Ивановска: Судиите и јавните обвинители дел од Годишниот план за следење на имотната состојба и судирот на интереси за 2020

Подготовката на Националната стратегија врз основа на анализата на ризици е во тек.

Согласно утврдените ризици во анализата, правосудството е оценето како столб со висок ризик од коруптивни и други влијанија, па оттаму носителите на функции од овој столб (судиите и јавните обвинители) ќе бидат дел од Годишниот план за следење на имотната состојба и судирот на интереси за 2020 година.

Ова е одговорот од претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска на прашањето денеска од МИА за повикот што вчера од трибината „На прав пат" во Скопје го упати премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев до ДКСК да отвори постапки за проверка на имотот на судиите и обвинителите, а УЈП, Катастарот, Централниот регистар, МВР и Финансиската полиција уште овој месец да почнат проверки на имотот на судии, обвинители и членови на нивните семејства.

Таа повтори дека ДКСК веќе има изградено став по тоа прашање и согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси усвојува Годишен план за наредна година, за следење на имотна состојба и судир на интереси, врз основа на извршена анализа и проценка на ризици од корупција во одредени области, што е и основа за изготување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

Годишниот план ќе се утврди и ќе се спроведе врз основа на законските надлежности, а согласно расположливите човечки и материјално – технички капацитети на Државната комисија.

Законските надлежности на Државната комисија во делот на следењето на имотната состојба се спроведуваат преку проверка на вистинитоста на податоците внесени во анкетните листови, како и испитување на имотната состојба доколку има основано сомневање дека имотот на лицето е несразмерно зголемен во споредба со неговите редовни примања и примањата на членовите на неговото семејство.

Во делот на следењето на состојбата на судирот на интереси, Државната комисија ги проверува податоците од изјавите за интереси кои се однесуваат на работни места, членство во управни и надзорни одбори, здруженија на граѓани и фондации и други податоци кои се однесуваат на избраните и именуваните лица и членовите на нивните семејства.

– Испитувањето на имотната состојба, е нова надлежност на Државната комисија, за чие спроведување потребно е зајакнување на постојните човечки и материјално – технички услови и вклучување на други истражни органи, појаснуваат од ДКСК.

Имајќи ја предвид искажаната подготвеност на премиерот за ставање на располагање на сите капацитети на извршната власт за ефикасно спроведување на постапките за испитување на имотната состојба, Државната комисија смета дека е неопходна координација на сите надлежни институции, но врз основа на конкретни задолжувања од страна на Владата на Република Македонија. /МИА

Во Северна Кореја годинава за првпат се положи заклетва за лојалност за роденденот на Ким Џонг

Во Северна Кореја годинава за првпат се положи заклетва за лојалност за роденденот на Ким Џонг Ун

За првпат откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја презеде власта во 2011 година, годинава од севернокорејските граѓани беше побарано да се заколнат на лојалност на неговиот роденден, соопшти Институтот за развој на југот и северот (САНД) со седиште во Сеул.

Институтот објави фотографии од текстот на заклетвата во папка, за која се верува дека е направена на 40-тиот роденден на Ким, 8 јануари.

Северна Кореја никогаш официјално не го потврдила датумот на раѓање на Ким, а традиционално ваквите церемонии за заклетва се одржуваат на годишнините од родендените на неговиот татко и дедо, претходни севернокорејски лидери.

Приведени двајца дилери на дрога, пронајдени над три килограми марихуана

 Двајца прилепчани се приведени синоќа бидејќи во возилото „пежо“ со кое се превезувале биле пронајдени торба со над три килограми марихуана и автоматска пушка со празна рамка. 

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека двајцата дилери се приведени на регионалниот пат Дебар-Струга околу 21:30 часот. Автомобилот марка „пежо“ со скопски таблички било на рент а кар компанија. Возилото го управувал 34-годишниот Б.С., а сопатник бил 36-годишниот Д.Н.

Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Галант: Израел нема избор, мора да почне офанзива во Рафа

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант синоќа му кажал на својот американски колега, американскиот секретар за одбрана Лојд Остин дека Израел нема друг избор освен да почне офанзива во градот Рафа на југот на Појасот Газа.

Галант во телефонски разговор го информирал Остин за вчерашниот смртоносен ракетен истрел од Рафа на позициите на израелската армија, соопшти неговиот кабинет.

Тој изјавил дека се прават сите напори од страна на државата Израел да се постигне договор за ослободување на заложниците и привремен прекин на огнот и оти Хамас го отфрла секој предлог што ќе го овозможи тоа.

Галант му рекол на Остин дека „нема избор“ и дека тоа значи „почеток на израелска операција во Рафа“.

Притоа, тој се заблагодарил за блиската соработка и истакнал дека САД имаат важна улога во унапредувањето на дијалогот за ослободување на заложниците кои ги држи Хамас, пренесоа израелските медиуми.

притисни ентер