2ВМРО-ДПМНЕ: Филипче прати осудени насилници и дилери на дрога да предизвикаат инциденти во Ново Село
3Приштина го симна украинското знаме, Тирана му одговори на Зеленски дека нема паралела меѓу Косово и Украина
Други спортовиИвчевски испушти место на подиумот на трките во БугаријаТројца македонски мотоциклисти настапија на трките од „Гран При Бугарија 2013“ одржани викендов на патеката Долна Митрополија крај Плевен, а најуспешен од нив беше Слободан Ивчевски кој за малку не успеа да се искачи на подиумот. Ивчески, како што јави МИА, го освои чевртото место на вториот натпревар од Европскиот и отворениот Источно-Европски шампионат во супермото. Тој водеше голема борба за третото место со романскиот претставник Сорин Траистару, но само четири секунди го делеа од досега неговиот најголем успех во оваа конкуренција. Убедлив победник во двете возења беше домашниот натпреварувач Ангел Каранјотов пред сонародникот Александар Георгиев. Во генералниот пласман Каранјотов води со максимални 100 бодови, а Ивчески е четврти со 68 бодови. Искусниот Сашо Николов продолжи со одлични настапи во рамките на отворениот Источно-Европски шампионат на кружни патеки. Во конкуренција на 19 натпреварувачи во класата до 1000 ссм супербајк, Николов го освои 5.место. Победата му припадна на Александар Ленев од Бугарија. Победата му припадна на Александар Ленев од Бугарија кој во фотофиниш за помалку од секунда беше побрз од Дејан Радуловиќ од Србија. Радуловиќ сепак останува водечки после 3 натпревари со освоени 70 бодови, а нашиот претставник се проби на 5.место со 24 бодови. а нашиот претставник се проби на петтото место со 24 бодови. Игор Спиров освои нови седум поени со 9.место во класата до 600 ссм супербајк. Победник беше уште еден домашен мотоциклист, Паскал Дичев. Во генерален пласман водечки е Фуркан Јерилмаз од Турција со 53 бодови, а Спиров е десетти со 15 бодови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретрес во Неготино, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лицеНа 08.08.2026 во 00:15 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Т.Т.(22) од Неготино затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. Подоцна, со наредба од Основен суд Кавадарци, бил извршен претрес во домот и помошни простории на Т.Т., каде биле пронајдени и одземени марихуана, цвет, семки и стебло од канабис. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: Неготино Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче прати осудени насилници и дилери на дрога да предизвикаат инциденти во Ново СелоФилипче прати осудени насилници и дилери на дрога да предизвикаат инциденти во Ново Село, нервозен е затоа што е разобличен.Кога станува збор за СДС и актуелното раководство нема ништо ново освен лаги и манипулации во јавноста. А кога ќе бидат фатени е тогаш стануваат нервозни, зборуваат нелогични работи. Венко Филипче во Ново Село кога ВМРО-ДПМНЕ имаше настан одлучи да прати насилници, трговци на дрога да прават инцидент. Дополнително едниот од нив излезе и самиот ја потврди тезата, односно нашите кажувања. Е сега Филипче е нервозен. Нормално ќе е нервозен кога ова е една од ситуациите во која талогот исплива на површина. Лицата пратени во Ново Село од Филипче не можат да бидат иднина на Македонија. Тие се олицетворение на лицата Зоран Заев, Венко Филипче и слично. За Заев на цела јавност и е јасно дека е аболициран криминалец. За Филипче од каде да се почне му изгореа живи 14 лица во модуларната болница во Тетово, загинаа 16 лица во несреќата кај Ласкарци поради неорганизираниот здравствен систем, за време на корона починаа околу 10 илјади граѓани. Освен овие деца во Ново Село, кои така ги нарекува Филипче, талог во општеството се и лицата кои ја водеа седум години државата. Одговорност нема поради фактот што Заев заедно со другарот Филипче имаат се уште влијание во правосудниот систем. И наместо да се засрамат и да прекинат со срамните и опасни дејствија во општеството, тие продолжуваат по лошиот пат не само што продолжуваат, туку тонат одејќи по истиот пат. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Технологија„OpenAI“ го запира новиот модел на вештачка интелигенција: Дали е премногу моќен и опасен?„OpenAI“ вели дека неговиот нов модел „Astra“, кој е во развој, би можел да има „критични“ способности за сајбер безбедност.„OpenAI“ соопшти дека привремено ги суспендира „внатрешните активности“ поврзани со моделот „Astra“, кој моментално е во развој, бидејќи сè уште не ги исполнува новите безбедносни стандарди што ги воведува компанијата. Соопштението доаѓа по неодамнешното откритие дека моделите на „OpenAI“ случајно ја хакирале платформата „Hugging Face“. Во меѓувреме, „Anthropic“ и „Meta“ исто така признаа дека имаат модели на вештачка интелигенција кои излегле од контрола и провалиле во системите на други организации. Неодамнешните внатрешни проценки на моделот „Astra“ покажуваат дека тој носи „значаен напредок во кодирањето на агенти и сајбер безбедноста“, соопшти компанијата. „Овие резултати, заедно со експертските проценки, нè доведоа до заклучок дека не можеме да го исклучиме постоењето на критични способности за сајбер безбедност во рамките на нашата Рамка за подготвеност“. Еве како „OpenAI“ го дефинира „критичниот“ праг на сајбер безбедност: „Според нашата рамка за подготвеност, моделот го достигнува критичниот праг на сајбер безбедност ако може да идентификува и распореди функционални ранливости од нулти ден (непознати безбедносни недостатоци) од сите нивоа на сериозност низ повеќе заштитени, критични системи во реалниот свет без човечка интервенција или ако може да дизајнира и изврши комплетни (од крај до крај) нови стратегии за сајбер напад против заштитени цели, врз основа на една единствена, општа цел.“ „Astra“ „не беше вклучена“ во нападот „Hugging Face“, тврди „OpenAI“. „OpenAI“ ќе имплементира построги безбедносни контроли за модели со повисоки капацитети и поврзани активности, се вели во соопштението. На „Astra“, исто така, ѝ е даден „универзален надзор“ за ризични дејства и отстапувања од предвиденото однесување низ сите распоредувања на агенти. Извор: Б92 Фото: ВИТагови: OpenAI Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05Ристовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:03
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05