БалканИзбори во Србија, за што ќе се гласа, кои се изборните листи, изборни правила, проценки...На вонредните парламентарни избори граѓаните ќе гласаат за 18 изборни листи за Собранието на Србија кое брои 250 пратеници.По неполни две години, Србија утре, 17 декември од 07 до 20 часот излегува на избори на кои 6.500.666 граѓани ќе гласаат на вонредните парламентарни, покраински, на изборите за 65 градови и опшини и за градот Белград, каде се запишани 1.613.369 гласачи, а првите прелиминарни резултати и процени може да се очекуваат нешто после 20 часот, јави дописникот на МИА од Белград. На вонредните парламентарни избори граѓаните ќе гласаат за 18 изборни листи за Собранието на Србија кое брои 250 пратеници. Први кои поднесоа изборна листа е коалицијата на владеачката Српска Напредна Странка (СНС), партијата на претседателот Александар Вучиќ, која ќе излезе на изборите под слоганот „Александар Вучиќ-Србија заедно со коалициските партнери Расим Љајиќ (Социјалдемократска партија на Србија), Милан Кркобабиќ (ПУПС), Милан Стаматовиќ (Здрава Србија) и Ненад Поповиќ (Срспка народна партија). Кандидат за градоначалник на Белград од оваа партија ќе биде досегашниот градоначалник Александар Шапиќ. Социјалистичката партија на Србија на Ивица Дачиќ (СПС) на изборите оди самостојно со своја листа со назив „Ивица Дачиќ-премеир на Србија“ во коалција со Единствена Србија (ЈС) на Драган Марковиќ Палма и со Зелените на Србија (ЗС), а Тома Фила, кои има македонско потекло ќе биде заднички кандидат за градоначалник на Белград. „Србија против насилството“ е изборна листа на проевропската опозиција или Партијата за слобода и правда (ССП), Народното движење на Србија, Зелено-левиот фронт/Не го давиме Белград, Срце, Еколошкото востание, Демократската партија (ДС), Движењето на слободни граѓани (ПСГ), партијата Заедно и синдикатото Слога, со Мирослав Алексиќ и Мариника Тепиќ како носители на листата на републичките избори, а Владимир Обрадовиќ е кандидат за градоначалник на Белград. Социјалдемократската странка (СДС) на поранешниот претседател Борис Тадиќ не успеа да влезе во коалиција со проевропските парти и оди со посебна изборна листа Добро утро Србијо, заедно со Саша Радуловиќ од Доста беше (ДЈБ). На изборите самостојно ќе излезе и Либерално демократската партија (ЛДП) на Чедомир Јовановиќ, со листа „Мораме поинаку“. Опозиционите партии од десницата, партијата на Вук Јеремиќ, Двери, Радикалите на Воислав Шешељ, Нов ДСС на Милош Јовановиќ, Заветници, ПОКС, засега не успеа да постигнат договор за заедничка коалиција на овие ибори во Србија. Народната партија на Вук Јеремиќ оди самостојно на изборите со листата „Сигурен избор“, Новата Демократска странка (ДСС) на Милош Јовановиќ и ПОКС-Движењето за обнова на кралевина Србија понесоа своја листа под име „Надеж за Србија“, како и Двери на Бошко Обрадовиќ и Заветници на Милица Ѓурѓевиќ Стаменковска кои имаат изборна листа „Национално собирање-Државотворно сила“. Српската радикална странка на Воислав Шешељ на парламентарните избори оди самостојно со своја изборна листа, додека на локално ниво и на изборите за град Белград се во коалција со СНС. Од партиите на националните малцинства, најголемата, Сојузот на Унгарците од Војводина оди самостојно со своја изборна листа, како и СДА Санџак на Сулејман Угљанин. Малцинска изборна колација со своја листа поднесоа партијата на Усама Зукорлиќ-Странката на Бошњаците од Санџак и Томислав Жигманов од Демократскиот сојуз на Хрватите. Одделни изборни листи поднесоа и двете албанските партии во Србија-Албанската демократска алтернатива и партијата на Шаип Камбери. Нешто помалку листи се на гласачкото ливче за покраинските избори. Граѓаните на Војводина овојпат ќе избираат од 13 различни изборни листи, додека за градот за градот Белград граѓаните ќе бираат меѓу 14 изборни листи. Според анкетите, за изборите за Собранието на Србија, во голема предност за победа, со разлика од 10% е владечката СНС, но ноизвесно е дали ќе може сама да освои мнозинство за формирање на Влада, или ќе мора да коалицира со традициналните партнери, меѓу кои е СПС на Ивица Дачиќ, кој ќе биде „тас на вагата“ за формирање на идната власт. Најнеизвесна „изборна битка“ ќе биде за Собранието на град Белград, каде проевропската опозиција „Србија против насилството“ има големи шанси за победа. Но и во овој случај енигма е дали ќе освои довлно гласови, да може да формира самостојно мнозинство, или ќе мора да коалицира со десницата или со СПС на Дачиќ. СПС и овојпат е тас на вагата и обратно за СНС, за која се проценува дека нема да може самостојно да освои градската власт и ќе мора да коалицира. Изборниот циклус на изборите за пратеници ќе го следат 5.587 набљудувачи. Станува збор за девет домашни здруженија, односно 25 меѓународни организации и странски држави, меѓу кои меѓународната фондација за изборни системи, потоа Парламентарното собрание на ОБСЕ, Парламентарното собрание на Советот на Европа, Делегацијата на Европската Унија во Србија, Европскиот парламент, потоа амбасадите на Норвешка, Швајцарија, Холандија и други. Република Србија, според постојниот изборен закон, претставува една изборна единица. Пратеничките мандати се распределуваат пропорционално според бројот на освоени гласови. Како што покажаа претходните изборни циклуси, првите прелиминарни резултати од изборите во Србија се очекуваат речиси во првиот час по затворањето на гласачките места, кога некои партии веќе излегуваат со свои проценки. Конечниот резултат, сепак, го даваат изборните комисии (републички, покраински или градски), а целиот процес може да потрае, како што покажа случајот од 2022 година. Конечните резултати од парламентарните избори одржани на 3 април 2022 година, Републичката изборна комисија ги објави дури три месеци подоцна - на 5 јули. По објавувањето на конечните резултати, започнува рокот од 30 дена за конституирање на Народното собрание. Рокот за формирање на Влада е 90 дена од денот на конституирањето на Народното собрание. По изборите во април 2022 година, новата влада беше формирана дури на 26 октомври истата година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканБугарија избира претседател: Илијана Јотова и Андреј Ѓуров во вториот круг Во Бугарија се одржуваат избори на кои граѓаните на земјата ќе го изберат својот седми претседател. Кандидати се Илијана Јотова, вршител на должноста претседател на Бугарија, и Андреј Ѓуров, поранешен привремен премиер и поранешен гувернер на Централната банка на Бугарија. Во првиот круг од изборите, одржан пред една недела, ниту еден од 27-те претседателски кандидати не ја обезбеди поддршката потребна за победа во првиот круг, пренесува БТА. Според Централната изборна комисија на Бугарија, право на глас имаат речиси 6,6 милиони граѓани, а 9.373 избирачки места ќе бидат отворени од 07:00 до 20:00 часот по локално време. Гласачите исто така ќе гласаат и за кандидати за потпретседател. Кандидат за потпретседател во тимот на Илијана Јотова е Кирил Влчев; тие ја уживаат поддршката на владејачката партија „Прогресивна Бугарија“ и на Социјалистичката партија. Кандидат за потпретседател во тимот на Андреј Ѓуров е Георги Кандев; тие се поддржани од прозападните опозициски сили. ЦИК ќе ги објави конечните резултати од претседателските и потпретседателските избори во рок од три дена по гласањето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
ТехнологијаРусија гради огромен радар во Калининград, ќе може да ја следи речиси цела ЕвропаРусија е сè поблиску до активирање на своето „ново око“ над Европа. Според медиумските извештаи, изградбата на огромен радарски комплекс во Калининград – руска област со силно воено присуство – е речиси завршен, пишува „Дојче веле“. Гледано од воздух, трите крака на овој простран комплекс, од кои секој е долг повеќе од 500 метри, изгледаат како трага оставена од некоја вонземска форма на живот среде инаку недопрена шума. Објектот, исто така, би можел да се спореди со платформа за слетување или лансирање, наменета за широката разузнавачка мрежа на Москва. Безбедносниот аналитичар Вајдотас Малинионис вели дека радарот е толку голем што може да „гледа“ зад закривеноста на Земјата. Еден поранешен литвански командант изјави за „Дојче веле“ дека радарскиот систем за надзор преку хоризонтот (OTH), кој се гради во близина на Гвардејск, ќе има домет од околу 3.000 километри. Ова би ѝ овозможило на Москва да ја контролира речиси цела Европа, како и целата територија на Украина. Според извештаите, системот би ѝ овозможил на Русија да пресретнува сателитски комуникации и да го детектира движењето на летала и балистички ракети. „Целта и намената на овој радар е набљудување на цели на големи растојанија и можност за рано предупредување. Сè уште не знаеме дали тој е оперативно способен да ги извршува тие задачи, но секако е во фаза на изградба“, додаде тој. Според „Тајмс“, ICEYE смета дека проширувањето на рускиот систем за надзорни радари со дострел зад хоризонтот покажува оти Калининград се развива во центар за напредни воени сензори и системи за електронско војување. „Новиот радар укажува на засилување на конкуренцијата меѓу Русија и НАТО за воена надмоќ и контрола врз Калининградската област“, истакна летонскиот геополитички аналитичар Евија Џатковица.Тагови: русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
МакедонијаДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.Според пресекот направен во 13 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната:Според пресекот направен во 13 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната: Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 4518 , или изразено во проценти 27.81 %. Во споредба со првиот круг на изборите кој се одржа на 18 октомври 2026, излезноста е зголемена за 7.31 %. Во однос на заштитата на личното избирачко право, до 13 часот е пристигнат 1 приговор кој е усвоен и на гласачот му е овозможено да гласа. Следната информација за пресекот на излезноста на гласачите и текот на гласање следува на прес конференцијата во 15.30 ч, која ќе се одржи во седиштето на ДИК.Тагови: ДИК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter