Иванов, Прванов и Топи со пораки до младите лидери во Охрид

Живееме во свет во којшто сосема поинаку функционираат и политиката, и економијата, и безбедноста и комуникациите. Во тој свет потребни се лидери кои ќе знаат да носат одлуки. Ние тројцата, кога бевме во академската заедница, знаевме да имаме свои ставови на основа на наши индивидуални истражувања, анализи и она што го имаме како капитал стекнато во академската заедница и можевме да донесуваме ставови и мислења и во согласност со времето да ги менуваме. Но кога сте лидер и кога сте политичар, од одлуките што ги носите ќе зависи колку ќе Ве почитуваат.


Тоа пред учесниците на Конференцијата за млади лидери посветена на предизивиците и можностите за балканското лидерство денеска го истакна претседателот Ѓорѓе Иванов, кој е и иницијатор на дводневниот собир во Охрид, на кој, меѓу другите, учествуваат уште и поранешните претседатели на Бугарија и на Албанија Георги Прванов и Бамир Топи.

Иванов во оваа прилика укажа на предизвиците што стојат исправени пред новото, младото лидерство на иднината.

- Радува свеста дека се повеќе луѓе се приклонуваат на школите на мислења кои даваат на се планетарно значење, дека се што се случува, се случува и на други простори и на други места и луѓето се обединуваат тоа да го менуваат, да влијаат да не се случуваат процеси со тешки последици, што би ги трпеле сите ние. Тоа, пред се, се однесува на климатските промени, и на економијата, и на политиката, и на безбедноста, на секоја сфера од човековиот живот, рече Иванов.

Македонскиот претседател им порача на учесниците на конференцијата, на младите лидери да бидат креативни, да создаваат иновативни идеи, да не подлегнуваат на доминантни школи што од нив ќе создаде само потрошувачи, потрошувачи на идеи, добра и на туѓи мисли, туку да го користат слободното време за надоградба на својата личност.

Поранешниот претседател на Бугарија Георги Прванов во обраќањето пред учесниците на конференцијата со оценка дека вистинскиот лидер треба да биде визионер, да носи храбри решенија, да биде оној што ќе води, независно што понекогаш ќе мора да носи и непопуларни одлуки. - Историјата да се остави на историчарите, да не се дозволи иднината да се води гледајќи во минатото, истакна тој.

Прванов посочи дека во Бугарија денес, а верува дека е слично и во останатите држави на Балканот, постои дефицит на идеи, недостиг на визија, идеи што ќе нудат решенија за подолг временски период, а не само за периодот додека се има власта во свои раце. Тој уште ја нагласи потребата Бугарија, Македонија и Албанија да градат и споделуваат иста визија, иста цел, притоа особено да бидеме настојчиви и јасно определени во нашите настапи кога станува збор за реализацијата на проектот Коридор 8, и тоа во поширока смисла, од економско, енергетско, се до културно поврзување на луѓето, особено на младите умови од сите држави во регионот.

-Мора да постои доверба меѓу претседателите, премиерите, меѓу лидерите на сите нивоа...Потребна е комуникација меѓу научната сфера, универзитетските центри, но пред се комуникација на младите луѓе. Во таква клима, на постечка комуникација на младите умови, многу полесно ќе им биде идните претседатели и лидери на држави да креираат една посветла иднина за сите луѓе во регионот, истакна Прванов.

Неговиот албански колега, поранешниот албански претседател Бамир Топи од своја страна укажа на потребата преку ваквите собири не само да се пренесат личните искуства од минатото на некогашните лидери, туку преку акумулација на знаењата, наученото и искуствата, како лични така и на другите, да се создадат нови вредности што ќе значат исчекор во креирањето на иднината.

За него секое ново лидерство што се темели врз гола демагогија е изгубена идеја, политиката креирана од такви идеи останува пуста.

Независно постоењето предрасуди од минатото, Топи иднината на Балканот ја гледа во осознавањето, во препознавањето и проектирањето иста цел - целосното интегрирање на регионот во европските институции и асоцијации.

- Она што ние мора да го направиме е да создадеме политика на соработка, на интензивна комуникација, градејќи мостови што ќе поврзуваат заеднички да настапуваме во борбата за подобра иднина. Секој од нас лично да го даде максимумот за остварување на идејата за уредување односи на добрососедство, од што ќе произлезат придобивки во многу поширока смисла, истакна Топи.

Негова оценка е дека новото лидерство треба да акумулира искуства, постојано да препознава позитивни идеи и преку новите технолошки можности, преку рационална комуникација да гради принципи.

- Уверен сум доколку учите од другите, проектирате нови визии, уверен сум дека Балканот наместо гледајќи назад во своите трауми, ќе создаде просперитет за сите општества и подобра иднина за луѓето од регионот, истакна Топи.

Дводневниот собир во Охрид продолжува и утре, со обраќања на еминентни професори, амбасадори, бизнисмени пред младите лидери, а предвидена е и дебата на тема - Придонесот на Алумни аосцијацијата на млади лидери во креирањето лидерство на следната децинија.



Осигурителна компанија треба да плати милионска сума по уривањето на мостот во Балтимор

Осигурителната компанија Chubb се подготвува да ѝ плати 350 милиони долари на американската сојузна држава Мериленд за уривањето на мостот Френсис Скот Ки во Балтимор во март, објави денеска Wall Street Journal (WSJ).

Весникот наведува дека исплатата на компензацијата се очекува да биде одобрена за неколку недели, пренесе Ројтерс.

Исплатата од 350 милиони долари би можела да биде првата од многуте за уривањето на мостот, а аналитичарите велат дека инцидентот би можел да ги чини осигурениците 4 милијарди долари, што е рекордна исплата за транспорт.

При уривањето на мостот во Балтимор шест лица загинаа кога товарен брод, кој пловел под знамето на Сингапур, удрил во еден од столбовите на мостот долг 2,4 километри, поради што се урнала целата структура.

Осигурителната компанија Чаб, заедно со државата Мериленд и семејствата на жртвите во несреќата, најверојатно ќе го тужат сопственикот на бродот за да ги надомести загубите поради уривањето на мостот, пишува WSJ.

Николоски од Гевгелија: Во исто време се градат 10 спортски игралишта, така ќе продолжиме

Навистина е големо задоволство да се присуствува повторно на отворање на проекти кои што ги реализира општина Гевгелија.

Честитки за градоначалникот навистина импресивно во исто време се градат 10 спортски игралишта, 10 вакви комплекси и со училиштата во општината мислам само зборува за тоа колку работи општината и градоначалникот.

По парламентарните избори и извесната победа на ВМРО-ДПМНЕ и формирањето на влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ние ќе помагаме многу во општина Гевгелија. Знаете дека планираме да ги децентрализираме буџетските средства и сериозна сума на средства планираме да се впуштаат тука во Гевгелија како би се решиле сите инфраструктурни проекти. Секако тука доаѓа и инвестирањето во економскиот развој, има сериозна индустрија во Гевгелија, пред се во земјоделскиот сектор или преработувачка индустрија, каде планираме да дадеме сериозна поддршка, пред се на извозните фирми.

Она што исто така би сакал да го споменам, можеби и нема подобро место од Гевгелија, тоа е поврзано со нашата сериозна одлука да ги испратиме ДУИ во опозиција и да одговараат за криминалот.

Мислам дека од овде е право време и место да повторно го прашам Артан Груби каква е неговата улога во индициите за криминал што ги има во Лотарија на Македонија, зошто токму тој притискаше толку силно за измените на Законот за игри на среќа, која е неговата улога во нелегалното доделување на втора лиценца за видео лотарија, како и која е неговата улога во нелегалното доделување на три лиценци за онлајн игри на среќа. Од една страна велеа дека сакаат да ги отстранат местата за обложување за да не се обложувале децата, а од друга страна дадоа три лиценци за онлајн игри на среќа при што на секое дете веќе на телефон му е веќе можноста да се обложува што секако ќе се согласите не е во ред.

Сето ова ќе го испитаме по парламентарните избори и по формирањето на влада на ВМРО-ДПМНЕ без ДУИ, а мислејќи дека и имајќи во предвид дека Артан Груби не сака да одговори на јавноста ќе треба да одговара пред соодветните органи во Република Македонија.


За Велигден претежно сончево и потопло време

Во недела и понеделник времето во земјава за најголемиот хртистикански празник Велигден ќе биде претежно сончево и потопло, соопшти Управата за хидро - метеоролошки работи.

Во вторник локално ќе има изолирана појава на пороен дожд и ретки грмежи. Под влијание на нов влажен бран во среда и четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме.

Утре времето ќе биде променливо облачно, наместа со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температурата ќе се движи од 1 до 11 степени Целзиусови, а максималната дневна од 9 до 21 степени. Во Скопје слично време со температура до 19 степени.

притисни ентер