Изборен ден во Србија: Вучиќ очекува убедлива победа - Канал 5

Изборен ден во Србија: Вучиќ очекува убедлива победа

После  неполни две години, соседна Србија излегува на предвремени избори на кои над 6 и пол милиони граѓани имаат право на глас.

Изборен ден во Србија: Вучиќ очекува убедлива победа

За Влада, Парламент, градоначалници на над 60 општини и во главниот град Белград– Србија денеска гласа на споени избори, вонредни парламентарни, покраински и локални. Сите партии кои учествуваат се надеваат на добри резултати и победа, но анкетите од изминатиот период покажуваат дека и овојпат бројките се во корист на актуелната владејачка структура, предводена од претседателот Александар Вучиќ. Тој утрово застана во ред со останатите граѓани и чекаше околу половина час за да стигне до гласачките кутии.

„Очекувам добра излезност, очекувам убедлива победа. Се надевам дека сите учесници во изборната трка рационално, сериозно и одговорно ќе се однесуваат, иако не сум сигурен во тоа. Србија во следниот период ќе има многу важни работи да реализира, многу да направи. Кога велам убедлива победа, верувам дека листата „Србија не смее да застане“ ќе биде блиску до апсолутно мнозинство или ќе го има апсолутното мнозинство.“

„Пред се очекувам денешните избори да поминат во мирна и демократска атмосфера. Исто така потенцирам дека ова се многу важни избори затоа што Србија се наоѓа во еден одлучувачки период, кога на дневен ред ќе се најдат најважните теми од национално и државно значење и многу е важно Србија да е политички стабилна.“

Опозицискиот блок го предводи поранешниот градоначалник на Белград Драган Ѓилас кој ја води листата насловена „Србија против насилството“. Токму во главниот град кадешто годинава се одржуваа масовните протести по двете повеќекратни убиства, опозицијата има поголеми шанси за разлика од централно ниво. Меѓу кандидатите за градоначалници има и Македонец од Битола, адвокатот Тома Фила, од партијата на Дачиќ.

„Секогаш велев, не само во изборниот молк, дека луѓето мора да излезат да гласаат за иднината на своето семејство и своите деца. Може сум оптимист, но јас никогаш не се натпреварував за да изгубам.“

„Јас не сум некој кој вообичаено инсистира и повикува да се гласа за одредена листа или за мене конкретно или за листата на која сум јас, затоа што мислам дека луѓето се доволно паметни и зрели да гласаат за својата иднина и за своите деца.“

Инаку темата Косово беше често споменувана во предизборната кампањ - опозицијата го обвинуваше Вучиќ дека се откажал српска територија, додека претседателот уверуваше за непропустливост на притисоците.. Откако косовската Влада одви да се отворат избирачки места во српските средини на Косово, Србите оттаму со организиран превоз пристигнаа во Србија рано утринава да гласаат на парламентарните избори, во пограничните градови Куршумлија, Тутин, Рашка и Врање..

На овие избори право на глас имаат околу 6,5 милиони гласачи, а очекувањата се дека конечните резултати ќе се знаат до Нова Година.. Рокот за формирање на Собранието според српското законодавство е 30 дена, а за формирање на Влада 90 дена, што значи дека формално победниците ќе ги преземат позициите напролет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Скопје опожарен паркиран автомобил пежо

Во населбата Аеродорм во Скопје засега непознат сторител опожарил автомобил пежо. 

Во Скопје опожарен паркиран автомобил пежо

На 31.10.2026 во 21:24 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „12-та Македонска бригада“ во Скопје, едно лице со употреба на запалива течност опожарил паркирано патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, во сопственост на 62-годишната И.С. од Скопје. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат со ПП апарат од страна на нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот., соопштија од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Луис Хамилтон на пол-позицијата на Гран прито во Мексико

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, возачот на Ферари, Луис Хамилтон ја освои пол-позицијата  на трката за Големата награда на Мексико, трка по која може да се промовира новиот шампион во најбрзиот циркус.  

Луис Хамилтон на пол-позицијата на Гран прито во Мексико

Хамилтон, седумкратниот светски шампион кој вози за Ферари, беше најбрз, пред Џорџ Расел во Мерцедес и својот тимски колега Шарл Леклер во квалицфикациите пред Гран прито во Мексико.

Макс Верстапен е четврти, додека лидерот во генералниот пласман, Кими Антонели, заврши на петтото место, пред Ландо Норис.

Трката во Мексико е на програмата во недела во 21:00 часот во европско време, а се очекува дваесетгодишниот Италијанец токму во Мексико да ја потврди титулата.

Тој беше блиску до премиерната титула уште минатиот викенд, но сега е навистина тешко да се замисли сценарио во кое тој нема да ја заврши работата.

Антонели не зависи од никого. Доколку заврши на едно од првите девет места, ќе ја обезбеди титулата.

Дури и ако не освои ниту еден бод, сепак може да стане шампион, под услов Расел и Хамилтон да не остварат добар резултат.

До крајот од сезоната се очекува голема борба за местата на подиумот, бидејќи зад Антонели се наоѓаат Џорџ Расел со 242 бода, Луис Хамилтон со 241, Макс Верстапен со 236, Шарл Леклер со 233, па дури и Ландо Норис, кој има 211 бода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повозрасен скопјанец во својот дом нападнат и ограбен од двајца познаници

76-годишен скопјанец во својот дом бил нападнат и ограбен од двајца познаници. 

Повозрасен скопјанец во својот дом нападнат и ограбен од двајца познаници

-Денеска (01.11.2026) во 05:30 часот во СВР Скопје, К.П.(76) од скопско, пријавил дека на 31.10.2026 околу 21:15 часот во неговиот дом бил физички нападнат од две лица кои ги познавал. Притоа, едно од лицата го удрило со кундак од огнено оружје, по што двајцата му одзеле пари. информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер