Други спортовиИвановски и Џеруто најбрзи на Виз Ер скопски маратон 2025Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски во машка и Ирине Џеруто од Кенија во женска конкуренција победија на годинешното, 21. по ред, издание на Виз Ер скопски маратон.Ивановски ја мина делницата во должина од 42 километри со време од 2:14:50 часа, триумфирајќи со извонреден финиш во кој во завршните два километри го остави зад себе Кениецот Џулиус Кипкоеч, кој долго време водеше во трката, а на крајот заврши второпласиран, заостанувајќи 30 секунди зад победникот. Третото место го освои Грузиецот Давити Каразишвили со време од 2:19:59 часа. За Ивановски ова а втора победа на Виз ер скопскиот маратон, по успехот во 2021 година. На женскиот маратон, Кенијката Џеруто беше најбрза со време од 2:38:31 часа, оставајќи ги зад себе Маринела Нинева од Бугарија (2:45:36), на второто и Ана Јусупова од Азербејџан (2:48:10), на третото место. Годинешното издание на Виз Ер скопскиот маратон донесе рекорден број од 14.010 учесници од 58 држави. Во полумаратонската трка најбрзо време истрчаа Албион Имери во машка и Греса Бакрачи во женска конкуренција, додека во најмасовната трка на 5 км, на која на стартот се појавија околу 10.000 учесници, победија Григоријан Никовски и Ирма Хајдари. Во штафетниот маратон – ЕУ за спорт, победата во машка конкуренција ја однесе екипата „Врањски маратонци“ (2:26:34). Генерален покровител на традиционалниот Виз Ер скопски маратон годинава беше Министерството за спорт. Резултати: Маратон машка конкуренција Дарио Ивановски (2:14:50) Џулиус Кипкоеч (2:15:20) Давити Каразишвили (2:19:59) Женска конкуренција Ирине Џеруто (2:38:31) Маринела Нинева (2:45:36) Ана Јусупова (2:48:10) Полумаратон (21 км) Машка конкуренција 1 Албион Имери (1:07:57) 2 Иван Пешовски (1:11:30) 3 Александар Арсов (1:12:52) Женска конкуренција 1 Греса Бакрачи (1:20:50) 2 Теа Божиновска (1:21:10) 3 Милјана Ристиќ Стојчевска (1:22:13) Трка на 5 км Машка конкуренција 1 Григоријан Никовски (15:53) 2 Гилман Јунузи (16:41) 3 Роберто Димитриевски (16:43) Женска конкуренција 1 Ирма Хајдари (18:54) 2 Дарија Крстевска (20:02) 3 Николина Милевска Велјановска (21:19). Штафетен маратон – ЕУ за спорт Врањски маратонци (2:36:34).Тагови: маратон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“.Од нив, осуммина управувале возило без положен возачки испит и тоа: М.Љ.(40), А.Ш.(22) и Ј.Б.(30) сите од Скопје, И.Р.(24) од с.Света Петка, скопско, А.Р.(23) од с.Беловиште, гостиварско, С.А.(35) од с.Мелница, велешко и Н.М.(28) од с.Зрновци, кочанско и 17-годишник од село во Општина Градско. Под дејство на алкохол управувале две лица и тоа: Н.П.(29) од Куманово и М.Н.(19) од Скопје. Додека пак, со забрана за управување со моторно возило управувале С.Н. (37) од Кичево и Р.Х.(37) од с.Рашче, скопско. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаЛишен од слобода бугарски државјанин на Граничниот премин Богородица поради фалсификувана исправаНа 02.10.2026 во 09:50 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници го лишија од слобода И.А.И.(58) од Бугарија поради основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.Известен е јавен обвинител, по што лицето е предадено во полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: бугарски државјанин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Аеродром го асфалтира паркингот пред детската градинка „Црвенкапа“Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во градежните активности за асфалтирање на паркинг-просторот кај детската градинка „Црвенкапа“ во Стар Аеродром.Со уредувањето и обележувањето на паркинг-местата се добива повеќе функционален простор, подобра инфраструктура и поуреден изглед во овој дел од општината. Најважно од сè, со ова обезбедуваме посигурен и полесен пристап до градинката за родителите и за нашите најмлади. Кога инвестираме во инфраструктурата, инвестираме во секојдневието на граѓаните. Општина АеродромТагови: Општина Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter