Изборен молк – гласаат болните и немоќните, лицата во старските домови, затворениците - Канал 5

Изборен молк – гласаат болните и немоќните, лицата во старските домови, затворениците

Партиските карвани стивнаа, на сила е изборниот молк пред утрешниот прв круг избори на локалните избори.. 

Изборен молк – гласаат болните и немоќните, лицата во старските домови, затворениците

Возбудени од рано утрината чекаа да им дојдат на ред пред гласачката кутија. 88 годишната Мара, најстара во домот Мајка Тереза во Злокуќани и нејзината пријателка го дадоа гласот на локалните избори. Велат не им е прв пат да гласаат ден пред останатите, зашто повеќе од една деценија се дел од големото семејство наречено Дом за стари лица. Додека гласачите мирно чекаа да го заокружат саканиот број на избирачкото ливче, пред нашата камера изразија надеж дека за подобра иднина на младите, а од идните локални власти побараа изградба на нов дом, бидејќи како што рекоа, постоечкиот веќе си го отслужил своето.

За разлика од нив, која работниот век го поминала во Конзерваторскиот центар на Македонија, како кустос во црквата Свети спас, во домот е меѓу поновите. Вели тоа што може да гласа пред сите други граѓани, го доживува како привилегија, а е убедена дека нејзиниот глас ќе има моќ да ги промени работите кон подобро.

Во домот за стари лица „Мајка Тереза“ во Злокуќани, гласањето започна уште рано утринава. Членови на избирачките одбори заедно со претставници на ДИК го донесоа избирачкиот материјал.

Со гласањето на старите, болни и немоќни лица, утрово започнаа осмите по ред локални избори, на кои ќе се избираат градоначалници и советници за 80 општини и за Град Скопје.

На ден пред изборите гласаат 8. 851 болни и немоќни лица, во домашни услови и 442 лица во старските домови

Се гласаше и во домашни услови кај болните и изнемоштени лица кои претходно добија дозвола од ДИК гласањето да го извршат од своите домови, денеска на гости им дојде општинската изборна комисија. Од ДИК соопштија дека гласањето денеска во старските домови и во домовите на болните се одвивало во најдобар ред.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Нвидија“ истражува наводи за врски на извршниот директор со осомничена кинеска шпионка

Американскиот технолошки гигант „Нвидиа“ отвори независна истрага по медиумските извештаи дека нејзиниот извршен директор Џенсен Хуанг имал блиски односи со жена осомничена дека е  кинески шпион.

„Нвидија“ истражува наводи за врски на извршниот директор со осомничена кинеска шпионка

Според „Њујорк Тајмс“, американските разузнавачки претставници веруваат дека кинеската бизнисменка Алис Хуанг работела за Пекинг.

Од компанијата соопштуваат дека одборот на директори засега нема причина да верува дека биле компромитирани деловните тајни или националната безбедност на „Нвидиа“.

Хуанг, пак, признал дека бил неверен на сопругата и јавно ѝ се извинил за болката што ѝ ја нанел нејзе и на нивните деца.

Од „Нвидиа“, која е меѓу највредните компании во светот и е клучен производител на хардвер за вештачка интелигенција, порачуваат дека Хуанг и натаму е посветен на водењето на компанијата. Независната истрага треба да ги разјасни наводите и евентуалните последици од неговите контакти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во болница почина убиецот од Полска

 Напаѓач кој во саботата уби шест лица во Краков, Полска, при смртоносен напад на главниот градски плоштад, почина во болница, објави новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на полициски извори.

Во болница почина убиецот од Полска

24- годишниот убиец бил прогласен за мртов во 4:30 часот наутро.

„Уште од самиот почеток, неговата состојба беше многу сериозна, критична. Се водеше постојана борба за спасување на животот на овој човек, и покрај злото што го стори. Тој имаше најмалку три операции“, стои во соопштението.

Нападот на Главниот плоштад во Краков се случи во саботата, околу 15 часот. Дваесет и четиригодишен маж со автомобил влета на плоштадот и почна да пука кон луѓето што се наоѓале таму. Шест лица загинаа, а 16 беа повредени, меѓу кои и полицајците што интервенираа, како и самиот сторител.

Напаѓачот беше застрелан за време на размена на оган со полициски службеници и е приведен. Околностите на нападот и мотивот на сторителот се предмет на тековна истрага во која се вклучени обвинителството и специјалните служби.

Истиот ден, во семејната куќа на Михал О. на улицата Тилна во Островјец Свјентокшиски, полициските службеници пронашле тела на три лица, членови на семејството на напаѓачот. Станува збор за 53-годишен татко, 52-годишна мајка и 21-годишна сестра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица

Од денеска, клиентите на АЛТА банка ќе можат да располагаат со поголем износ од своите средства.

АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица

Неделниот лимит за подигање готовина од банкомат и плаќање со платежни картички се зголемува од 10 на 15 илјади денари. Истовремено, се проширува и мрежата за шалтерска исплата. Од денеска ќе бидат отворени и шалтери и во тетово и во струмица, каде што клиентите кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20 илјади денари во период од две недели, исто како и во експозитурата во Битола.

Олеснување, како што најави гувернерот Трајко Славески, ќе има и за идните приливи. Платите, пензиите и социјалните трансфери кои допрва ќе легнуваат на сметките на клиентите, доколку доаѓаат од институции или компании кои имаат сметки во други банки, ќе можат да се повлекуваат во целост..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер