Иванов стана почесен доктор на науки на Универзитетот во Текирдаг - Канал 5

Иванов стана почесен доктор на науки на Универзитетот во Текирдаг

Поранешниот Претседател на Република Македонија, проф. д-р Ѓорге Иванов учествуваше на 28. Евроазиски економски самит во Истанбул, организиран од Фондацијата Мармара, кој се одржа на 7 и 8 мај 2025 година.

Иванов стана почесен доктор на науки на Универзитетот во Текирдаг

Претседателот Иванов се обрати на сесијата „Дијалог на глобалните лидери“, посветена на темата „Мирни решенија, обновување на мирот“. На оваа сесија се обратија и поранешни претседатели од повеќе држави, како Албанија, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Молдавија, Романија, Чешка, кои споделија свои размислувања и визии за иднината на мирот и безбедноста во светот.

Во своето обраќање, претседателот Иванов нагласи дека по 80 години од крајот на Втората светска војна, светот сè уште се соочува со војни, нееднаквост и нови форми на закани. Тој потсети дека победниците од Втората светска војна ветиле нов свет на мир и просперитет, но истакна дека денес, и покрај технолошкиот напредок и економскиот раст, светот е сè уште далеку од исполнување на тие идеали. „Мирот не е само отсуство на војна – тоа е присуство на правда, слобода и достоинство. Тоа е наша заедничка одговорност“, нагласи Иванов, повикувајќи на проширување на заветот „Никогаш повеќе“ – не само за да нема војни, туку и да нема сиромаштија, неправда и страв.

Од 2009 година Претседателот Иванов традиционално учествува на скоро сите Евроазиски економски самити на фондацијата Мармара, кој како годишен настан редовно собира голем број политички лидери, претставници на меѓународни организации, академска заедница, бизнис заедница, како и граѓанскиот сектор од регионот, од Европа и Евроазија и пошироко. Претседателот Иванов оствари повеќе среди и разговори со дел од учесниците на самитот.

Во рамки на посетата на Република Турција, на 9-ти мај 2025 година, претседателот Ѓорге Иванов беше почесен гостин на свечена академска церемонија што денеска се одржа на Универзитетот „Намик Кемал“ во Текирдаг. На овој свечен настан, на проф. д-р Иванов му беше доделена титулата Почесен доктор на науки - Doctor Honoris Causa, како израз на признание за неговиот истакнат придонес во научниот развој, унапредувањето на интеркултурниот дијалог и зацврстувањето на регионалната соработка, како и за неговиот ангажман во промоцијата на вредностите на разбирањето, соживотот и мирот меѓу балканските народи. Особено беа истакнати неговите јавни и научни заложби за афирмација на балканскиот идентитет и мултикултурното живеење.

Сенатот на Универзитетот ја донесе одлуката за доделување на ова високо признание по учеството на Иванов на Првиот меѓународен балкански симпозиум, одржан на 19 декември 2024 година на истиот универзитет. Симпозиумот беше посветен на темата „Културата на соживот на Балканот за време на Отоманскиот период“, каде што претседателот Иванов го отвори настанот со говор кој доби предизвика висок интерес кај академската заедница и присутните гости.

Во своето обраќање на денешната церемонија, проф. д-р Иванов изрази голема благодарност за укажаната чест и нагласи дека академската соработка и негувањето на историското паметење се клучни елементи за изградба на заедничка иднина на Балканот, заснована врз доверба, почитување и солидарност, се наведува во соопштенето.

Фото: Сопруги на српски фудбалери го истакнаа деколтето?!

Поубавите половини на српските фудбалски ѕвезди,  Предраг Рајковиќ, Александар Митровиќ и на Зоран Бамби Тошиќ го „запалија“ интернетот!

Фото: Сопруги на српски фудбалери го истакнаа деколтето?!

Девојките и сопругите на скапоплатените фудбалери отсекогаш важеле за вистински убавици кои предизвикуваат воздишките меѓу мажите каде и да се појават.

Така е и со сопругите на српските спортисти кои речиси секојдневно ја креваат температурата на социјалните мрежи.

Деновиве на Инстаграм особено се активни поубавата половина на голманот на новиот шампион на Саудиска Арабија, Ал Итихад, Предраг Рајковиќ - Ана, сопругата на најдобриот стрелец во дресот на Србија, Александар Митровиќ - Кристина и избраничката на Зоран Бамби Тошиќ - Јована Гајиќ.

Во преден план на фотографиите се бујните гради и облини на овие убавици.

Кристијано Роналдо повторно е најплатениот спортист во светот

Светската фудбалска ведета, Португалецот Кристијано Роналдо повторно е најплатениот светски спортист. 

Кристијано Роналдо повторно е најплатениот спортист во светот

Португалскиот ас трета година по ред, а петти во кариерата е најплатениот спортист во светот со годишна плата од 275 милиони долари, објави магазинот Форбс.

На второ место на листата на најплатени спортисти на Планетата е американскиот кошаркар Стеф Кари од Голден Стејт Вориорс со 156 милиони долари, а трет е британскиот боксер Тајсон Фјури со 146 милиони долари.

Четвртото место го зазема НФЛ ѕвездата Дак Прескот со 137 милиони, додека аргентинскиот фудбалер Лионел Меси од третото падна на петтото со заработка од 135 милиони.

Најкорисниот кошаркар во НБА лигата, Србинот Никола Јокиќ е 41-ви со заработка од 57,6 милиони долари.

Фото: Сексапилна пејачка блеска во бикини!

Кој би рекол дека светската музичка ѕвезда Никол Шерцингер има 46 години.

Фото: Сексапилна пејачка блеска во бикини!

Најсексапилната пејачка во светот според нејзините милиони фанови, со нови фотки иако е длабоко влезена во петтата деценија од животот повторно покажа како блеска во бикини.

Никол уште еднаш ги почести своите фанови со атрактивен изглед во бикини.

По нејзиниот деби настап на овогодинешната Мет Гала, убавата Никол Шерцингер е на заслужен одмор.

Пејачката неодамна на Инстаграм објави жешки фотографии од уште пожешка плажа, а судејќи по објавата, таа ужива „за сите пари“.

притисни ентер