КултураИванов му додели Орден на Факултетот за музичка уметностОрденот го доделуваме во знак на благодарност за сето постигнато во облагородувањето на нашата реалност и во поттикнувањето на нашата човечност.Во изминатите пет децении, од оваа значајна институција излегоа врвни музички имиња кои ја претставуваат Република Македонија на најпознатите светски музички сцени, истакна претседателот Ѓорге Иванов доделувајќи му го Орденот за заслуги за Македонија на Факултетот за музичка уметност по повод неговото полувековно постоење. Истакна дека музичкото обрзование е важно во градењето здраво и хумано општество и дека тоа зависи не само од образовните институции, туку и од медиумите, концертите и фестивалите што се организираат, зависи од тоа каква музика се слуша во домовите и на веселбите, особено во последните години кога, за жал, како што рече, популарната музика се почесто е исполнета со тежок звук, шунд и евтини рефрени. - Затоа, ккао институции и поединци треба особено да внимаваме со што ги образоваме нашите најмлади, што им нудиме на нашите граѓани. Мора да ја негуваме, да ја афирмираме и да ја почитуваме нашата музика. Богатството на нашиот музички фолклор и квалитетната музичка продукција не смеат да бидат само дел од архив и од историја, туку жива култура постојано присутна во нашето секојдневие... Уверен сум дека овој Орден ќе биде поттик за натамошно успешно развивање на музичкото образование и за афирмација на македонското музичко творештво и на македонските музичари, рече Иванов, посакувајќи му на ФМУ уште многу години посветена и успешна работа. В.д. деканот на ФМУ Зоран Пехчевски рече дека се она што е Македонија во музичка смисла денес се должи на Факултетот за музичка уметност заблагодарувајќи им на сите што произлегле од факултетот - од наставниците во основните училишта до големите уметници што настапуваат во Метрополитен или Карнеги хол од кои, рече, светот дознава и учи за Македонија и нејзината богата култура и уметност. - Да им се заблагодарам и на оние што својот живот го вградија во нивната едукација, од кои некои беа исклучителни композитори, некои големи уметници, а некои, чиишто имиња можеби не и се познати на пошироката јавност - исклучителни и големи педагози... По само 50 години дејност можеме со гордост да кажеме дека сме рамноправни партиципиенти на светската музичка сцена со оние кои потекнуваат од средини со многу постара и побогата традиција во областа на западноевропската класична музика. Сето тоа, веројатно, немаше да биде можно без Факултетот за музичка уметност и без неговата петдецениска дејност, истакна в.д. деканот, нагласувајќи дека ФМУ и натаму ќе биде на нивото на своите должности и ќе радува со уште многу успеси. Оваа образовна институција постои од 1966 година, најпрво како Висока музичка школа чиј прв директор бил Властимир Николовски. Наставата почнала во 1967 година и во првата година биле примени 60 студенти. Во 1973 станала членка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, две години подоцна и на Меѓународната асоцијација на музички академии и школи со седиште во Женева, а во 1978 година Школата прераснува во Факултет за музичка уметност. Денес во составот на ФМУ се пет катедри (Катедра за музичка теорија и педагогија, музикологија, композиција и диригирање; Катедра за дувачки инструменти, удирачки инструменти и соло-пеење; Катедра за клавишни инструменти и харфа; Катедра за гудачки инструменти и гитара; Катедра за балетска педагогија), со вкупно 28 студиски програми на прв циклус и три студиски програми на втор циклус студии. Покрај високообразовна, факултетот врши и научно-истражувачка, уметничка и применувачка дејност од областа на музичката уметност. Во негови рамки работи Институтот за истражување и архивирање на музика – ИРАМ, како и повеќе ансамбли - Симфониски оркестар, Камерниот оркестар „Солисти на ФМУ“, Мешаниот хор „Драган Шуплевски“, Народниот оркестар и Биг бендот. До академската 2015/2016 година на ФМУ дипломирале 2356 на додипломските студии, магистрирале 461, а докторирале 21. Во 50-те години постоење факултетот реализирал над 900 концерти, најголем дел од нив во своја организација - јавни часови, испити, рецитали, годишни и јубилејни концерти, а дел во соработка со други институции и фестивали. За 50 годишниот јубилеј ФМУ вечер од 20 часот во Македонската опера и балет ќе изведе концерт на Симфонискиот оркестар на кој солисти ќе бидат сегашни и поранешни студенти од повеќе инструментални класи. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМладите во Македонија остануваат во домовите на родителите до 30,7 години, а во ЕУ до 26,3Младите во Македонија го напуштаат родителскиот дом на просечна возраст од 30,7 години, односно 4,4 години подоцна од просекот во Европската унија, покажуваат податоците на Евростат за 2025 година.Во ЕУ младите во просек заминуваат од домот на родителите на 26,3 години, што е незначително зголемување во однос на 2024 година, кога просечната возраст изнесувала 26,2 години. Од 2002 година европскиот просек се задржува близу 26 години. Најдолго со родителите живеат младите во Хрватска, каде што домот го напуштаат на просечна возраст од 31,5 години. Следуваат Грција и Словачка со по 30,9, како и Шпанија и Италија со по 30,2 години. Најрано се иселуваат младите во Финска, на просечна возраст од 21,4 години, и во Данска, на 21,8 години. Во регионот младите во Србија остануваат со родителите до просечна возраст од 30,1 година, во Босна и Херцеговина до 29,5, а во Бугарија до 27,9 години. Податоците на Евростат укажуваат и на поврзаност меѓу вработеноста на младите и возраста на која тие го напуштаат родителскиот дом. Во Македонија во 2025 година биле вработени 50,2 проценти од младите на возраст од 20 до 29 години, односно 15,3 процентни поени помалку од просекот во европската унија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
МакедонијаНа ГП„Табановце“ презентиран системот на телесните камери за царинските службеници Системот на телесни камери за царинските службеници,денеска официјално промовиран на Граничниот премин Табановце.Утринава на Граничниот премин Табановце беше промовиран системот на телесни камери за царинските службеници, обезбеден како донација преку меѓународната програма за обука и помош при водење криминалистички истраги во рамки на кривичниот оддел при министерството за правда на САД. Според најавата, воведувањето на системот на телесни камери е дел од активностите насочени кон зајакнување на транспарентноста, интегритетот и професионалните стандарди во работата на царинските службеници. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
МакедонијаАХВ: Силна ветеринарна професија значи побезбедна храна, поздрави животни и заштитено јавно здравјеДиректорот на Агенцијата за храна и ветеринарство вчера се обрати на свеченото отворање на 11. Меѓународен научен собир „Денови на ветеринарна медицина 2026“, што се одржува во Струга во организација на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје.Во своето обраќање директорот ја истакна клучната улога на ветеринарната професија во заштитата на здравјето на животните, безбедноста на храната и јавното здравје, нагласувајќи дека современите здравствени ризици бараат заеднички и координиран пристап на институциите, науката и ветеринарните професионалци. „Нема јавно здравје без здравје на животните и нема безбедна храна без силна ветеринарна професија. Концептот ‘Едно здравје’ за Агенцијата не е само научен концепт, туку секојдневна обврска“, истакна директорот. Посебно внимание беше посветено на актуелните епидемиолошки и епизоотиолошки предизвици и на потребата од континуиран надзор, навремено препознавање на ризиците, современа лабораториска дијагностика и брза реакција на терен. Во ветеринарната медицина времето е фактор на безбедност. Еден навреме препознаен сомнителен случај, точна дијагноза и брза реакција можат да спречат локален проблем да прерасне во сериозна криза, беше нагласено во обраќањето. Директорот потенцираше дека ветеринарите на терен претставуваат една од првите линии на заштита на јавното здравје. Со спречувањето и контролата на заразните болести тие истовремено ги штитат сточарството и економијата, додека преку контролата на безбедноста на храната и раното препознавање на зоонозите директно придонесуваат за заштита на здравјето на граѓаните. Како еден од приоритетите беше истакнато и натамошното унапредување на ветеринарниот систем во земјава преку зајакнување на надзорот и дијагностичките капацитети, дигитализација, подобра размена на податоци и континуирано стручно усовршување на ветеринарните професионалци. Во таа насока, беше потенцирано стратешкото партнерство меѓу Агенцијата за храна и ветеринарство и Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, особено во поврзувањето на науката со практиката и носењето одлуки засновани на научни докази и процена на ризик. „Вложувањето во ветеринарната медицина не е трошок, туку инвестиција во здравјето, безбедноста и економската стабилност на државата. Нашата цел е да градиме систем кој нема само да реагира на кризите, туку навреме ќе ги препознава и ќе ги спречува ризиците“, порача директорот. На крајот, тој упати благодарност до деканот на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, проф. д-р Деан Јанкулоски, до организаторите, научната и академската заедница и до ветеринарните практичари за нивниот придонес во развојот на ветеринарната медицина. Агенцијата за храна и ветеринарство останува посветена на соработката со науката и ветеринарната професија и на унапредувањето на системот за здравствена заштита на животните и безбедност на храната, во функција на заштита на јавното здравје. „Да бидеме чекор пред ризиците, затоа што превенцијата денес значи сигурност утре.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook