Ивановски: Трчав повреден од шестиот километар, го дадов максимумот - Канал 5

Ивановски: Трчав повреден од шестиот километар, го дадов максимумот

Атлетичарот Дарио Ивановски денеска во Париз испиша историја и стана првиот македонски маратонец во историјата на олимписките игри.

Ивановски: Трчав повреден од шестиот километар, го дадов максимумот

Ивановски го освои 69 место, заостанувајќи 21: 49 секунди зад олимпискиот победник, а причината која го спречи да оствари многу подобар пласман е повреда на коленото во воведниот дел од трката.

Ивановски во изјава по завршувањето на маратон изрази благодарност за поддршката, истакнувајќи оти го даде максимумот трчајќи со повредено колено.

„Почитувани Македонци, пред сè сакам да ви се заблагодарам за огромната поддршка која ја имав во текот на овој маратон, но и пред оваа трка. Кога еден маратон ќе се заврши, тогаш се вели дека се завршил успешно. Да му се заблагодарам на Бог што влегов во маратонот жив и здрав, но сепак имав мала повреда на стапалото и коленото која ја влечев од шестиот километар“, рече Ивановски

„Тоа ме оневозможи да го одржам темпото кое го наметнавме на стартот. Од петтиот кон шестиот километар почнав да ја влечам ногата и почнав да се мачам, но тоа е што е. Го дадов максимумот. Сега следи период на закрепнување и фокус кон следните цели. Можеби сите, вклучувајќи ме и мене, имавме поголеми очекувања. Јас верував дека можам подобро и сè уште верувам во тоа. По времето 2:08 кое е мое најдобро и 2:28 денеска ќе се заклучи дека ми се случувало нешто на трката, а можам да кажам дека бев и подобро подготвен според тренинзите кои ги имав пред Париз. Се надевам дека на следната трка и на следните предизвици ќе го видите стариот Дарио, дури и подобар од тоа што бев. Се гледаме во наредни предизвици, ве сакам сите“, порача македонскиот маратонец Ивановски. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манчестер Сити му се заканува на Реал Мадрид со тужба поради Халанд: „Нема шанси!“

 Енрике Рикелме, човекот кој ја сака претседателската фотелја во кралскиот Реал Мадрид, предизвика шпекулации во јавноста со објавата дека ќе го доведе Ерлинг Халанд ако го победи Флорентино Перез на изборите.

Манчестер Сити му се заканува на Реал Мадрид со тужба поради Халанд: „Нема шанси!“

Неговата смела објава, иако без вистинско известување, која ја даде пред камерите пред милионска публика можеби предизвика еуфорија меѓу навивачите на Реал, но предизвика и непосредни негативни реакции од другата страна на Европа.

-Халанд во Реал! Од Манчестер Сити дури најавуваат и тужба против Рикелме затоа што го искористил имиџот и делото на фудбалерот од нивниот клуб за изборни цели.

Недолго откако Енрике вети дека ќе го доведе Халанд, но и Родри, се огласи Манчестер Сити, тим со кој Норвежанецот има договор до 2034 година.

„Приказните што се појавија во Шпанија во врска со иднината на Ерлинг Халанд се неточни. Нема шанси да се случи такво нешто бидејќи клаузулата во договорот на играчот не го дозволува тоа“, се јасни од Сити.

Англискиот клуб ја разгледува опцијата за поднесување тужба против Енрике Рикелме.

„Разгледуваме правни мерки поради употребата на карактерот на нашиот играч во овој контекст“, се наведува и во соопштението за медиумите на „граѓаните“.

Набргу потоа, агентот на Халанд, Рафаел Пимиенто, и таткото на Ерлинг, Алф-инге, заеднички се огласија.

„Сето ова е многу забавно, но не е вистина. Им посакуваме на двајцата претседателски кандидати се најдобро на изборите во Реал Мадрид“, изјавија „тие“.

Рикелме очигледно мораше да излезе со силен адут пред претседателската битка со Перес (7 јуни), но со Халанд, се чини, постигна само автогол што можеше скапо да го чини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кошта: „ЕУ посветена на европската перспектива на Србија!

-Ова е нашата заедничка цел, ние ве поддржуваме.

Кошта: „ЕУ посветена на европската перспектива на Србија!

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, денес изјави дека дошол во Белград за да ја потврди континуираната посветеност на ЕУ кон европската перспектива на Србија.

Кошта, по средбата со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на заедничка прес-конференција во Палатата на Србија, додаде дека проширувањето е геостратешка неопходност за Европа, но нагласи дека проширувањето се заснова на градење доверба.

- Во ова време на неизвесност и економска нестабилност, сега повеќе од кога било, проширувањето не е само можност, туку геостратешка неопходност за Европа. Тоа е инвестиција во мирот, стабилноста и безбедноста, како и во просперитетот на нашиот континент, за доброто на сите граѓани на Европа, како и за доброто на граѓаните на Србија - рече Кошта.

Тој нагласи дека проширувањето се темели на градење доверба и дека патот пред Србите е тежок, но дека патот е јасен и дека треба да се фокусираме на три главни приоритети.

- Прво, негување на добрососедските односи и регионалната соработка. Тие се клучни и за безбедноста и за економскиот просперитет. Дијалогот меѓу Белград и Приштина и целосното спроведување на Охридскиот договор се клучни во овој поглед. Под второ, усогласување со политиките и вредностите на ЕУ, особено со нашата заедничка надворешна и безбедносна политика. Ова не се само принципите на кои се придржуваме, тие ја формираат самата основа на европскиот проект и нашето партнерство со Србија - рече тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

9. Регионална конференција за е-трговија

Вештачката интелигенција веќе ја менува брзината со која функционира е-трговијата. 

9. Регионална конференција за е-трговија

Токму затоа, 9. Регионална конференција за е-трговија оваа година ќе се оддржи под темата “From Wait to Go: E-comm @ AI Speed!”, на 3 ноември 2026 година во Националната опера и балет во Скопје, во организација на Асоцијацијата за е-трговија.

Темата ја отсликува една од најголемите трансформации што индустријата ја има доживеано досега, односно преминот од бавни, мануелни процеси и неизвесност, кон паметни системи поддржани од вештачка интелигенција кои носат побрзи одлуки, подобра персонализација, автоматизација и поголема ефикасност. Концептот “From Wait to Go” симболично ја претставува промената што веќе се случува. Светлото е веќе зелено, а индустријата влегува во нова ера - ера на интелигентна е-трговија, автоматизација и раст со брзина на вештачка интелигенција.

Интересот за овогодинешното издание е рекорден уште од самиот старт. Првите 100 билети по Ultra Early Bird цена беа распродадени во рекордно времее, а организаторите очекуваат ова да биде најголемото и најпосетено издание досега.

Во текот на изминатите години, конференцијата прерасна во еден од најрелевантните регионални настани за е-трговија, кој обединува повеќе од 900 учесници од над 10 земји, вклучувајќи е-трговци, маркетинг експерти, payment провајдери, платформи, fintech компании, банки и логистички компании.

Досега, на сцената на конференцијата говореле бројни говорници и експерти од компании како OpenAI, TikTok, Booking, Zalando, Alibaba, Meta, Google, Viber, Dolce & Gabbana, како и некои од најпознатите регионални лидери и професионалци од е-трговијата.

Покрај главната сцена, и оваа година ќе биде организирана паралелна сцена со практични и hands-on работилници на најразлични теми кои ќе придонесат за раст на бизнисите. Работилниците ќе бидат фокусирани на конкретни алатки, стратегии, AI решенија, маркетинг, продажба, аналитика и оптимизација на online продажба, со цел учесниците да добијат применливо знаење и практични вештини што ќе можат веднаш да ги имплементираат во своето работење.

И оваа година, конференцијата ќе ги обедини сите клучни чинители од e-commerce екосистемот - е-трговци, банки, финтек компании, поштенски и логистички оператори, телекомуникациски компании, ИТ компании, маркетинг експерти, инвеститори и друго. Преку актуелни теми, практични искуства и светски трендови, учесниците ќе добијат нови знаења, инспирација и можност за квалитетен нетворкинг што отвора нови соработки и бизнис можности.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер