СДСМ: За труењето во Гостивар СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов, Амети
2СДСМ: За труењето во Гостивар СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов, Амети
БалканИзбори во Хрватска: По преброени 98 отсто од гласовите-ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати Хрватската демократска заедница (ХДЗ) освои 60, а Социјалдемократската партија (СДП) 42 мандати на парламентарните избори во Хрватска одржани вчера, покажуваат податоците на Државната изборна комисија, по преброени 98 отсто од гласовите.За формирање влада потребна е поддршка од најмалку 76 од вкупно 151 пратеник во Саборот. Гласале 61,99 отсто од избирачите. Право на глас на изборите имаа околу 3,7 милиони луѓе, што е за 127.000 помалку од пред четири години. Следи Движењето Татковина со 14 мандати, Мост со 11 мандати, а петти се „Можеме“ со 10 освоени пратенички мандати. Истарското Демократско Собрание (ИДС) освои три мандати, независната платформа „Север“ освои две места, а коалицијата Фокус-Република освои еден мандат. Премиерот на Хрватска и претседател на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) Андреј Пленковиќ најави дека од дeнеска ќе започне разговори за формирање ново парламентарно мнозинство заради формирање на третата влада на ХДЗ. „ХДЗ убедливо победи на парламентарните избори третпат по ред“, изјави Пленковиќ во изборниот штаб на ХДЗ во Загреб по парламентарните избори одржани вчера, на кои победи ХДЗ, но со недоволно гласови за самостојна влада. Пленковиќ оцени дека опозициската Социјалдемократска партија не заслужува да формира влада, туку тоа треба да го направи ХДЗ како победник на изборите. Од друга страна, и претседателот на најголемата опозициска партија СДП, Пеѓа Грбин, најави дека од денеска ќе започне разговори за можна постизборна коалиција со партиите кои најавија дека нема да коалицираат со ХДЗ. - Изборните резултати не се онакви какви што посакувавме, но покажаа дека граѓаните на Хрватска сакаат промени и дека не се задоволни од она што се случува во Хрватска, истакна Грбин во изборниот штаб на СДП во Загреб. Грбин рече дека на Хрватска и претстојат денови, недели, а можеби и месеци на разговори за формирање влада. - Тие разговори ќе завршат добро, со промена што ќе ја направи Хрватска подобра земја, земја без корупција која се грижи за својот народ, рече Грбин. Кандидат за премиер на СДП е претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ, поранешен лидер на таа партија. Тој не беше на листата на СДП, бидејќи Уставниот суд му забрани да го стори тоа, со оглед на тоа што претходно не поднесе оставка од функцијата претседател на државата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Нова патека и нов ски лифт на МихајловоГрадоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, во телевизиско гостување најави значајни инвестиции во развојот на ски-центарот Михајлово.-Нова патека и нов ски лифт во зимскиот ски-центарот Михајлово, најави првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести25 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
МакедонијаСДСМ: За труењето во Гостивар СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов, АметиПомина повеќе од еден месец, цел град Гостивар беше отруен со загадена вода. Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор Речиси 5.000 граѓани завршија во болница. Здравствена катастрофа и тотален распад на институциите. Одговорност од власта, од здравствените институции досега нема. Од никого. А нема ниту чиста вода во Гостивар. Четири недели власта на Мицкоски си поигрува со најскапото нешто - здравјето на луѓето. Јавното обвинителство молчи, ги игнорира повиците да преземе конкретни чекори. Ние тоа нема да го дозволиме. Нема да дозволиме ова да се заташка. Одговорните за здравствената катастрофа, за труењето на цел еден град и загрозување на здравјето на 5.000 луѓе мора да сносат одговорност, политичка и кривична. Не може да се сведе одговорноста само на локално ниво, сите инволвирани мора да одговараат. СДСМ денеска поднесе Кривична пријава за сите системски пропусти, непостапувања, непреземања на законските надлежности од страна на здравствените и инспекциските институции. Кривичната пријавата е против: -Сашко Клековски – Министер за здравство во Владата на Мицкоски. -Марија Андоновска – Директорка на Институтот за јавно здравје. -Кирил Лазов - Директор на Државен санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). -Шпенди Амети, Директор на Центар за јавно здравје (ЦЈЗ) – Тетово. Основани се сомненијата дека во периодот од јуни 2026 година па се до денес, во својство на службени или одговорни лица во институциите со кои раководат, не презеле дејствија и мерки за заштита на здравјето и спречување на последиците од загадувањето на водата во Гостивар. Не се придржувале кон прописите за заштита на луѓето и животната средина и луѓето. Се задоцнило со реакциите, 22 дена граѓаните на Гостивар пиеле отровна вода со фекалии, дури Центарот за јавно здравје соопштил дека водата е исправна за пиење. Иако по 200 граѓани дневно се пријавувале со здравствени тегоби 5 дена никој не презел ништо, да ја утврди причината, да реагира. Се задоцни и со прогласување на епидемијата. Се криеја информации за водата од граѓаните, никогаш не беше објавена анализа или извештај. Сите овие непостапувања доведоа до сериозни и тешки последици за здравјето на граѓаните на Гостивар. Со ова пријавените сториле неколку кривични дела кои се гонат по службена должност. Нема поголем скандал, ниту поголема неодговорност од вакво поигрување со животот на граѓаните. Го повикуваме Јавното обвинителство да постапи, да ги преземе сите дејства за утврдување на фактите и доказите за наведените во оваа кривична пријава. Одговорност мора да има. Скопје, 10.08.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести25 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
МакедонијаСообраќајка меѓу камион со дрва и три автомобили на патот Гостивар-СтражаТри автомобили и камион натоварен со дрва учествува утрово во сообраќајна несреќа на патот Гостивар - Стража. Четири возила, меѓу кои и камион натоварен со дрва, се судрија денеска на патниот правец Гостивар – Стража, соопштија од Министерството за внатрешни работи. Сообраќајната несреќа предизвика значително отежнување на сообраќајот и создаде долги колони во двата правци. Според првичните информации од терен, во несреќата учествувале три патнички автомобили и еден камион што превезувал дрва. Од силината на ударот, дел од товарот на камионот се растурил по коловозот, дополнително блокирајќи го минувањето на останатите возила на оваа фрекфентна делница. Додека трае расчистувањето на коловозот и преместувањето на оштетените возила, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента, што создаде подолги колони автомобили во насока кон Кичево и кон Гостивар. Од СВР Тетово за МИА информираат дека несреќата била пријавена утрово околу 7:40 часот. Повредените се наоѓале во едно од возилата, а по незгодата се пожалиле на здравствени проблеми и биле пренесени во гостиварската болница за лекарска помош. „По незгодата, три малолетни лица и една жена кои биле во едно од автомобилите се пожалиле на здравствени проблеми и биле упатени во гостиварската болница за укажување медицинска помош“, изјави портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести25 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05