Ивановска: Неопходно е зајакнување на капацитетите и ресурсите на ДКСК

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) изминатата година и покрај низа предизвици и проблеми со кои се соочи во остварување на надлежноста, а што влијаеше на ефектите на постапување, генерално ја оценува 2019-та како успешна.

Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска на прес-конференција по днешната седница, најави дека приоритет во работењето за следниот период ќе биде обезбедување просторни и материјално- техничките услови, човечки ресурси и натамошно зајакнување на работењето, поголема меѓуинституционлна соработка и поддршка, како и раззвивање на неопходните софтверски решенија за електронски пристап до базите на податоци во другите институции.

– Произлегоа слабости во материјалниот закон – Законот за спречување корупција и судир на интереси, во смисла на непрецизно дефинирање на статусот на институцијата, нејасни дефиниции на одредни поими, непрецизирани постапки. Во услови на огромен број на доставени пријави и неселективен пристап на постапување на ДКСК по предметите, а во отсуство на развиено методолошки односно функционален систем на постапување и насочување на ресурсите кон спречување и ефикасно детектирање на корупцијата, како и отсуство на софтверски алатки за ефикасно работење, решавањето на предметите не беше целосно остварено на ниво на еквивалетност на примени и решени предмети, истакна претседателката на ДКСК.

Ивановска потенцира дека на Комисијата не и беа обезбедени соодветни просторни услови и сервер сала за ставање во функција на доделената ИТ опрема, ниту пак, како што рече, доволно финансиски средства за развивање на неопходните софтверски решенија за обезбедување пристап до базите на податоци на 17 други институции кои треба да бидат поврзани со ДКСК, како и за електронско поднесување на изјавата за имотната состојба и интереси.

Според неа, бројот на вработните е мал и години наназад не било посветено внимание на негово унапредување.

Во функција на решавање на проблемот на простороните услови, Ивановска информриа дека до Владата доставиле информација во која предлагаат да се реши со реконструкција на постојниот деловен простор, со драстично помалку буџетски средства, со што ќе се обезбеди поголема економичност во трошењето на буџетски средства. Се очекува одговор од Владата по овој предлог или да се најде други соодветно решение.

На денешната седница на ДКСК е усвоен и деловник за изменување и дополнување на Деловникот за работа на Комисијата, за допрецизирање на работењето пред се во услови на итност и вонредна состојба и одржување седници преку видео конференциска врска. Договорено е да се подготви Протокол за одржување јавни седници, особено во периодот на предизборна кампања. Утврден е и правилникот на систематизација, кој треба да биде одобрен од страна на Министерството за информатичко општество.

Претседателката на ДКСК информира дека на веб страницата е објавен повик за пријавување за набљудување на изборната кампања на учесниците во предвремените парламентарни избори. Ќе се ангажираат 20 набљудувачи и тоа пет лица во Првата изборна единица, четири во 5 и 6 ИЕ, три во 2 изборна единица и две во 3 и 4 ИЕ.

Меѓу другото, осврнувајќи се на работата на ДКСК, Ивановска нагласи дека е подобрена соработка со меѓународните организации, иницијативи и асоцијации, со цел да се воспостави продлабочена соработка со партнерските институции во борбата против корупцијата пред се со ЈО, Финсисиската полиција, МВР, УЈП, Државниот завод за ревизија, ДИК, Управата за финансиско разузнавање…

Ивановска потсети дека Комисијата изработи и донесе петгодишна Национална стратегија за спречување корупција и судир на интереси со Акционен план 2020-2024, изврши проверка на изјавите за имотна состојба на 220 избрани и именувани лица, антикорупциска проверка на осум закони, почна проекти поддржани од домашни и меѓународни организации, зајакната е соработката со домашни институции и граѓански организации, како и со повеќе меѓународни организации и мрежи, а започнат е процес и за утврдување на потребите и капацитетите на ДКСК за исполнување на зголемените надлежности./МИА

Ужас во Намибија: Нилски коњ излезе од река и нападна туристи во чамец (ВИДЕО)

На интернет кружи грозоморно видео од Намибија, каде нилски коњ ги напаѓа туристите кои крстареле по реката Чобе.

И покрај напорите на капетанот да избегне „блиска средба“, водениот џин се приближил, ги покажал вилиците и го нападнал чамецот.

Сведоците велат дека пловилото полека се движело, додека љубопитните туристи гледале група нилски коњи од безбедно растојание.

Одеднаш, еден се упатил кон нив, а пропелерот на моторот се заглавил во плитката вода и немало време за бегство, пренесува The Sun.

На видеото се гледа како монструозното животно ги забива челустите во чамецот и го уништува надворешниот мотор. Унишен е и дел од коритото, а туристите седат преплашени.

„Не можев да верувам што се случува“, изјавила Џеки Бошоф подоцна.

Таа додава дека капетанот внимавал и ги исклучил моторите за да може чамецот тивко да се приближи до групата нилски коњи.

Сепак, еден од мажјаците решил да ги избрка „непоканетите гости“.

„Одеднаш нѐ нападна. Капетанот се обиде да маневрира, но се заглавивме во плитка вода. Дури подоцна сфативме дека покрај мажјакот има и младенче“, изјавила Бошоф.

Бајден: Луѓето заборавија на нападот на Хамас на 7 октомври

За време на неговиот говор за антисемитизмот и холокаустот во Салата за еманципација на Капитол, американскиот претседател Џо Бајден рече дека луѓето ширум светот веќе го заборавиле масакрот на Хамас на 7 октомври и земањето заложници Израелци.

„Тука сме, не 75 години подоцна, туку само седум месеци подоцна, а луѓето веќе забораваат дека Хамас го започна овој терор. Не заборавив, ниту вие. И нема да заборавиме“, рече американскиот претседател , пренесува Тајмс оф Израел.

Бајден оцени дека нападот на Хамас врз Израел, во кој беа убиени околу 1.200 луѓе, а 252, главно цивили, беа киднапирани, е најсмртоносниот ден за Евреите по холокаустот.

„Оваа омраза кон Евреите продолжува да лежи длабоко во срцата на премногу луѓе во светот и бара наша постојана будност и отвореност“, рече Бајден.

Тенисерка доби 9 милиони долари отштета поради сексуално злоставување (ВИДЕО)

Поротата на Федералниот суд во Флорида ѝ додели на тенисерката Кајли Мекензи отштета од 9 милиони долари, откако таа ја обвини Тениската асоцијација на Соединетите Американски Држави (USTA) дека не ја заштитила од тренерот .

Поротата на Федералниот суд во Флорида ѝ додели на тенисерката Кајли Мекензи отштета од 9 милиони долари, откако таа ја обвини Тениската асоцијација на Соединетите Американски Држави (USTA) дека не ја заштитила од тренерот за кого рече дека сексуално ја нападнал во тренинг центар кога била тинејџерка.

Во тужбата, поднесена од Мекензи во март 2022 година, се наведува дека Анибал Аранда, кој бил вработен во националното раководно тело на спортот околу седум години, а подоцна бил отпуштен, ја искористил својата позиција како тренер за да добие пристап и да ги малтретира ранливите спортистки, јавува АП.

Таа, исто така, тврдеше дека УСТА од небрежност не успеала да ја заштити од сексуален напад и небрежно го задржале Аранда како тренер откако тој сексуално нападнал службеник на УСТА.

Поротата на Окружниот суд на САД вчера ѝ додели на Мекензи 3 милиони долари како компензација и додаде 6 милиони долари за казнена отштета.

Портпаролот на USTA Крис Вајдмаер најави дека синдикатот ќе поднесе жалба на пресудата.

Тој рече дека УСТА е „длабоко вознемирена“ од одлуката, вклучително и затоа што „судот пресуди дека УСТА е одговорен затоа што еден од неговите вработени, кој не е спортист, имал обврска да го пријави сопственото искуство со овој тренер на УСТА, и тоа е инцидент кој бил непознат додека USTA не го отпушти тренерот. Ова поставува нови и неразумни очекувања за жртвите“.

притисни ентер