Ивица Боцевски и Никола Димитров во „Само Вистина“ - Канал 5

Ивица Боцевски и Никола Димитров во „Само Вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Ивица Боцевски и Никола Димитров

Ивица Боцевски и Никола Димитров во „Само Вистина“

Дами и господа, вечерва во Само Вистина ќе дебатираат Ивица Боцевски и Никола Димитров.

Системот, институциите, или самите ние, кој навреме не го измери „пулсот“ на дискотеката што цела деценија работела на диво и под пристојни услови?

Истрагата за пожарот се прошири, може ли и кога ќе се измери одговорноста?

Дали по трагедијата ги поставуваме вистинските прашања и на точни адреси?

Како до системски промени кои сите ги посакуваат, а тешко се реализираат?

Како Македонија ќе биде поблиску до својата катарза?

Уште колку чекори не делат кон обединување со Европа?

Вечерва по централните вести Александар Видиновски со Ивица Боцевски и Никола Димитров.

Рубио: Наскоро треба да биде постигнат мировниот договор помеѓу Русија и Украина

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека е потребно наскоро да се постигне мировен договор помеѓу Русија и Украина.

Рубио: Наскоро треба да биде постигнат мировниот договор помеѓу Русија и Украина

- Не можеме да продолжиме да посветуваме време и ресурси на тоа, ако не се реализира, истакна Рубио.

Но, тој не прецизира колку администрацијата на Доналд Трамп е подготвена да чека на резултатите од преговорите.

- Минатата недела беше посветена на тоа да откриеме колку овие страни се навистина блиски и дали се доволно блиски за да заслужат вложување на нашето време како посредник, посочи Рубио.

Македонците во Бугарија го чествуваа Јане Сандански, порачаа дека ќе се борат за своите права

Со порака дека ќе се борат за своите права, припадниците на македонската заедница во бугаРија денеска го чествуваа споменот на Јане Сандански, еден од најголемите македонски револуционери.

Македонците во Бугарија го чествуваа Јане Сандански, порачаа дека ќе се борат за своите права

Стојко Стојков од ОМО Илинден Пирин за Канал 5 вели дека ваквиот вид на настани ќе продолжат и во иднина, а иако имало најави, сепак одбележувањето поминало без инциденти.

Со него разговараше Јован Ѓорговски.

YouTube video

МотоГП: Алекс Маркез ја освои ГН на Шпанија

Возачот на Гресини, Алекс Маркез, ја освои денеска Големата награда на Шпанија во рамки на шампионатот во Мото ГП.

МотоГП: Алекс Маркез ја освои ГН на Шпанија

Алекс Маркез, за кого ова е прв триумф сезонава, победи со време од 40:56.374 минути.

Возачот на Јамаха, Фабио Квартараро, мина втор низ целта, со заостанување од 1,561 секунди, додека Франческо Бањаја од Дукати беше трет, со заостанување од 2,217 секунди.

Шесткратниот светски шампион, возачот на Дукати, Марк Маркез, заврши на 12-то место откако се имаше пад н почетокот на трката.

Алекс Маркез сега е лидер во генералниот пласман со 140 бодови, Марк Маркез е втор со бод помалку, додека Бањаја е трет со 120 бода.

Натпреварувањето во шампионатот во Мото ГП продолжува во Ле Ман на 11 мај, за кога е закажана трката за Големата награда на Франција. /МИА

притисни ентер