Избори во Финска-по 20 години Социјалдемократите во водство на анкетите

Финска ќе сврти налево на денешните изборите , откако Социјалдемократите го презедоа водството на последните анкети.

Доколку се остварат прогнозите, земјата ќе го добие својот прв левичарски лидер во последните 20 години. Но, неколку партии, вклучувајќи ги и десничарските, кои се приближуваа кон второто место, способноста на Социјалдемократите да ја добијат власта може да се намали и да треба постизборно да влезат во коалиција.

Минатиот месец владата на поранешниот премиер Јуха Сипила поднесе оставка поради неговиот неуспех да постигне реформа на социјалната и здравствената заштита.

Неговата централна партија беше во коалициона влада на централнодесничарите од последните парламентарни избори во 2015 година.

СДСМ: На 8 ми мај граѓаните масовно да излезат на изборите, се одлучува за иднината на државата

Граѓаните треба масовно да излезат на изборите на 8-ми мај и да гласаат. Се одлучува за иднината на државата.

Прашањето е каква држава сакаме да изградиме?

Дали ќе следи уште една лоша реприза од тоталитарното владеење на Груевски и неговата криминална екипа, или заедно со СДСМ ќе имаме слободна, просперитетна и европска иднина.

Изборот е во рацете на граѓаните но тоа може да има сериозни негативни последици кон иднината на Македонија.

СДСМ ги повикува сите граѓани, да излезат на гласање во среда, да го заокружат бројот 1 и да гласаат ЗА, за европска иднина, за европски стандарди и вредности, за држава во која децата ќе сакаат да останат, се наведува во партиското соопштение.

Генералштаб на Украина: Руските сили ги интензивираа нападите кон Авдејево

Русија ги засилила нападите во правец кон Авдејево, соопшти утринава Генералштабот на вооружените сили на Украина, наведувајќи дека украинските сили во изминатите 24 часа одбиле 50 руски напади на тој дел од фронтот.

Руските сили се фокусираа на неколку сектори на фронтот во Донбас, пренесува Униан.

Во правец кон Бахмут, украинските сили одбиле 22 руски напади, а во изминатите 24 часа на линијата на фронтот се случиле 134 судири.

Кина во историска мисија- лансира сонда на темната страна на Месечината

Кина денеска ќе ја лансира лунарната сонда Чанге-6, соопшти кинеската Национална вселенска администрација.

Сондата ќе собира примероци од темната страна на Месечината. Тоа ќе биде прва ваква мисија во историјата на човештвото, јавуваат кинеските медиуми.

Во тек се последните подготовки за мисијата, која ќе започне од местото за лансирање Венчанг во кинеската провинција Хејнан.


притисни ентер