Избори за нови конгресмени во САД

По неколкумесечна кампања и милијарди долари потрошени за реклами и летоци, Американците го даваат конечниот суд.

Традиционално здодевните конгресни избори, овој пат, се очекува да експлодираат со незапаметен одѕив во последните 50 години и се поради еден човек – Доналд Трамп.

Досега предвремено гласале над 35 милиони Американци, што е за 67 отсто повеќе од 2014-та.

Влогот е голем, а самиот Трамп синоќа одржа три завршни митинзи во Охајо, Индијана и Мисури од каде имаше една порака – се што постигнавме е на коцка.

-Кој се ќе гласа во вторник?! Контрастот на овие избори не може да биде појасен. Демократите создаваат банди, републиканците создаваат работни места., изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Историјата не е на страната на Трамп, затоа што партијата на актуелниот претседател секогаш губела на овие избори.

Анкетите недвосмислено упатуваат на тоа дека Демократите со сигурност ќе ја повратат контролата во Претставничкиот дом, а Републиканците на Трамп сепак да го задржат Сенатот. Во таков случај, и функционирањето на Трамп ќе биде сериозно ограничено, а подобар резултат на Демократите може да покрене и процес за импичмент на претседателот.

-Најважно е тоа што карактерот на земјата е на избирачкото ливче. Кој сме ние, е на ливчето. Каква политика да очекуваме е на гласачкото ливче., изјави Барак Обама, поранешен претседател на САД.

На денешните избори се гласа за 435 членови на Претставничкиот дом на Конгресот и за 35 од вкупно стоте места во Сенатот, кои се под контрола на Републиканците. Исходот во најголем дел ќе зависи од тоа колку Трамп упеал да ја промени Америка и да профитира од поделеноста на општеството.

-Она што е сигурно е дека изборите во 2020-та почнуваат во среда. Ќе уследи кампања од речиси две години, за време на која, сите политики ќе се гледаат низ призма на тоа – дали Доналд Трамп ќе има потенцијал да биде реизбрани, изјави Фернандо Лагурда, аналитичар

Последното истражување на Ројтерс покажаа дека 52 проценти од Американците не се согласуваат со политиките на Трамп.

Украина побарала помош од САД за напади на територијата на Русија

Украина се обратила до администрацијата на претседателот Џо Бајден со барање за помош да се лоцираат цели во Русија врз кои Киев би можел да нанесе удари со сопствено оружје, соопшти синоќа „Волстрит журнал“ повикувајќи се на извори во Белата куќа.

-Ти ги замолија (САД) за помош да се нанесат удари во Русија. Стануваше збор не само за вооружени системи но и дополнителна помош за нанесување удари по руски воени лица, изјави началникот на Генералштабот на вооружените сили на САД генерал Чарлс Браун.

Исто така, Киев го побарал од Вашингтон да дозволи користење американско оружје за удари по територијата на Русија. Барањето се случува откако Русија го искористи доцнењето на испораките на американско оружје со што нејзините сили извршија пробив во Харковска област, што стана најуспешната операција на Москва во изминатите година и пол. Барањето на Киев поставено минатата недела сеуште се разгледува.

Ако САД го задоволат барањето на Украина тоа ќе укажува на сериозни промени во политиката на американската администрација која се стреми да го намали ризикот од ескалација меѓу Вашингтон и Москва истовремено подржувајќи го Киев, истакнува изданието.

Според извор во Белата куќа, САД не ја подржуваат иницијативата на украинската страна

-Ние не охрабрувае и не дозволуваме удари по територијата на Русија, изјава Џон Кирби, директор за стратешки комуникации во Советот за национална безбедност во Белата куќа. /МИА

Елегантни моторџии низ скопските улици во обид да ја подигнат свеста за машкото здравје

Годинава, се очекува да има околу 170 учесници кои ќе поминат по улиците и булеварите во централното подрачје во Скопје. 

Елегантни моторџии облечени во палто, елек и вратоврска денеска по деветти пат како дел од глобалното движење „The Distinguished Gentlmens Ride“ ќе дефилираат низ скопските улици со цел да ја подигнат свеста за машкото здравје и превенцијата од рак на простатата.

Годинава, се очекува да има околу 170 учесници кои ќе поминат по улиците и булеварите во централното подрачје во Скопје. Организаторите најавуваат учесници и од останатите градови од државата и гости од Косово. Меѓу нив има доктори, професори, личности од јавниот живот кои, како и секоја година, ќе донираат средства за фондацијата „Мовембер“ во Лондон за борба против рак на простатата.

„The Distinguished Gentlmens Ride“ годинава се одржува во 959 градови низ светот. Учествуваат 90.000 мотоцикли од 105 држави.

Скопје е дел од ова движење од 2016 година. Досега учествувале 1.172 учесници, а собрани се 18.836 евра.

Глобалното движење почна на иницијатива на Марк Хава во 2012 година во Сиднеј кога тој заедно со своите пријатели продефилира низ улиците на градот во чест на неговиот пријател кој починал од рак на простатата. Оттогаш движењето станува помасовно секоја година. Од основањето на „The Distinguished Gentlmens Ride“ досега собрани се 50,2 милиони долари на светско ниво кои се донираат во институции и болници кои се фокусирани на борбата за заштита на машкото здравје и борбата против рак на простатата. /МИА

Пронајдени телата на четворица мигранти, спасени 52 лица во близина на брегот на Тунис

Телата на четворица мигранти се пронајдени во близина на брегот на Тунис, а крајбрежната стража во посебна операција спасила 52 лица, соопшти Националната гарда.

Се додава дека гардата уапсила девет шверцери и ги запленила чамците.

Најмалку 23 туниски мигранти исчезнале откако со чамец се упатиле кон Италија, соопшти претходно Националната гарда.

Тунис се соочува со миграциска криза и ја замени Либија како главна појдовна точка за луѓето кои бегаат од сиромаштијата и конфликтите во Африка и Блискиот Исток во потрага по побезбеден живот во Европа. /МИА

притисни ентер