Избори во Србија: Вучиќ чека во ред за да гласа - Канал 5

Избори во Србија: Вучиќ чека во ред за да гласа

Србија денеска избира нов парламент, на неполни 18 месеци од последните парламентарни избори.

Избори во Србија: Вучиќ чека во ред за да гласа

Фаворит за предвремени избори е десничарската националистичка Српска напредна партија (СНС) на чело со Александар Вучиќ.

Избирачките места се отворија во 7 часот, а се затвораат во 20 часот. Нешто пред девет часот на избирачкото место во Нов Белград пристигна српскиот претседател Александар Вучиќ. „Дојдов на гласачкото место и чекав четириесетина минути во редот за гласање“, изјавил Вучиќ, јавува репортерот на ФоНет.

Првите резултати се очекуваат доцна навечер.

Последните анкети, исто така, даваат мнозинство на Српската напредна партија на претседателот Александар Вучиќ, со 40 до 45 отсто од гласовите.

Освен парламентарни избори и избори за пратеници во Собранието на Војводина, се одржуваат и локални избори во 65 општини и градови, вклучувајќи го и Белград.

Ова се 14-ти парламентарни избори во Србија од воведувањето на повеќепартискиот систем, а дури деветти вонредни.

Правото на глас можат да го остварат 6.500.666 запишани избирачи на 8.273 избирачки места низ целата држава.

Избирачките места утринава се отворени во 7 часот, а доколку нема некои прекини ќе бидат затворени во 20 часот.

На парламентарните избори во Србија учествуваат 18 изборни листи, со предложени вкупно 2.817 кандидати за 250 пратенички места.

За 120-те пратенички места во Собранието на Војводина се натпреваруваат 13 избирачки листи, а за 110-те советнички места во Собранието на Белград ќе се натпреваруваат 14 изборни листи.

Косовските Срби ќе гласаат на избирачки места во јужниот дел на централна Србија - во Врање, Куршумлија, Рашка и Тутин.

Лицата кои на денот на гласањето отслужуваат воен рок, воена обука или обука во единици или институции на Вооружените сили на Србија, можат да гласаат на вкупно 36 избирачки места во повеќе општини.

Во институциите за извршување на кривични санкции ќе бидат отворени 29 избирачки места, а запишани се 8.543 гласачи.

Српските државјани кои живеат во странство можат да гласаат во 35 земји на 81 избирачко место, а регистрирани се 39.270 гласачи. Поради разликата во временските зони гласањето во САД, Канада, Португалија и Велика Британија се одржа вчера.

Изборите ќе ги следат рекордни 5.587 набљудувачи, а тоа се девет домашни здруженија и 25 меѓународни организации и странски држави.

За една изборна листа да може да влезе во собранието и да освои пратенички мандати потребно е да го помине прагот од три проценти, а во распределбата на мандатите учествуваат и партиите и коалициите на националните малцинства и доколку освојат помалку од три проценти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бугарија избира претседател: Илијана Јотова и Андреј Ѓуров во вториот круг

Во Бугарија се одржуваат избори на кои граѓаните на земјата ќе го изберат својот седми претседател. 

Бугарија избира претседател: Илијана Јотова и Андреј Ѓуров во вториот круг

Кандидати се Илијана Јотова, вршител на должноста претседател на Бугарија, и Андреј Ѓуров, поранешен привремен премиер и поранешен гувернер на Централната банка на Бугарија.

Во првиот круг од изборите, одржан пред една недела, ниту еден од 27-те претседателски кандидати не ја обезбеди поддршката потребна за победа во првиот круг, пренесува БТА.

Според Централната изборна комисија на Бугарија, право на глас имаат речиси 6,6 милиони граѓани, а 9.373 избирачки места ќе бидат отворени од 07:00 до 20:00 часот по локално време.

Гласачите исто така ќе гласаат и за кандидати за потпретседател.

Кандидат за потпретседател во тимот на Илијана Јотова е Кирил Влчев; тие ја уживаат поддршката на владејачката партија „Прогресивна Бугарија“ и на Социјалистичката партија. Кандидат за потпретседател во тимот на Андреј Ѓуров е Георги Кандев; тие се поддржани од прозападните опозициски сили.

ЦИК ќе ги објави конечните резултати од претседателските и потпретседателските избори во рок од три дена по гласањето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русија гради огромен радар во Калининград, ќе може да ја следи речиси цела Европа

Русија е сè поблиску до активирање на своето „ново око“ над Европа. 

Русија гради огромен радар во Калининград, ќе може да ја следи речиси цела Европа

Според медиумските извештаи, изградбата на огромен радарски комплекс во Калининград – руска област со силно воено присуство – е речиси завршен, пишува „Дојче веле“.

Гледано од воздух, трите крака на овој простран комплекс, од кои секој е долг повеќе од 500 метри, изгледаат како трага оставена од некоја вонземска форма на живот среде инаку недопрена шума.

Објектот, исто така, би можел да се спореди со платформа за слетување или лансирање, наменета за широката разузнавачка мрежа на Москва.

Безбедносниот аналитичар Вајдотас Малинионис вели дека радарот е толку голем што може да „гледа“ зад закривеноста на Земјата. Еден поранешен литвански командант изјави за „Дојче веле“ дека радарскиот систем за надзор преку хоризонтот (OTH), кој се гради во близина на Гвардејск, ќе има домет од околу 3.000 километри.

Ова би ѝ овозможило на Москва да ја контролира речиси цела Европа, како и целата територија на Украина.

Според извештаите, системот би ѝ овозможил на Русија да пресретнува сателитски комуникации и да го детектира движењето на летала и балистички ракети.

„Целта и намената на овој радар е набљудување на цели на големи растојанија и можност за рано предупредување. Сè уште не знаеме дали тој е оперативно способен да ги извршува тие задачи, но секако е во фаза на изградба“, додаде тој.

Според „Тајмс“, ICEYE смета дека проширувањето на рускиот систем за надзорни радари со дострел зад хоризонтот покажува оти Калининград се развива во центар за напредни воени сензори и системи за електронско војување.

„Новиот радар укажува на засилување на конкуренцијата меѓу Русија и НАТО за воена надмоќ и контрола врз Калининградската област“, ​​истакна летонскиот геополитички аналитичар Евија Џатковица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.

Според пресекот направен во 13 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната:

ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81  %.

Според пресекот направен во 13 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната: Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 4518 , или изразено во проценти 27.81 %.

Во споредба со првиот круг на изборите кој се одржа на 18 октомври 2026, излезноста е зголемена за 7.31 %.

Во однос на заштитата на личното избирачко право, до 13 часот е пристигнат 1 приговор кој е усвоен и на гласачот му е овозможено да гласа.

Следната информација за пресекот на излезноста на гласачите и текот на гласање следува на прес конференцијата во 15.30 ч, која ќе се одржи во седиштето на ДИК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер