повеќе криење на Никола Груевски во Будимпешта, тајни бизнис-комбинации, ниту кинески пари кои доаѓаа преку тој режим. Паѓаат автократските режими. Следен е Александар Вучиќ, а со него и Христијан Мицкоски, велат од СДСМ во денешното соопштение. Од партијата ЗНАМ упатија честитки до Маѓар и неговата партија за остварениот изборен резултат. Уверени сме дека билатералните односи помеѓу Македонија и Унгарија ќе продолжат да се развиваат со засилен интензитет, како и дека ќе се унапредат на уште повисоко ниво, водени од заедничките европски вредности и меѓусебната поддршка, велат од ЗНАМ. Дел од аналитичарите со оценка дека завршила ерата на Орбан во Унгарија, а по победата на опозиционерот Маѓар, политичкиот аналитичар Благојче Атанасовски очекува нов курс на унгарската надворешна политика и кон ЕУ но и кон Русија и балканските сојузници. Атанасовски очекува поразот на Орбан, кој му овозможи политички азил на екс премиерот Груевски, да се одрази врз неговата позиција во Будимпешта. -Дефинитивно можеме да очекуваме сменет надворешно политички курс со доаѓањето на Петар Маѓар на власт во Унгарија. Дали тоа ќе биде за 180 степени целосно спротивна надворешно политичка ориентација на Унгарија за односите со самата ЕУ и со Владимир Путин, Руската Федерација и односите со сојузниците на Унгарија на Балканот допрва ќе видиме, но дефинитивно ќе има сменет курс. Од друга страна не знам дали може веднаш со брзина на светлината да му се одземе политичкиот азил на поранешниот премиер Груевски, тој веднаш да биде екстрадиран или за тоа ќе треба да помине извесен период, бидејќи знаеме дека тој има добиено политички азил согласно позитивните законски норми на унгарската држава, но дефинитивно се менува и ситуацијата околу самата животна и политичка судбина на нашиот поранешен премиер Груевски, изјави Атанасовски. На парламентарните избори пред 4 години кандидатот на тогашната здружена унгарска опозиција Петер Марки Зај најавуваше дека ако победи планира да го екстрадира Груевски во Македонија, но без успех, бидејќи тогаш доживеа изборен пораз.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БизарноДошол на погреб на пријател, па случајно пропаднал во гробот на татко му и починал (ВИДЕО)Адилсон Марсаро (48) од Бразил го загуби животот во необична несреќа на гробиштата, кога пропаднал во гробот на сопствениот татко. Трагедијата се случила додека тој престојувал на гробиштата на погреб на пријател, а бетонската конструкција на која седел наеднаш се урнела. Несреќата се случила во средата, на 21 октомври, на градските гробишта Сао Хозе во Линхарес, во бразилската држава Еспирито Санто. Марсаро дојде тој ден да присуствува на погребот на пријател кој загинал во сообраќајна несреќа претходниот ден. Според гробарот Назаре Бравин, човекот пристигнал на гробиштата со мотор, ги поздравил присутните и прашал каде ќе биде погребан неговиот пријател. После тоа, тој ги оставил моторот и кацигата, а потоа се упатил кон гробот на својот покоен татко, кој се наоѓал на истите гробишта. Кога стигнал до гробот на својот татко, Адилсон седнал на бетонскиот надгробен камен. Во тој момент структурата наеднаш попуштила под неговата тежина и човекот пропаднал во гробницата. Силен тресок го привлече вниманието на луѓето во близина. Кога сфатиле што се случило, веднаш повикале брза помош. На местото на настанот пристигнале припадници на противпожарната служба и брзата помош, но несреќниот човек не можел да се спаси. Лекарите можеле само да констатираат смрт. Неговото тело е извлечено од урнатата гробница и пренесено на обдукција. Како што пишува Њујорк Пост, Марсаро бил погребан веќе следниот ден, на истите гробишта каде што го загубил животот. View this post on Instagram A post shared by Agora Brasil (@agorabrasilnews) Градските власти на Линхарес изразија сочувство до семејството и пријателите на жртвата. Во соопштението тие наведуваат дека вработените на гробиштата веднаш ги известиле надлежните органи, но дека обидите за спасување биле неуспешни. Воедно, тие ги потсетија граѓаните да бидат особено внимателни при посетата на гробните места, особено во пресрет на празникот Денот на мртвите, кога се очекува поголем број посетители. По трагедијата се отвори и прашањето за безбедноста на гробните градби. Градската управа соопшти дека е надлежна за одржување на заедничките површини, патеките и другите јавни делови на гробиштата. Сепак, одржувањето на поединечните гробови и надгробни споменици, според локалните правила, е обврска на семејството на починатиот. Бразилската цивилна полиција покрена истрага за да се утврдат сите околности на несреќата. Засега не е соопштено зошто попуштила бетонската конструкција или дали претходно имало знаци на нејзино оштетување.Тагови: гробот погреб Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп: Мора да го запрам убивањето на иранските лидери Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека мора да престане да убива ирански лидери за да утврди со кого преговараат САД и го повтори својот став дека на Иран никогаш не смее да му биде дозволено да развива нуклеарно оружје.„Морам да престанам да убивам ирански лидери затоа што морам да сфатам со кого, по ѓаволите, преговараме“, рече Трамп на предизборен митинг во Џорџија, објави Дејли експрес. Трамп повтори дека Иран повеќе нема авиони, нема бродови и нема лидери. „Лидерот од прво ниво го нема, лидерот од второ ниво го нема“, рече Трамп. Тој, исто така, ја бранеше својата одлука од 2018 година да ги повлече САД од нуклеарниот договор со Иран од 2015 година, постигнат под тогашниот американски претседател Барак Обама, велејќи дека ја донел одлуката во клучно време за да го спречи Техеран да добие нуклеарно оружје. „Го раскинав еден од најлошите договори што некогаш биле склучени, Заедничкиот сеопфатен план за акција (JCPOA) на Барак Хусеин Обама, познат и како нуклеарен договор со Иран, што доведе до тоа Иран да добие нуклеарно оружје. За среќа, го раскинав токму на време“, тврдеше Трамп. Тој повтори дека САД го уништиле капацитетот за збогатување ураниум на Иран во воените операции спроведени оваа и минатата година. „Ги победивме воено, финансиски и на други начини. Мора да се погрижиме тие никогаш, ама баш никогаш да не добијат нуклеарно оружје“, повтори Трамп.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаПет илјади патници уплатиле крстарење на топлите Бахами, а завршиле во студената Канада (ВИДЕО)Повеќе од 5.000 патници кои очекуваа еднонеделен одмор на сончевите Бахами завршија во студената Канада откако Ројал Карибиан мораше да го пренасочи своето крстарење поради бура. Бродот „Оаза оф д Сис“ исплови од Њу Џерси на 18 октомври на планирано седумдневно патување, но патниците дури на половина пат дознаа дека пловат кон Халифакс, Нова Шкотска, наместо кон тропските острови, објави CTV. Неочекуван пресврт Ненадејниот пресврт значеше дека патниците се пакувале за сосема погрешни температури. Ситуацијата беше влошена од објавата дека нема да им биде дозволено да го напуштат бродот додека е закотвен во пристаништето. „Мојот сопруг ме праша: „Ова е шега, нели?““, изјави Мари Дурнинг од Њу Џерси за CTV News. „Донесов зимска капа и грејачи за уши, но го заборавив шалот.“ Патниците кои пристигнаа на крстарењето од подалечни земји немаа зимска облека со себе, ниту пак имаа каде да ја земат пред да се качат. @chelsea_davis21 Bahamas? Canada? Tomato, tomato 🤷🏼♀️ #royalcaribbean #Canada #oasisoftheseas #halifax #novascotia ♬ original sound - Chelsea Davis Разочарување на социјалните мрежи Актерката Микајла Ајверсон објави видео на Инстаграм снимено на аеродромот Њуарк кратко откако дозна за промената. Во него, таа се пожали на ситуацијата, а видеото стана вирално со 1,4 милиони прегледи. „Ни беше кажано, по слетувањето во Њуарк, дека нашето семејно крстарење до Бахамите, кое тргнува за само 12 часа, сега оди во Нова Шкотска? И нема да ни биде дозволено да се симнеме од бродот цела недела. @royalcaribbean, немаме облека за тоа“, напиша таа во објавата. Меѓу патниците имаше и Канаѓани, кои практично беа испратени дома поради промената на рутата. „Многу сум разочаран“, рече Николас Мели од Торонто. Тој и неговото семејство возеа седум часа до Њу Џерси за да се качат на бродот. „Јас сум од Канада и сакав да одам на Бахамите“. @katymarie923 It was a not so perfect day at cococay. Now it’s just me and my bonine against the seas. #royalcarribean #utopiaoftheseas ♬ Hoist The Colours (A Cappella) - The Wellermen & Eric Hollaway & Big Brev & Ebucs & Luke G. Taylor & Bobby Bass & Jesse Elkins & Davide Dalmonte Се обидоа да ги обештетат И покрај сè, дел од патниците решија да го извлечат најдоброто од ситуацијата. „Бидејќи потрошивме многу пари на ова патување, им реков на сите да ги надминат своите фрустрации пред да се качиме на бродот. Откако ќе се качиме на бродот, не сакам повеќе да слушам за тоа“, рече Двејн Хикс од Филаделфија. „Така се среди, но сум благодарен и ќе се обидам да го извлечам најдоброто од ситуацијата“, додаде Џим Метјуз од Њу Џерси. „Освен тоа, слушнав дека Халифакс е прекрасен град.“Тагови: Бахами Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29