ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ оставија зад себе правосудство во кое граѓаните не гледаат еднаквост пред законот
2ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ оставија зад себе правосудство во кое граѓаните не гледаат еднаквост пред законот
БалканИзбегала во Германија сестрата, која тепаше жена во дом за стари лица на Косово (ВИДЕО)Адвокатот Мешари Селџимај изјави дека Аурона Пељај, која е осомничена дека физички ја нападнала 70-годишната Минире Нура во домот за стари лица во Пеќ, можеби побегнала во Германија, пренесува Коха.Селџимај, кој е адвокат на семејството на постарата жена која била физички малтретирана во дом за стари лица, нагласи дека обвинителството се уште не поднело обвинение против неа. „Според информациите што ги имам, Аурона Пељај можеби побегнала во Германија. Така се зборува последните денови. Обвинителството се уште не ги завршило своите истраги.Обвинителството се уште нема поднесено обвинителен акт до судот и судот се уште немал можност да ја повика Пељај. Таа мора да се појави со поканата, а доколку не се појави се преземаат мерки за распишување потерница“, изјави тој за Еуроњуз Албанија. Bože, osuši im ruke 🙏🙏🙏 pic.twitter.com/pjKqgc9KDE — rođenNAOPAČKE (@izlozba_poroka) November 2, 2022 Врховниот суд на Косово одлучи да им го укине притворот на трите медицински сестри кои беа уапсени поради физички напад врз постара жена во дом за стари лица во Пеќ, на почетокот на ноември минатата година. View this post on Instagram A post shared by Kragujevčani (@kragujevcani.rs) Во одлуката на Врховниот суд, пишува Коха, се наведува дека на обвинетите им е прекинат притворот и дека тие се пуштени да се бранат од слобода.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски од САД: Нови можности за инвестиции и продлабочување на стратешкото партнерствоВо рамките на посетата на Вашингтон, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, заедно со владината делегација, оствари повеќе значајни средби со претставници на американските институции, Конгресот и економскиот сектор.Во рамките на посетата на Вашингтон, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, заедно со владината делегација, оствари повеќе значајни средби со претставници на американските институции, Конгресот и економскиот сектор, на кои во фокусот беа продлабочувањето на стратешкото партнерство меѓу двете држави, како и отворањето нови можности за економска и инвестициска соработка. Мицкоски оствари средба со Caroline Vik, главен директор за политики и вршител на должноста главен директор за развој во Американската корпорација за меѓународно финансиско развивање – DFC, институција која располага со инвестициски капацитет од 205 милијарди долари и претставува значаен инструмент на САД за мобилизирање приватен капитал и инвестиции во стратешки сектори. На средбата се разговараше за можностите за продлабочување на соработката и потенцијални инвестиции во Македонија во повеќе области, со посебен акцент на енергетиката, високите технологии и други стратешки сектори. DFC во своето работење посебен фокус става на енергетиката, современата инфраструктура и напредните технологии, а по проширувањето на нејзините овластувања располага со значително поголем капацитет за меѓународни инвестиции. Посетата на Вашингтон беше искористена и за серија политички средби со претставници на американскиот Конгрес. Претседателот на Владата оствари средба со конгресменот Кит Селф, претседател на Поткомитетот за Европа во Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД. На средбата се разговараше за значењето на стратешкото партнерство меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави, за заедничките интереси на двете земји, како и за можностите за понатамошно продлабочување на соработката во областите од заемен интерес. Мицкоски оствари средба и со конгресменката Клаудија Тени, копретседавач на Македонската група за пријателство во Конгресот на САД. Во разговорите беше истакнато значењето на традиционално силните и пријателски односи меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави, како и важноста на парламентарната соработка, политичкиот дијалог и размената на искуства меѓу двете земји. Серијата средби во Вашингтон претставува продолжување на заложбите за зајакнување на стратешкото партнерство со САД, но и за негово преточување во конкретна економска соработка, нови инвестиции и проекти од интерес за нашата држава. Посветеноста кон унапредување на партнерството, почитувањето на заедничките вредности и градењето стабилни и долгорочни македонско американски односи остануваат важен темел на соработката меѓу двете држави.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ оставија зад себе правосудство во кое граѓаните не гледаат еднаквост пред законотИнсталациите на СДС и ДУИ во правосудството за кубење коса судат 4 години, а за криминалот во Мазут и жртвите од Модуларната и Ласкарци одговорност ни на повидок.СДС и ДУИ оставија зад себе правосудство во кое граѓаните не гледаат еднаквост пред законот, туку судство со двојни аршини. Инсталациите на СДС и ДУИ во правосудните органи, за кубење коса судат четири години затвор, а за кражба на 150 ќебапи три години. Додека пак, кога се работи за тешки криминали и дела со смртни последици во кои постојат сомненија дека се вклучени лица од или блиски на СДС и ДУИ, како што се Венко Филипче, Зоран Заев и блиски на Али Ахмети, одговорност нема. Така за случајот Ласкарци, каде што загинаа 16 луѓе, за пожарот во модуларната болница во Тетово, каде живи изгореа 14 сограѓани, како и за криминалниот случај Мазут, тежок од 167 милиони евра, граѓаните со години чекаат правда, одговорност за никој нема. Ова се двојните стандарди кои ја урнаа довербата на граѓаните во правосудството. Кога треба да се испита одговорноста на моќни поединци и интереси поврзани со СДС и ДУИ, постапките се одолговлекуваат, а одговорноста изостанува. Правдата не смее да има партиска книшка, правосудството не може да биде заштитник и партиски бастион и упориште на моќниците од СДС и ДУИ. Времето на недопирливите моќници и на штетниците во правосудството инсталирани од Зајас и Струмица, треба и ќе заврши, како што заврши власта на СДС и ДУИ. Законот мора да важи еднакво за сите и правдата мора да биде еднаква и достапна за сите граѓани. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп повторно изјави дека се надева оти крајот на војната против Иран е близуАмериканскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева дека крајот на војната против Иран е близу.Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева дека крајот на војната против Иран е близу, бидејќи конфликтот, кој е во седмиот месец, ескалираше кога саудиските авиони го бомбардираа Јемен, а Хутите кои се поддржани од Иран лансираа беспилотни летала и ракети врз саудиските градови. Нападите го оштетија нафтоводот исток-запад на Саудиска Арабија, го проширија досегот на Техеран во војната и ги зголемија глобалните ризици за снабдување со нафта. Само неколку часа по извештаите за борбите меѓу Хутите и Саудиска Арабија, Трамп им рече на новинарите „па, се надевам дека сме при крајот на војната“. Тој посочи дека Иран сака договор, и дека цената на нафтата е сè уште висока.Проширувањето на војната во Јемен се заканува да го влоши глобалниот недостиг на енергија предизвикан од војната, што го наруши превозот низ Ормутскиот теснец. Теснецот пренесуваше околу 20% од глобалната нафта и течен природен гас пред конфликтот.Трговците велат дека продолженото затворање на нафтоводот исток-запад на Саудиска Арабија би можело да го намали глобалното снабдување со нафта за дури 4%.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter